понедељак, 27. новембар 2017.

Професионален развој на наставниците

Според Годишната програма за работа на училиштето во текот на ноември со Активот на одделенска настава се реализираше интерна обука по математика: „Математика +“. Во присуство на поголем број одделенски наставници од страна на Весна Рафеска - педагог и Билјана Шоклевска одделенски наставник беа презентирани следните теми: Геометриски форми и тела, Собирање и одземање, Множење и делење и Текстуални задачи.                     

Покрај презентацијата наставниците имаа можност практично да ги применат презентираните техники/стратегии за полесно совладување на содржините по математика. Присутните наставници се изјаснија дека техниките се корисни и применливи и се надеваат дека ќе бидат интересни за децата и ќе усвојуваат знаења на интересен начин.

четвртак, 23. новембар 2017.

ГОСТУВАЊЕ ВО ЕМИСИЈАТА „ГОЛЕМ ОДМОР“ НА МТВ


На 22.11.2017год. (среда), учениците  од I до IX одд од нашето училиште гостуваа во емисијата ,,Голем одмор“ на МТВ со почеток во 10:30 часот и се претставија со богата пригодна програма на тема ,,5-ти Октомври –Денот на учителот“. Беа изведени драматизации, се прочитаа лични творби на англиски и француски јазик, како и богати  кореографии на  музички точки со малите ученици од одделенска настава.  Ученичката Каја Ристовска драматизираше монолог - ,,Сонував чуден сон“, а останатите ученици изведоа кореографија на песната ,,Сакам да сум свој“ авторска песна од наставникот Даме Коларовски. За што подобар впечаток на сцената, во соработка со родителите беа изработени и маски ,,марсовци“ и визуелниот ефект беше на завидно ниво.
Носители активноста беа наставниците Даме Коларовски, Јосипа Стефановска,  Магдалена Бадарова, Наталија Делева и Анета Ѓуровска, како и наставниците од одделенска настава Мануела Маркоска, Виолета Николин, Маја Атанасовска Спасеска и Валентина Димишкоска и наставниците од предметна настава.



уторак, 21. новембар 2017.

Вежба со учениците за симулација на евакуација при елементарни непогоди

Согласно препораката од Извештајот на интегралната евалуација на училиштето од 2.12-5.12.2014 год. и Програмата за заштита и спасување согласно Годишната програма за работа на училиштето за учебна 2017/2018 год. на ден 21.11. 2017 год. се изврши симулативна вежба за евакуација на учениците од елементарни непогоди.
Тимот за евакуација ги запозна наставниците со начинот и времето кога ќе се изврши вежбата. По ходниците беа поставени знаци-стрелки  за излез и скици за евакуација.
Во 8 и 45 мин. на тест знак ѕвоно поради симулативна елементарна непогода учениците излегоа од училниците предводени од своите наставници и брзо, без паника, по означените стрелки за најблискиот излез ја напуштија училишната зграда.
Во училишниот двор на отворен простор останаа сè додека не помина опасноста кои ја потврдија надлежните институции.
 Потоа повторно се вратија назад во своите училници.

Тим за евакуација:
Јовица Ефтовски
Горан Андреевски

Мануела Марковска





Работилница со ученици од I одделение  СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, А ЕДНАКВИ“


На 17.11. 2017година во просториите на подрачното училиште на ООУ Рајко Жинзифов во н. Пинтија се реализираше работилница под наслов „СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ, А ЕДНАКВИ“. Реализатори на работилницата беа училишниот дефектолог во соработка со одделенскиот наставник на I-г одделение - Кети Сталеска.
Учениците ги утврдија нивните знаења дека постојат разлики помеѓу нив и дека истите треба да ги прифаќаат, почитуваат  и меѓусебно да си помагаат.
Секој ученик направи отпечаток од својата рака кој потоа го залепи на голем хамер. Дојдовме до заклучок дека изработките ни се слични но секој отпечаток е специфичен и посебен односно дека сме сите ние различни и единствени . Учениците меѓусебно имаат многу работи по кои се разликуваат но и многу работи по кои се слични.            Посeбноста луѓето и нивната различност го прават светот поубав.
                                                                                                                              Изработиле
Дефектолог – Адријана Кукоска
  Одд. наставник Кети Сталеска 




СОРАБОТКА СО МТВ - ,,Изработки од хартија“

      Нашето училиште, односно учениците од IVа, IVб,  IVв и IIIв одделение добија покана од МТВ и Редакцијата за образовна програма, поточно  Радмила Гиевска, за снимање на образовни прилози  кои ќе се изработуваат од хартија- ,,Изработки од хартија“.
      Поканата со задоволство беше прифатена, беше информирана директорката и се премина кон подготовки за реализациа на оваа емисија.
      Одделенските  наставници имаа задача да го подготват  текстот кој што ќе го кажуваат учениците. Истиот беше поделен во три фази-ученици кои ќе го откријат поимот со една гатанка, потоа втората група ученици го  набројуваат  потребниот материјал кој ни е потребен за работа и на крај  третата група зборуваат за начинот-постапката за  изработка  на хартиените предмети. Подготовките течеа скоро две седмици, учениците се подготвија и на 9., 10. и 17.11.2017год. истите активности беа снимени во сопствените училници од паралелките. Со задоволство беше пречекана екипата од МТВ (тонец, светло, камерман и Радмила Гиевска). Учениците со голема возбуда ја  реализираа  оваа активност што навистина беше уште едно големо искуство и за нив, како да се однесуваат пред камера.
        На крај се заблагодаривме за укажаното внимание и се поздравивме со желба за повторна соработка.

                                                          Одговорни наставници:

Мануела Маркоска и Виолета Николин 






Учество на Конференцијата „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“

Директорот на училиштето Елизабета Славковска и дефектологот Адријана Кукоска учествуваа на Конференцијата „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ која се одржа на 01.11.2017г. од 10 часот во Музеј на македонската борба- Скопје. Конференцијата беше организирана од страна на Македонското научно здружение за аутизам во рамките на нивниот проект ESSP (еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство).
Оваа конференција имаше за цел подигнување на свеста за важноста за образованието на родителите на деца со аутизам и беше споделена работата и постигнувањето на ова поле од страна на домашни и странски експерти во овој домен кои воедно се и во ист проект-ESSP.
Свои предавања на семинарот имаа истакнати имиња и тоа:
-Проф. д-р Владимир Трајковски-Претседател на Македонско научно здружение за аутизам
-Зоран Гиев- родител на дете со аутизам
ТЕМА Перспектива од страна на македонските родители.
-Дејвид Прис- универзитетски професор од Нортхемптом
ТЕМА Проектот Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство
-Рон Фортуна-Таргет Аутизам
ТЕМА Позитивни пристапи-вовед во едукациската програма за родители
-Јулија Хардкасл-Аутизам Концерн
ТЕМА соработка помеѓу родителите
-Ангела Капер и Филип Јуроски
ТЕМА примери за позитивни пристапи-разбирање и спаравување со предизвикувашко однесување
-Јасмина Трошанска, Сања Агила Муноз, Нефи Дарден
ТЕМА Влијание на ESSIP прoграмата на семејствата.
По регистрацијата на учесниците на конференцијата, започнаа предавањата меѓу кои имаше две паузи, на крајот беа доделени сертификати за потврда на присуството.

                                                                         Дефектолог Адријана Кукоска



понедељак, 20. новембар 2017.

Тридневна екскурзија во Охрид

На 25.10.2017 година, 95 ученика од вкупно пет паралелки од деветто одделение од основното училиште ,,Рајко Жинзифов во 8 часот се упатија на тридневна екскурзија во Охрид. Прва посетена дестинација беше Могилата на паднатите борци во Прилеп, а потоа се упативме кон Битола, каде што еден час го поминавме во прошетка по Широк сокак. Во 17,30 часот пристигнавме во хотел Климетица во Охрид, каде што по сместувањето во хотелските соби и вечерата, се упативме на заедничко дружење во дискотеката Харем. Забавата траеше до дванаесет часот по полноќ, по што учениците се упатија во своите соби.
Вториот ден, по појадокот во 9 часот, се упативме во посета на неколку знаменитости во Охрид:  Заливот на коските, Св. Наум, црквите Св. Софија и Св. Јован Канео, а потоа, во попладневните часови и на двочасовна прошетка низ центарот на Охрид. Потоа се вративме во хотелот, од каде, по вечерата, повторно заминавме на забава во дискотеката Хемингвеј. По завршувањето на забавата, се вративме во хотелот на починка.
Третиот ден, по појадокот во 8 часот, се упативме на прошетка до Охридското езеро, а потоа се вративме на ручек и пакување за назад кон Скопје. Попатно, застанавме во Струга, каде го посетивме Природно-научниот музеј, а оттаму се упативме кон Вевчанските извори. Потоа продолживме на пат за Скопје, со попатно застанување и мал одмор на Стража. Некаде пред 21 часот пристигнавме во Скопје. Екскурзијата генерално помина во најдобар ред.

                                               Раководител на екскурзијата:
                                                                                        Тони Петрушевски                    

субота, 11. новембар 2017.

Промоција на книгата ,,Момчето на дождот“ од Ана Маркоска


На  25.10.2017г. (среда) во 12:00ч.  во Домот на градежниците - „Кочо Рацин“ во Скопје, беше промовирана книгата ,,Момчето на дождот“,  а нејзин  промотор беше писателот  за деца,  Горјан Петрески. Неколку ученици  од VIII-б одд,  III-в и од IV-б заедно со нивните наставнички Љубица Мишевска, Мануела Маркоска и Виолета Николин, беа поканети да присуствуваат на овој настан.
На промоцијата  беа прочитани дел од поетските творби на младата писателка, а учениците со задоволство слушаа. Се поведе дискусија, имаше интеракција со публиката, а најмалите посетители ѝ поставија прашања на писателката:
-„Што ѝ е најчеста инспирација за пишување?“,
-„Дали навистина се вљубила?“,
 -„Ликовите се измислени или навистина постојат во нејзиниот живот?“,...
 Промоцијата беше збогатена со изведби  на млада виолинистка. На крај имаше  позитивни коментари од присутните наставници, новинари, писатели, родители  и соученици.

После промоцијата имавме можност да си ја купиме книгата за во нашиата  лична  библиотека.


среда, 1. новембар 2017.

„Едукација за орално здравје на училишни деца“


Едукативна презентација
„Едукација за орално здравје на училишни деца“

Нашето училиште оваа учебна година имаше чест да биде вклучено во проектот на Министерството за здравство и ОРБИТ- „Национална стратегија за превенција за орални заболувања  кај деца од 0 до 14 години“. За таа цел на 27.10.2017г. со учениците од четврто одделение се реализираше едукативна  интерактивна презентација на тема „Едукација за орално здравје на училишни деца“. Едукативната работилница ја реализираа членовите на координативното тело, а присутни беа учениците од четврто одделение, одделенските наставници, психологот, педагогот на училиштето, како и директорот кој ги поздрави ваквите активности и посака плодна соработка и во иднина.
Учениците на еден непосреден начин преку модел на орална празнина  имаа можност да се запознаат со градбата и функцијата на оралната празнина. Беше посочено дека  со редовна хигиена и правилна исхрана секогаш ќе имаат сигурна насмевка. Секој ученик доби и по една едукативна сликовница за значењето на оралната празнина за целокупното здравје на човекот.
                                                                                       Училишен педагог
                                                                                 Весна Рафеска