четвртак, 30. децембар 2021.

Донација од Народна Република Кина

 

      На 29. 12. 2021г. нашето училиште, кое е цолосна донација од Н.Р. Кина, доби донација од 12 таблети кои ќе помогнат во изведувањето на наставата. Истите ни беа врачени лично од амбасдорот на Народна Република Кина, неговата екселенција Џанг Ѕуо.

    На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода г-дин Орце Ѓорѓиевски. Амбасадорот и градоначалникот заедо го разгледаа училиштето, како и спортската сала, која исто така е донирана од Н.Р. Кина и воедно поразговараа и се договорија за сферите во кои постојат можности за унапредување на соработката.






уторак, 28. децембар 2021.

Работилница на тема „Огледалце, огледалце мое...“

 

   На 23.12.2021г. беше одржана работилница на тема „Огледалце, огледалце мое...“ со учениците од V - г одделение. Реализатори на работилницата се одделенскиот наставник Кети Сталеска и училишниот психолог Бранка Б. Стојковиќ.

     Цели на работилницата:

- Секој ученик да ги препознае своите јаки и слаби страни;

- Да ги научи учениците дека самодовербата и сигурноста во себе се важни за постигнувањата во животот;

- Учениците да научат да ги идентификуваат своите потенцијали.

Работилницата се одржа за време на часот по одделенска заедница.       

   Сите ученици активно учествуваа во работилницата. За време на процесот на рефлексија од работилницита, учениците споделија како се чувствуваат, што треба да прават за да се подобрат и како овие сознанија можат да ги применат во секојдневниот живот.






понедељак, 20. децембар 2021.

УЧИЛИШЕН ПАРЛАМЕНТ

 

   На 16.12. 2021 година Училишниот парламент го одржа третиот по ред состанок и на истиот присуствуваа и учениците од подрачното училиште.

 На состанокот покрај вообичаените точки на дневен ред се реализираа и презентации на темите „Булинг“ и „Сајбер насилство“.

   За Булингот – меѓуврсничото насилство како негативна појава општо меѓу младите зборуваше психологот на училиштето Бранка Б. Стојковиќ која преку презентација  го објаснуваше поимот булинг, видовите булинг и препознавање на истиот.  Целта на предавањето беше подигнување на свеста кај учениците за последиците од меѓуврсничкото насилство, како директни учесници и како индиректни набљудувачи.

  За Сајбер насилството, како насилство преку електронски средства, зборуваше педагогот на училиштето Весна Рафеска. Сајбер насилството е реален проблем на денешницата, а жртва може да биде секој. Предавањето содржеше информациии за формите на сајбернасилството и совети за спречување на  истото.

  На крајот од средбата учениците членови на Училишниот парламент заеднички ја накитија новогодишната елка со пораки за многу здравје, успеси и среќа во Новата 2022 година.

                                                                                 Стручни соработници






уторак, 14. децембар 2021.

ТЕХНИКИ ЗА УСПЕШНО УЧЕЊЕ

 

Согласно годишните планирања на стручните соработници педагог и психолог во текот на месеците октомври/ноември 2021 г. во  сите шести одделенија во централното  и подрачното училиште беа реализирани по две работилници со презентација на тема „Техники за успешно учење“. Работилниците имаат интерактивен карактер, а на крајот од работиницата секој ученик доби флаер со содржина од презентацијата.

 Цел на работилницата: кај учениците да се развијат вештини за самостојно учење, да умеат да го препознаат сопствениот начин/стил на учење и „да научат како да учат“.

                                                                Стручни соработници

 

  







понедељак, 13. децембар 2021.

Изработка на брошура за Македонија, повторување за туризам (отворен час)

 


Согласно планирањата на годишната програма за V одделение и активот на одделенска настава на 10.12.2021г. (петок) во V-г одд. е одржан отворен час по општество, наставна цел – Изработка на брошура за Македонија (повторување за туризмот во Македонија). Со учениците со помош на интерактивна презентација за туризмот и за природните убавини и историските локалитети во Македонија учениците се запознаа и ги проширија сознанијата за природните блага и историските богатства на нашата татковина. Со техниката бура на идеи ги заокруживме важните сегмените од туризмот како терцијална стопанска гранка и можностите за негов развој во Македонија. Во главниот дел од часот учениците низ играта „Јас сум туристички агент“ имаа задача да изработат брошура по дадени насоки со која ќе ги запознаат идните можни туристи и ќе ги популаризираат локалитетите во Македонија. Откако ги изработија брошурите, истите ги презентираа. Учениците беа задоволни од активностите и имаа можност да ги искажат стекнатите знаења за природните особености и историските локалитети на Македонија, но и да истражуваат и да разменат различни информации.

На овој час присуствуваа наставниците Богданка Пановска и Елена Ристевска. Користените материјали за текот на часот се споделени со активот на одделенска настава и педагошката служба на училиштето.

Часот го реализираше одделенскиот наставник: Кети Сталеска




четвртак, 9. децембар 2021.

Чествување на 8 Декември, Св.Климент Охридски

 


      Со изработка на паноа и творби  и оваа година учениците го чествуваа 8 Декември, денот на Св.Климент Охридски, најдобриот ученик и следбеник на просветителската дејност на Кирил и Методиј. За неговиот живот и дејност  како и за основањето на Охридската книжевна школа беше прочитан реферат на училишната разгласна станица. Учениците работеа под менторство на предметните наставници по македонски јазик.




уторак, 7. децембар 2021.

Литературен државен конкурс на прозни и поетски творби

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, Министерството за образование и наука  организираше литературен државен конкурс  на прозни и поетски творби до сите основни училишта во чест на неговото творештво.

Ученикот  Матеј Колигов од 8-б одделение се здоби со прва награда за најдобра поетска творба „Поезијата на Блаже Конески“, под менторство на наставничката по македонски јазик Љуба Мишевска. Наградата од комплет книги посветени на Блаже Конески и пофалница, беше подигната на 29.11.2021 година.





уторак, 30. новембар 2021.

Наградени ученици од литературен конкурс

 

По повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Министерството за образование и наука организираше конкурс за ученици од основното образование инспирирани од неговите дела. Меѓу избраните победници беа и два ученика од нашето училиште: Матеј Колигов – осмо одделение и Никола Арсовски - шесто одделение. Тие присуствуваа на настанот организиран за оваа цел, а при тоа министерката за образование и наука Мила Царовска им додели симболични награди.

Во прилог, фотографии и линк од настанот: https://mon.gov.mk/content/?id=4391




Отворен час со интегрирани цели од два наставни предмета

     На 26.11.2021 се одржа отворен час со интегрирани цели од два наставни предмети: македонски и француски јазик во 9-а одделение. Темата на часот што наставниците по француски и македонски јазик (Анета Ѓуровска-Арсовска и Каролина Коларовска) ја презентираа, беше удвоен директен и индиректен предмет во македонскиот јазик и меѓујазичната споредба на оваа граматичка содржина во францускиот јазик. Воведниот дел беше реализиран со помош на мултимедијалната алатка „Ментиметер“, главниот дел со „Prezi“ презентација, а завршниот дел беше проследен со квиз-вежба на www.wordwall.net. 






понедељак, 29. новембар 2021.

Прием на учениците во Подмладокот на Црвениот крст

 

На 26.11.2021 година учениците го одбележаа приемот во Подмладокот на Црвениот крст. За таа цел беа организирани активности од страна на одделенските наставници од I одделение, а реализирани од учениците кои изработија плакати на тема „ Капка крв, спасува живот“ , а исто така изработија и знаменца на Црвениот крст.

Учениците од првите одделенија проследија и неколку песнички и драматизација подготвени од учениците од V б одделение и нивната наставничка Елена Стојановска. На крајот ветија дека ќе бидат хумани и ќе помагаат на сите оние на кои им е потребна помош.

                        Одделенски наставник  : Весна Стевановска



четвртак, 25. новембар 2021.

Обука на тема „БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА РБОТНОТО МЕСТО“

   На 25. 11. 2021 година, во два термина – од 9,30 и 13,30 часот, за вработените во нашето училиште беше одржана онлајн обука од страна на агенцијата „ПРОИСК – безбедност и здравје при работа“.

   Во текот на обуката бевме запознаени со: целите на безбедноста и здравјето при работа, правните и организациски аспекти на организацијата на безбедноста при работа во работната организација, правата и обврските на работниците за истото, мерки, услови, средства и начини на заштита при работа и слично.

 По завршување на обуката секој вработен беше тестиран преку соодветен тест за соодветно работно место, претходно доставен од организаторот на обуката.



уторак, 23. новембар 2021.

Го уредуваме училишниот двор

На 22.11.2021г. (понеделник), учениците од V, VI, VII, VIII и IX oд подрачното училиште во Пинтија заедно со одделенскиот наставник Кети Сталеска и предметната наставничка Ленче Танушевска се договорија да го уредат училишниот двор со засадување цвеќиња кои ги донираа. За почеток поголемите ученици успешно ги зацврстија донираните гуми од родителите на ученикот Јован Корубин од Vг одделение и обезбедија почва во нив. Потоа помалите ученици ги засадија цвеќињата во скалата од гуми. Откако успешно заврши мисијата се направија неколку фотографии кои ќе не потсетуваат на оваа активност. Убавое да се засадуваат цвеќиња и да се учиме да се гружиме за околината, но уште поубаво е да научиме да го чуваме и негуваме она што сме го направиле. Сега останува да чекаме со нетрпение цвеќињата да пораснат и на пролет да ни го разубават уште повеќе училишниот двор.

Одговорни наставници: Кети Сталеска и Ленче Танушевска







Кино во училница

    По повод светскиот ден за превенција од насилство врз децата кој се одбележува на 19 и 20 ноември, познат како Светскиот ден на детето, одделенскиот наставник Кети Сталеска во соработка со преставник од филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони“ организираше кино проекција во училница. Опремата беше поставена од преставникот на филмското здружение додека учениците се одмараа во училишниот двор, поради пандемијата и строго се внимаваше да не се случи било каков контакт. На учениците од Vг им се даде можност да бираат помеѓу два детски филма. Беше одбран филмот „Последниот бенд“, во кој главната улога ја толкуваше деветгодишно девојче кое се соочува неприфатеност од врсниците поради нејзиниот талент кон музиката. Таа заедно со уште неколку момчиња формираа бенд со кој победија на еден важен натпревар за идни музичари. Учениците од Vг беа видно задоволни од проекцијата на овој европски детски филм и можноста да се чувствуваат како да се во кино. Освен што се запознаа со филмот како седма уметност и медиумска култура, тие научија и дека треба да ги развиваат своите таленти, да не подлегнуваат под туѓи коментари и потсмевања од врсниците и да се борат за своите соништа.

                                               Одговорен наставник: Кети Сталеска






Народна банка на Република Северна Македонија и учениците

          На  19.11.2021 година се одржа линковско поврзување на платформата Тимс со Народна банка на Република Северна Македонија и учениците од IIIб -  одделенски раководител Мануела Маркоска и IVа - одделенски раководител Маја Атанасовска Спасеска. Презентација ја водеше м-р Кристина Павлеска Помошник на гувернерот за финансиска едукација. Учениците беа активно вклучени во презентирањето од страна на стручното лице кое го водеше настанот, поставувајќи прашања и покажаа голема заинтересираност. Со тоа се збогати знаењето за парите кои учениците ќе го применат во математиката во темата монети и банкноти.

    Теми опфатени во презентацијата беа:

1. Каде се наоѓа Народната банка и што претставува?

2. Што се пари и зошто се користат?

3. Какви пари постојат?

4. Од кога се воведени македонските денари?

5. Каде и како се прават македонските денари?

6. Дали можеме да направиме денари колку што сакаме?

7. Кои се обележјата на нашите пари?

8. Зошто треба да се штеди?

9. Дали во Народната банка може да се штеди?

10. Која е разликата помеѓу Народната банка и комерцијалните банки?

 

Одговорни наставници: Маја Атанасовска Спасеска, Мануела Маркоска






уторак, 16. новембар 2021.

16 Ноември - Денот на толеранција

 

   На 16.11.2021г. по повод Денот на толеранција  беше одржана работилница  на тема „Колку сме толерантни?“ со учениците од  IV одделение. Реализатори на  работилницата се училишниот педагог и психолог. Оваа работилница имаше за цел да ги научи учениците за значењето на толеранцијата во секојдневниот живот, градење на взаемна доверба, меѓусебно почитување и прифаќање на различностите. Работилницата се одржа во рамките на еден училишен час, каде сите ученици активно учествуваа со својата комуникативност и креативност.

Психолог БранкаБ. Стојковиќ




Отворен ден по граѓанско образование на тема: „ И јас сум дете, и јас имам прааво – деца без државјанство, деца фантоми


Денес на 16 ноември 2021 г, со почеток во 12 часот беше одржан третиот по ред Отворен ден по граѓанско образование, овој пат во просториите на нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Тема за оваа година беа децата „фантоми“ или „невидливите“ деца како уште се нарекуваат во општеството. Децата кои немаат матичен број, ни државјанство и формално не постојат во нашата држава.

За овој настан инспирација беше случајот со потресната  приказна на матурантот Тони Сали, дете „фантом“ кое прерано го изгуби својот живот и кој не дочека да биде запишан во матичната книга на родени.

На оваа тема говореа учениците од IX одделение, Марија Костадиновска, Теона Арсовска и Леа Петрушевска. Настанот го збогати нашиот гостин, Александра Ефремова од Македонското здружение на млади правници, која се вклучи on-line преку платформата ZOOM и се обрати со кратко предавање и со можност учениците да поставуваат прашања поврзани со темата..

Во подготовката на настанот покрај учениците од IX оддeление, под раководство на наставничката по граѓанско образование, Валентина Јанкоска, поддршка дадоа и педагогот Весна Рафеска, психологот Бранка Стојковиќ, како и директорот на училиштето, Љубица Наумовска.








Воннаставна активност:

Изработка на пано - Цели за одржлив развој

 

          На 11 ноември 2021г. во паралелката 2-а беше реализирана воннаставна активност со учениците: ,,Развиваме свест за пошироката заедница и планетата Земја“. Целта на оваа активност беше кај учениците да се доловат Целите за одржлив развој на еден поедноставен начин сè со цел учениците да разберат дека е важно да се почитува нашата планета Земја и да се стремиме ние како наставници да влијаеме во тоа. Со учениците се разговараше за тоа дека во светот постојат неправди од различен вид  и за истото направивме и некои пораки како на пример  „Свет без глад“, „Да нема поделби“. Истите тие пораки беа ставени на нашето пано и истакнати во холот на нашето училиште. Учениците на крајот ги збогатија своите знаења и истите ги проширија со нови.

                       Одделенски раководител: Татјана Трпеска












Воннаставна активност:

 Учиме за почва

 

          На 09 ноември 2021г. во 2-а одд. беше реализирана интересна активност за учениците. Тие практично, преку експеримент, осознаа за составот односно профилот на почвата.  Активноста имаше неколку фази на подготовка и реализација. Со големо задоволство тие сами секој посебно во надворешни услови го реализираа овој проект од Еко Логик – граѓанско здружение, кое се занимава со заштита на животната средина, како и со следење и промоција на целите за одржлив развој на пошироко ниво. Сите активности се адаптирани на возрасните групи за кои тие се наменети. Така и оваа беше соодветно испланирана и реализирана исто така. Учениците со големо задоволство ги реализираат ваквите воннаставни содржини а тоа нам како наставници, ни дава за право истите да ги реализираме во целост, како планираните така и оние кои се случуваат тековно во даден период. До следното видување ви праќаме некои од фотографиите од реализирањето на оваа активност.

                           Наставник реализатор: Татјана Трпеска