На 13.02.2018г. (вторник) нашето училиште гостуваше во МТВ во детската
емисија “Голем одмор”.
Учесници беа ученици од осмо и девето одделение.Темата беше спорт, па затоа
учествуваа ученици кои се вклучени во спортовите одбојка, кошарка и фудбал. Во оваа емисија нашето училиште учествуваше заедно со уште неколку
училишта од општина Кисела Вода. Со елементарна техника на
жонглирање со топка се претстави нашиот соученик Рамиз Беровиќ кој поседува талент за фудбал. Се дискутираше за здравиот живот кој треба да го водат спортистите и за секојдневната здрава исхрана.
Нема коментара:
Постави коментар