Ученички парламент
Работилница на тема
,,Имам права но имам и должности (одговорности)“
На 22.11. 2019 година во нашето училиште беше реализиран
вториот состанок на членовите на Ученичкиот парламент, од второ до петто
одделение. На оваа средба присутна бea и
директорката на училиштето Љубица Наумовска, педагогот Весна Рафеска,
дефектологот Адријана Кукоска, одговорната наставничка Татјана Трпеска како и
сите претставници – ученици на своите паралелки.
Учениците за овој состанок беа информирани преку покани
кои им беа лично предадени.
На почетокот на учениците им се обрати директорката на
училиштето, Љубица Наумовска, која на
учениците им посака многу успех во
учењето како и во животот воопшто и им упати порака дека е важно секој ученик
да биде свој на свој начин, како и тоа да умее секогаш да си го искаже своето
мислење, а за што секако постои и Ученичкиот парламент
како дел од училишната средина во која учат и се формираат како личности сите
ученици!
Состанокот
продолжи со кратко потсетување на претходниот состанок и за текот на истиот, од
страна на педагогот на училиштето Весна Рафеска.
Преку
техниката ,,Бура на идеи“ учениците низ
повеќе примери изнесоа свои гледишта за овој поим, за кои
може да се каже дека беа исклучително оригинални.
Следеше
презентација на која низ повеќе од дваесеттина слајдови на учениците им беа
објаснети повеќе примери за права и одговорности, кои кај учениците побудија
значителен интерес. Вниманието на учениците беше на високо ниво, повеќе пати
низ разговор со нив, како и од давањето
на вистински одговори на поставените прашања.
Во следната фаза на состанокот на учениците им беа дадени
листови на кои требаше да објаснат , да нацртаат, да напишат едно или повеќе
права, а исто толку и одговорности. Беа поделени во 6 групи и откако им беше
поделен прибор за работа, учениците започнаа со работа.
На крајот од завршената работа сите групи презентираа
преку свој избран соученик од својата група и истите со ракоплескање беа
наградени .
Полни со убави чувства, позитивно расположени, горди од
успешно реализираната активност, со збогатени знаења учениците си отидоа во
своите кабинети.
Одговорен наставник: Татјана Трпеска