Реализирана
заедничка активност со партнерското училиште
ЦОУ „Алија Авдовиќ“ с. Батинци
Согласно годишното планирање од проектот за Меѓуетничка интеграција во
образованието планираната заедничка активност ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ со партнерското училиште „Алија Авдовиќ“ од село
Батинци, се реализираше на ден 20.11. 2014 г (четврток) со почеток во 10.00
часот. Заедничката активност се реализираше во новоизградениот објект на
училиштето „Рајко Жинзифов“ во н. Драчево.
Пред реализацијата на
активноста претходеше договорна средба на наставниците на која се дефинираа
бројноста на децата балансирана по пол и
по националност. Во активноста беа вклучени по десет ученици од двете училишта,
а за време на активноста се зборуваше на наставните јазици на кои учат
учениците т.е. на македонски и албански јазик. Покрај
предметните наставници во активноста се вклучија и други членови од тимот за
МИО и тоа Јорданка Р. училишен психолог,
Сејхан Л. училишен психолог и Софија Л. одделенски наставник.
Пред започнувањето на
ликовната работилница во холот на училиштето беа спроведени игровни активности
со цел запознавање и создавање на опуштена атмосфера.
По пат на влечење учениците беа поделени во мешани групи и добија
напатствија за работа. На хамер
учениците имаа за задача ликовно да се изразуваат и да создадат заеднички
цртеж. За време на работата учениците имаа можност да соработуваат, да
комуницираат и непосредно учеа едни за
други.
За одредено време учениците заеднички создадоа ликовни творби на кои со
задоволство си ги испишаа своите имиња на својот мајчин јазик и истите ќе бидат
поставени во холовите на двете училишта.
Целата активност мина во релаксирана работна атмосфера, а на лицата на
учениците можеше да се забележи задоволство и восхит од изработените ликовни
творби.
Нема коментара:
Постави коментар