Во периодот од 8.10
-12.10.2018 година во нашето училиште се
одбележа Детската недела под мотото „ Детски права за иднина здрава “, со
низа активности од прво до петто одделение:
-Работилница – “Сакам
да растам здраво,па затоа имам право...” – изработка на апликации рачиња со своите права;
-“Дрво на убавите зборови”-пишување
на убави зборови на ,,срциња,,
-Детски права за иднина здрава-ликовно и
литературно творење
На 12.10.2018 година учениците од
прво одделение станаа членови на Детската организација. За таа цел беше
организирана и свечена приредба од страна на учениците од IIIa и IVa одделение и прочитана заклетвата.
Одговорни наставници: Елизабета
Младеновска и Горица Станковска
“ЗА СЕКОЕ
ДЕТСКО ПРАВО - ПО ЕДНО ГОЛЕМО БРАВО!”
Учениците од прво до петто одделение, од подрачното
училиште во населбата Пинтија под водство на нивните наставнички, ја одбележаа Неделата на детето, и со тоа се вклучија во
празничната, културна и едукативна прослава за Прием на првачињата во Детска
организација.
Кога се празнува, со песна и игра се другарува! Пишувавме
пораки за среќа, љубов, топлина и грижа за сите деца во светот, креативно се
изразувавме со бои, цртежи, рецитации, танцувавме, пеевме, се радувавме, празнувавме.
Највозбудени беа првачиња, кои со радост во очите и насмевки на лицата, го
дадоа свеченото ВЕТУВАЊЕ пред сите нас дека ќе бидат вредни, умни, послушни и
искрени и дека сите ќе се почитуваат и
сакаат. Наставничките имаа причина да бидат задоволни и исполнети од креативната
енергија, а одговорната наставничка Трајкоска Сузана беше инспирирана за
следните ученички активности.
Нема коментара:
Постави коментар