На 08.04.2015г. во холот на нашето училиште
се реализираше Пролетниот велигденски хепенинг. Одговорни
наставници беа Татјана Трпеска од одделенска настава и Наталија Делева од предметна
настава. Учество земаа сите одделенски раководители со своите ученици.
Низ повеќе форми за известување учениците
и родителите беа запознаени со реализацијата на оваа активност. Прво одделенските
раководители заедно со родителите и учениците реализираа работилници за
изработка на пролетни и велигденски сувенири.
При
изработката на сувенирите најчесто се користеше материјал за рециклирање со цел
поттикнување на еколошката свест кај учениците. Низ сите изработки можеше да се
забележи креативноста на учениците, наставниците и родителите.
Хепенигот имаше продажен карактер, а парите ќе бидат наменски
искористени за потребите на учениците и училиштето. Посетеноста беше голема
како од родителите на учениците така и од месното населиние.
Училишен педагод Весна Рафеска
14.04.2015 година
Нема коментара:
Постави коментар