Согласно Годишното планирање за оваа учебна година 2017/2018год беше
реализиран меѓуодделенски Квиз-натпревар по македонски јазик, на тема ,,Лични
заменки“. Квиз-натпреварот се реализираше помеѓу учениците од четвртите одделенија IV-а, IV-б и IV-в одд.
Секое одделение го претставуваа по пет ученика, а од нашето IV–б одд. претставници беа: Сара Ибровиќ, Марко Маркоски, Тарик Нумановиќ,
Милена Крстевска и Амина Омеровиќ.
Правилата за натпреварот
беа следни: секоја група од одделението влечеше по едно прашање и истиот
даваше одговор, а за секој точен одговор добиваа по еден поен-ѕвездичка.
По три круга прашања се доби и победникот. Односно со освоени 10 ѕвездички
победи IV–в одд, со освоено второ место и 9 ѕвездички IV–б одд. и на трето место со освоени
4 ѕвездички беше IV–а одд.
Актив четврто одделение: Мануела Маркоска, Билјана Христовска, Весна
Милановска, Цветанка Гајдовска
Нема коментара:
Постави коментар