четвртак, 24. децембар 2020.

Еко работилница „Биди in, користи recycle bin“ со партнер училиштето „Алија Авдовиќ“ с. Батинци.

 Заедничка работилница од проектот Меѓуетничка интеграција на младите во образованието

 Еко работилница „Биди in, користи recycle bin со партнер училиштето „Алија Авдовиќ“ с. Батинци.


На 18.12.2020 година се одржа еко работилница со  партнер училиштето од с.Батинци „Алија Авдовиќ“ преку online средба на Тимс.

На работилницата учествуваа ученици од трето одделение, во присуство на стручната служба од училиштето и директорот на училиштето.

На работилницата беа презентирани финалните продукти кои беа изработени од учениците. Секое дете се произнесе за својата изработка: од што е направена, кои материјали се употребени, која е намената на добиениот предмет. Учениците заклучија дека со помош на рециклирањето како процес можеме многу да придонесеме за зачувување на планетата Земја и сортирање на отпадот.

Беше употребена и IT- алатка WORDART преку која учениците ги искажаа своите мислења за зборот рециклирање.

Средбата заврши со желби за понатамошна соработка.

                                                                 Одговорен наставник: Маја Атанасовска Спасеска




петак, 18. децембар 2020.

Заедничка работилница „Ботаничка градина“ од проектот МИМО - Меѓуетничка интеграција на младите во образованието

 

На 16.12. 2020 година  се одржа работилница: „Ботаничка градина“ со партнер училиштето „Алија Авдовиќ“ од с. Батинци преку online средба на Тимс.

На работилницата учествуваа одделенскиот наставник Елена Стојановска, ученици од четврто одделение, во присуство на стручната служба од училиштето и директорот на училиштето. Преку презентација учениците се запознаа со различните видови локални растенија и нивните животни средини, делови на растението и нивната функција, условите за живот на растенијата, значењето на растенијата за нас луѓето.

Учениците добија насоки за работа. Да изработат творби на растенија од природни и вештачки материјали.

Работилницата заврши со презентирање на творбите на учениците и со квиз - Растенија.

                                                             Одговорен наставник: Софија Лукровска



среда, 16. децембар 2020.

Отворен ден по граѓанско образование

 


На 15.12.2020 година, со почеток од 18 часот, се одржа вториот Отворен ден по граѓанско образование, овој пат во онлајн издание, кој беше одбележан од страна на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населба Драчево. Темата за оваа година беше „Сајбер насилство“ - предизвик на модерното доба, закана за сите млади генерации кои голем дел од своето слободно време го поминуваат другарувајќи „онлајн“.

Под мотото „И сајбер насилството е насилство“ имавме можност да ги чуеме искуства од осум ученика кои несебично споделија што значи да се биде жртва на сајбернасилство и какви се последиците од истото. Настанот го збогати и краткото предавање од страна на гостинот предавач, м-р Вилдан Дрпљанин, правник од Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој објасни што претставува сајбер насилството, како да се заштитиме од потенцијално сајбер насилство, како и што може да се преземе во случај да станаме жртви на семејно насилство.

Настанот беше модериран од страна на ученикот Никола Дескоски, ученички правобранител во училиштето, кој и самиот изрази подготвеност да им помогне на учениците во борбата со сајбернасилството, како и во заштитата на нивните права. Во настанот се вклучија поголем број ученици, наставници, родители и претставници за образование од Општина Кисела Вода.

Во подготовката и реализацијата на настанот учествуваа учениците од деветто одделение, под раководство на наставничката по граѓанско образование Валентина Јанкоска, а со голема поддршка од страна на педагогот Весна Рафеска и директорот на училиштето Љубица Наумовска.

Во рамки на Отворениот ден, на тема „Сајбер насилство“ учениците изработија и кратка информативна брошура која е наменета пред сè за учениците од основно образование, а која е постојано достапна за сите на веб страницата на училиштето на следниот линк: 

https://sites.google.com/site/rajkozinzifov/novosti/otvorendenpograganskoobrazovanie-1



 



РЕАЛИЗИРАНА РАБОТИЛНИЦА:

МОЈОТ НАРОД ИМА ТРАДИЦИЈА И МИНАТО

 

ВИРТУЕЛНА УЧИЛНИЦА - M.TEAMS   одржана на 15.12.2020

 

Проект МИМО кој е во соработка со ООУ Рајко Жинзифов“- нас.

Драчево и OУ„ Алија Авдовиќ“- с. Батинци

Учество на двата тима на ученици од двете училишта

V одделение – координирани од страна на Ирена Ѓоршевска и Хатиџе Мустафа

 

Воведна активност

           Пред започнувањето на online работилница следеше меѓусебно запознавање на учениците и создавање на опуштена атмосфера за работа.

Играта ја започна еден ученик кој се претстави, а завршуви  кога сите ученици не се претставија.

           Потоа се разговараше за нашата татковина, за нејзиното минато и традицијата на народите кои живеат во неа. Се читаше за минатото и традицијата на народот кој живее во РСМ, се потавуваа прашања, а потоа прашањата се одговараат на двата јазика (македонски и албански).

 

Главна активност

Учениците самостојно изаботуваа презентации во PowerPoint   при што се почитуваат дадени  критериуми. 

Презентациите се однесуваа за поголемите цркви и манастири  – Марков манастир, Св. Јован Бигорски, Јоаким Осоговски, значајни цркви во Охрид – Св. Канео, Св Богородица, Плаошник, Св Софија, поголемите верски објекти на двете религии и традиционалните јадења на двете религии, народните носии и традиционалните инструменти на двете религии.

Во текот на целата активност наставниците на учениците им поставуваа прашања, ги насочуваат  и по потреба им помагаа. За време на работата учениците соработуваа,  се договараа,  дискутираа и непосредно  учеа едни од други.

Додека траеше работилница се зборуваше на двата наставни јазика. За одредено време учениците ги изработија дадените презентации.

 

Завршна активност

          Откако учениците завршија ги презентираа нивните изработени трудови – презентации на двата јазика (македонски и албански) при што меѓусебно се запознаа со обичаите, верските објекти, народните носии и инструменти и традиционалните јадења  на двете религии. Во текот на презентацијата останатите ученици  можеа да поставуваат прашања.



петак, 11. децембар 2020.

Заедничка работилница од проектот Меѓуетничка интеграција на младите во образованието

 

   Еко работилница „Биди ин, користи recycle bin со партнер училиштето „Алија Авдовиќ“- с. Батинци.

   На 11.12.2020 година се одржа еко работилница со  партнер училиштето од с. Батинци „Алија Авдовиќ“ преку онлине средба на Тимс.

На работилницата учествуваа ученици од трето одделение, во присуство на стручната служба од училиштето и директорот на училиштето. Преку презентација учениците се запознаа со рециклирањето како процес, што може ние да направиме во врска со сортирање и собирање на отпад.

Учениците добија напатствија за работа да креираат и да изработат предмети од стара хартија, пластични шишиња, капачиња, лажичиња , стари CD-а.

Работилницата заврши со договор за следно видување и презентација на изработките на децата.

                                             Одговорен наставник Маја Атанасовска Спасеска






четвртак, 10. децембар 2020.

УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ

      На самиот почеток на учебната 2020/2021 година во рамките на секоја паралелка на демократски начин се избираат претседател и заменик претседател во паралката. Учениците избрани во паралелките од I до IX одделение се членови на Ученичкиот парламент. Членовите на Ученичкиот парламент на првоит состанок  беа повикани од директорот на училиштето Љубица Наумовска, кој  се одржа online на  платформата TEAMS.

На состанокот беа прецизирани  Критериумите за избор на Претседателство на УП како и членови во Училишниот одбор. Изборот на претседателството ќе се реализира преку тајно електронско гласање.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ:

·                     да се поттикнува и развива кај учениците смисла за иницијатива, согледување, поставување и решавање на заедничките проблеми во својата средина;

·                     да придонесува за развивање и негување на другарски однос меѓу учениците;

·                     да се потикнуваат учениците да го чуваат угледот на училиштето, да го одржуваат редот и дисциплината во него, почитување на куќниот ред на училиштето;

·                     да се развива свест за постојана соработка со наставниот кадар во училиштето;

·                     да придонесува во организирањето и спроведувањето на културно-забавни и рекреативно спортски активности;

·                     поттикнување, организирање и реализирање на активности од хуман карактер, еколошки активности и општествено корисна работа.



среда, 9. децембар 2020.

Меѓуетничка интеграција на младите во образованието - МИМО

 

        И оваа учебна година училиштето продолжува со реализација на проектот Меѓуетничка интеграција на младите во образованието - МИМО, вклучувајќо ги сите сите ученици подеднакво, со цел задоволување на нивните потреби и индивидуални разлики. За таа цел согласно предвидените активности од Годишната програма продолжува соработката со партнер- училиштето од с. Батинци „Алија Авдовиќ“ каде наставата се изведува на албански наставен јазик.

      На пчетокот на декември 2020 г. беше одржан online состанок на тимовите од двете училишта  со цел дефинирање на целите на работилниците  како и термините за реализација на долгорочните и кратрочните заеднички активности. Со оглед на новонастаната ситуација со  пандемијата од Ковид 19,   планираните заеднички активности ќе се преадаптираат за реализција преку online форма и истите ќе се реализираат до крајот на декември 2020 година.

        Согласно годишното планирање за реализација на МИО активности ќе се реализираат следните заеднички работиници:

1.      „Мојот крај има минато и традиција“ со ученици од петто одделение;

2.      ЕКО работилница: „Биди ин користи recyclebin“ со ученици од трето одделение;

3.      „Ботаничка работилница“ со ученици од четврто одделение и

4.      „Ликовна работилница“ со ученици од шесто и седмо одделение.

                                                                                       Координатор на проектот: Весна Рафеска



понедељак, 7. децембар 2020.

Свети Климент Охридски

 

Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.

Токму во негова чест твореа учениците од литературната секција од подрачното и централното училиште, под менторство на наставничката по македонски јазик Елена Ристевска.








Дел од ученичките творби се објавени во весникот „Нова Македонија“, како во печатена форма така и во интернет изданието на следнава адреса:
https://www.novamakedonija.com.mk/prilozi/kolibri/%D0%BA%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BA%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%83%D1%87%D0%B5/




четвртак, 3. децембар 2020.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

      Во чест на 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост, училишниот дефектолог Адријана Кукоска го одбележа со инклузивни работилници „Ги почитувам различностите“ со физичко присуство со учениците од прво одделение  и на Тeams  со учениците од четврто и петто одделение. 


  

Одделенските наставници со своите ученици се приклучија кон одбележувањето со ликовно творење.





Учениците од предметна настава во рамки на училишниот проект „Убавините на различностите“ твореа ликовни и литературни творби на тема „Убавините на различностите - различностите го прават светот побогат“ од кои во ичилишната библиотека беше составена збирка, која денес ја промовиравме на Тeams и така го чествувавме овој ден за нас посебен!

Збирката можете да ја погледнете или превземете од училишниот Google drive: https://drive.google.com/drive/folders/1fo81pHFdt5g-cUmYPJ8bJKfb24fs8eXL  (во папката ЗБИРКИ-лични творби на ученици), како и од училишната веб страница: https://sites.google.com/site/rajkozinzifov/novosti/odbelezuvanena3dekemvrimegunarodniotdennalicatasopoprecenost


 


Дефектолог: Адријана Кукоска


Еколошка акција со проектот „Заедничка грижа за насочување на учениците“

 

Подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ од населба Пинтија продолжува да ги реализира предвидените еколошки активности и во услови на пандемија. Во соработка со родителот Сања Грујоска од II-д одд., а по програмата на проектот„Заедничка грижа за насочување на учениците“  беа подарени зимзелени дрвца кои беа засадени во училишниот двор. Во еколошката акција учествуваа некои од родителите од I, II и  III одд. и учениците кои следат настава со физичко присуство под водство на нивните наставнички: Ивана Илијоска Огњановска, Даниела Костадинова, Богданка Пановска и Кристина Никчевска. Задоволството на дечињата што беа дел од ваквата активност беше многу големо. Се радуваа на своите дрвца, ги полеваа и ветија дека ќе се грижат за нив. Акцијата беше успешно спроведена, а пред сè сметаме дека со тоа ќе ја подигнеме свеста и одговорноста кај сите нас. Сите да дадеме придонес да ја чуваме и заштитиме планетата Земја.

                                  Одд.наставник: Даниела Костадинова