По повод есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина” на 30.11.2015г. во ООУ,,РајкоЖинзифов“-н.
Драчево беше изведена акција на засадување на дрвца.
Во акцијата беа засадени дваесетина
млади борови садници како и
4 листопадни дрва. Садниците беа засадени во училишниот двор на слободни површини како
и на местата од исушените борчиња.
Во засадување на подарените садници од Општината Кисела Вода учествуваа
ученици од VIIIoдд. , а грижата за
садниците ќе биде одговорност на сите со
цел издигање на повисоко ниво на еколошката свест кај учениците која во иднина ќе биде секојдневие за
поквалитетно живеење.
На 02.12.2015г. беа изведени активности според добиените насоки:
учениците од одделенска настава (I-VIодд.) работеа на уредување на училниците и на
различни активности на тема екологија, а останатите ученици работеа на
уредување на училишниот двор, а исто така дел од нив беа вклучени во
планираните активности на општинско ниво во блиската околина на населбата.
На истата дата и во подрачното училиште
на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Пинтија се одржа работна акција во рамките
на денот на дрвото.
Учениците од шесто до деветто одделение заедно
со одделенските раководители како и неколку предметни наставници учествуваа во
групно чистење на училишниот двор . Акцијата започна во 8.00 и траеше до 10.00 часот.
Расположение и пријатна атмосфера беа дел од овој настан како и желба да се
направи нешто убаво што ќе биде општо корисно.
Нема коментара:
Постави коментар