На 11.12 2014 година
(четврток) учениците од одделенска настава од нашето училиште имаа можност да
учествуваат во едукативна интерактивна презентација „Селектираме и рециклираме
со Пакомак“.
Точно
во 8.00 часот 3D ЕКОБУСОТ беше
паркиран во дворот на училиштето. Сите
ученици од прво до петто одделение во неколку групи имаа можност да ја
проследат интерактивната видео презентација и да учествуваат во едукативниот квиз.
Учениците имаа можност
да се запознаат со популарниот ТВ водител „Ивце-Пивце“ кој на
мошне интересен начин ги насочи
учениците во ЕКО содржините. Се разговараше за тоа каква животна средина
посакуваме да имаме и што треба да сториме за да имаме уште почиста животна
средина.
Преку интересна видео
приказна учениците се запознаа на кој начин да ги селектираат отпадоците кои
потоа ќе бидат рециклирани и од нив ќе се добијат корисни производи. Видео-приказната
беше проследена со помош на 3D очила што кај учениците предизвика
воодушевување.
На мошне интересен начин
учениците научија отпадоците да ги селектираат според бојата: жолта боја -
пластика и лименки, сина боја- хартија и зелена боја - стакло.
Со помош на електронски
далечински управувачи учениците имаа можност да учествуваат во едукативен
натпреварувачки квиз со цел развивање на
повисока еколошка свест за зачувување на животната средина. Учениците играа, се
натпреваруваа, учеа и навиваа.
На крај секој ученик доби скромен
подарок од Пакомак.
За цело време на лицата на сите
ученици можеше да се забележи воодушевување и задоволство.
Нема коментара:
Постави коментар