четвртак, 1. новембар 2018.

„Штедиме и учиме за безбеден сообраќај“

Веќе неколку години нашето училиште учествува на конкурсот за цртање  во рамките  на „НЛБ Месецот на штедење“ на тема „Штедиме и учиме за безбеден сообраќај“. Овие активности се наменети за ученици на возраст од 5 до 15 години. Целта на овие активности е да се поттикнат децата да штедат, да ги споделат своите и да откријат нови идеи за штедење како и поттикнување на креативноста во ликовното  изразување.
По тој повод учениците од нашето училиште изработија голем број на  ликовни творби и земаа учество на конкурсот. Ликовните творби се вреднувани од познати ликовни уметници и оваа година од нашето училиште беа наградени двајца ученици и тоа Ена Хајровиќ од 2-а и Дарио Стојановски од 4-а одделение.
На покана од банката нашето училиште присуствување на изложбата на детските цртежи каде беа доделени и наградите за учениците. Двата ученика добија скромни подароци и парична награда од банката.


За учество во конкурсот на училиштето му беше врачена Благодарница. На свечената пригода присуствуваа одделенските наставници Билјана Тодоровска, Горица Станковска, директорот Елизабета Славковска, педагогот  Весна Рафеска, како и родителите на наградените ученици.


Училишен педагог Весна Рафеска.

Нема коментара:

Постави коментар