На 22.05.2018 г. по повод мулти-медијалниот хепенинг кој
се одржа во парк „Македонија“ под покровителство на Општина Кисела Вода, нашето
училиште зеде учество со ликовни активности и ритмичко-балетска точка. Ученичките
Ели Петреска и Софија Тодоровска вложија креативен труд, преку слободен мотив.
Беа изработени два портрета од кои едниот беше изработен со молив а другиот со
темперна боја.
Учениците од прво-б одд. се претставија со точката „Dream a dream“.
Заедно со останатите учесници од другите училишта се
создаде пријатна атмосфера на ученичко ниво. Крајните резултати беа одлични и
достоинствено го рефлектираат талентот на нашите млади ученици.
Барбарa Спасевска
Одделенски наставник
Елена Стојановска
Инклузивни работилници
Во текот на месец мај училишниот дефектолог Адријана
Кукоска реализираше инклузивни работилници со ученици со цел поголемо меѓусебно
почитување, прифаќање, дружење.
Со учениците потврдивме дека и покрај разликите кои
постојат помеѓу нас секогаш треба да се дружиме, почитуваме, помагаме и
прифаќаме онакви какви што сме.
Инклузивна работилница „Сите заедно се дружиме“
со I одделение
Секој ученик ја нацрта својата дланка, ја исече и на
истата нацрта нешто карактеристично за него. Потврдивме дека покрај тоа што
изработките ни се слични сепак секоја дланка е специфична, посебна и
единствена, но и дека без разлика каква дланка имаме ние секогаш ќе се дружиме!
Инклузивна работилница „Сите заедно се
дружиме“ со III одделение
Учениците беа поделени во групи и одговараа на дадени
прашања од предходно прочитан текст, одговорите ги презентираа и ги објаснуваа,
секоја група нацрта цртеж карактерисичен за нивниот дел. Дојдовме до заклучок
дека колку и да се трудиме да бидеме како другите, тоа не можеме да го
постигнеме. Треба да сме горди на тоа што сме и секогаш да ги почитуваме
различните!
Инклузивна работилница „Сите заедно се
дружиме“ со VIII одделение
Учениците имаа задача даден проблем од секојдневниот
живот да го решат онака како што тие мислат дека е најправилно. Секоја група го
презентираше дадениот проблем и решението за истиот. По отворената дискусија
заклучивме дека треба да имаме еднаков однос кон другите без разлика на
разликите и сличностите и дека треба сите подеднакво да ги почитуваме!