четвртак, 25. јануар 2024.

eTwinning проекти во учебната 2023/2024 година

“Collect and create”                                                                         

Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Шпанија, Грција, Романија, Јордан

            eTwinning проектот “Collect and create”  има за цел да им овозможи на учениците од собрани и рециклирани материјали да креираат забавни игри со цел да ги зајакнат нивните мисловни вештини и комуникацијата во семејството и со пријателите играјќи ги овие игри. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки. Во проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,  8 а, б, в и 9 а одделение.

            Период за реализација на проектот е од октомври 2023 до мај 2024 година.

            Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, креирање на игри од рециклиран материјал, користење на  Web2.0 алатки за креирање на игри, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички,

Our Movies”                                 

Земји учеснички во преоектот: Македонија, Турција, Португалија, Полска, Хрватска

            eTwinning проектот “Our Movies”  има за цел да ги научи учениците за различни видови филмови, за луѓето кои се вклучени во процесот на креирање и снимање на филмовите. Учениците ќе можат да создадат свој филм, ке конструираат филмски лик за анимирана приказна. Исто така учениците ќе организираат и филмски фестивал во своите училишта. Ќе ги зајакнат своите креативни  вештини и меѓусебна комуникација со пријателите креирајќи сценарио. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки.

Во проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,  8 а, б, в и 9 а одделение.

            Период за реализација на проектот е од ноември 2023 до април 2024 година.

            Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, пишување сценарио, користење на  Web2.0 алатки за пишување сценарио, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички,       

Dive with dolphins”                                                                   

Земји учесници на проектот: Македонија, Турција, Италија, Грција, Шпанија, Хрватска, Србија, Полска

eTwinning проектот “Dive with dolphins”  има за цел да ги поттикне учениците да истражуваат за делфините нивните карактеристики и живеалиште. Училиштата ќе заклучат дека иако се на далечни и различни места во Европа, нивните карактеристики се многу слични и се корисни за да може делфинот да ги насели сите овие средини. Затоа имаме заедничка задача, да се грижиме за оваа средина за да може нашиот делфин да живее во неа. Ќе работиме на различни типови текстови: описи, презентации, информативни и експозитивни текстови, и усно и писмено. Со оглед на карактеристиките на учениците, по можност тие ќе бидат орални. Учениците ќе го именуваат делфинот и ќе „патуваат“ со него, знаејќи ги различните земји каде што ќе застане. На овие постојки ќе научиме за нивните плажи, како  да ги заштититиме и зачувуваме. Проектот исто така има за цел учениците да ги подобрат своите дигитални вештини користејќи Web2.0 алатки.

Во проектот се вклучени ученици од 6 а, б, в, 7 а,  8 а, б, в и 9 а одделение.

            Период за реализација на проектот е од декември 2023 до април 2024 година.

            Предвидени активности кои ќе се реализираат се изработка на лого и постер за проектот, online средби со наставниците и учениците од земјите учеснички, користење на  Web2.0 алатки за пишување сценарио, одбележување на значајни датуми поврзани со интернет, учество во заеднички работилници со учениците од земјите учеснички.


наставници по англиски јазик: Магдалена Бадарова и Анета Макревска

понедељак, 22. јануар 2024.

Испитување на различни форми на несоодветно однесување на учениците во ООУ „Рајко Жинзифов“

 

Во текот на првото полугодие во учебната 2023/2024 год. на учениците од VI до IX одделение им беше поделен анкетен прашалник во електронска форма со цел да се испита застапеност на следните три модели на однесување во рамките на паралелките:

1.     модел на негативно и непријателско однесување,

2.     модел на агресивно и неагресивно однесување со кои се загрозени темелните права на другите и непочитување на општествени норми и

3.  модел на насилно однесување во кој постои злоставување или виктимизација на еден ученик од страна на друг ученик или на група на ученици.

Испитувањето е спроведено во централното и подрачното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“. Во истражувањето учествуваа ученици од VI до IX одделение, вкупно 221 испитаника, од кои 100 машки, а 111 женски на возраст од 10 до 14 години. На учениците им е споделен анкетен прашалник во електронска форма за чие пополнување во просек е потребно 30 минути време. Истражувањето е спроведено анонимно на ниво на паралелките, а добиените резултати укажуваат дека во ООУ „Рајко Жинзифов“ постои здрава и безбедна средина за развој на учениците во која децата се заштитени од опаснот и им се задоволени физичките и емоционалните потреби. Во одредени паралелки постои манифестирање на однесување кое се рефлектира со непочитување на правилата во училиштето и/или во домот, како и можност за активно спротиставување на барањата на возрасните, пречуствутелност за туѓите постапки и ретка употреба за навредливи зборови.

            Во училиштето на почетокот на првото полугодие се превземени одредени мерки за превенција на насилно однесување. Поставени се кутии за анонимна пријава на насилтво во централното и подрачното училиште, сè со цел учениците да можат во секое време да пријават несоодветно однесување. Земено е предвид дека постои можност одредени ученици да не се чувствуваат слободно да поднесат анонимна пријава за насилство во хартиена форма, од причина што им се создава дополнитетелен стрес да не бидат видени од страна на другите ученици. Како решение за овој проблем, изготвен е формулар за анонимна пријава на насилство во електронска форма и доставен е до сите ученици од VI до IX одделение со цел да можат во секое време анонимно да пријават било која форма на насилно однесување. Пријавите секојденено ги разгледува училишниот психолог. Во училиштето исто така постои Протокол за постапка за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување. Одговорни лица за овој протокол се училишниот педагог Весна Рафеска и училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ.

 

 

Одговорна

училишен психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ

четвртак, 18. јануар 2024.

Новогодишна приредба I – б одделение

         Првачињата од I-б одделение, на 28.12.2023г. во попладневните часови, заедно со нивната наставничка Билјана Шоклевска, родителите ги поканија и во првото полугодие што научија им се пофалија. Им покажаа дека знаат да рецитираат, пеат, играат и глумат. А Дедо Мраз под елката изненадување им приреди, за уште поголеми детски насмевки и радости. На крајот Среќна Нова година си посакаа и уште многу вакви заеднички приредби.


Одговорен наставник

Билјана Шоклеска

Извештај од воннаставни активности - Учество на родител во наставата

На часот по македонски јазик на 15.12. 2023 година во нашето одделение IIIб, имавме поканет гостин - родител Аница Живковиќ која во улога на наставник на креативен и интересен начин придонесе да се реализира  обработката на лектирата Шеќерна приказна од Славко Јаневски.



Нашата Шеќерна приказна започна со слаткарот Марко , а заврши со слаткарката Аница Живковиќ, родител која во улога на наставник на многу интересен и креативен начн успеа да ја разбуди скриената детска фантазијата и неосетно да ги внесе дечињата во светот на шеќерната сказна. Занесени во работилница го изработија Шеќерното дете и на хамер и со нивните вредни рачиња трудољубиво и внимателно создадоа преубави, вкусни шеќерни деца кои ни го разубавија часот и создадоа прекрасни спомени за еден лик од детската литература кој долго ќе се памти. Голема благодарност до родител Аница Живковиќ, која со многу љубов и трпение несебично и креативно им овозможи на учениците од трето б одделение да се чувствуваат среќно и задоволно и да имаат несекојдневен и незаборавен час.

 


Одговорен наставник

Светлана Жежовска

Новогодишна работилница ,, Во работилницата на дедо Мраз“- проект ,, Родителот во улога на наставникот“

 

На ден 26.12.2023 се одржа новогодишна работилница со родителот Елизабета Велигденова заедно со учениците од 1 а одделение.. Работилницата беше интегрирана  со ликовно образование- декорирање на новогодишни гипсани фигури кои родителката ги изработи самостојно , а учениците декорираа покажувајќи ја својата креативност. Употребуваа темперни и водени бои, па на тој начин и ги запознаа основните и секундарните бои. Задоволство беше да се учествува во оваа работилница , децата беа радосни, среќни и задоволни од своите изработки и од стекнатите знаења и одлучија украсите да ги однесат во своите домови и да ја надополнат празничната атмосфера . Голема благодарност до родителот кои несебично се вложи за изведба на оваа работилница. Нашите ,, џуџуња“ беа вредни па на гости ни дојде и дедо Мраз кои на дечињата им подари пакетчиња.

 


Одговорни наставници

Маја Атанасовска Спасеска

Горица Станковска

Новогодишна приредба

 

            Насмевки, радост, љубов, игра, среќа, песни, беа само дел од Новогодишната приредба, која блесна во својот сјај на ден 29.12.2023 година, во нашето училиште.

            Прекрасниот амбиент во холот, со извонредната сценографија, го надополнуваа чувството на задоволство и восклик на сите присутни. Учесниците, на чии лица се читаше волшебниот збор СРЕЌА, со голема љубов пристапија кон подготовка и реализација на сите точки, кои една по една се нанижаа на празничниот кристален ѓердан.

Помалите во улога на реализатори, поголемите во улога на публика, но и обратно, поголемите реализатори а најмалите во публика, со испреплетени улоги и  чувства, сите заедно придонесоа за овој убав настан, да биде совршено успешен, со што нашето училиште, негувајќи ја традицијата покажа како безброј пати до сега, дека во него сме сите исти и во него сме сите еднакви!

Посакувајќи си убави желби за здравје, со многу радост и насмевки, со многу љубов и прегратки, на сите Ви ја честитаме Новата 2024 Година!

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!!!

 



Одговорните наставници

Актив четврто и петто одделение

Проект "Christmas cards exchange"

 

Го запознавам светотот со учество во проектот "Christmas cards exchange" во организација на истакнатиот и повеќекратно наградуван наставник од Microsoft, г-дин Kyle Calderwood.

Учениците од II-в одделение заедно со наставничката Кети Сталеска, подготвија честитки за среќна и бериќетна Нова година и уште повесел и поубав Божик за непознати другарчиња од основно училиште Tabernacle Township School District од Њу Џерси, Америка. И другарчињата од Американското училиште заедно со нивната наставничка Aplril Janicki подготвија и по email ни потврдија дека ни пратиле честитки.

Со нетрпение очекуваме поштарот да ги донесе што побрзо интернационалните честитките во нашите и во рачињата на другарчињата од другиот континент.

 


Одговорен наставник

Кети Сталеска

Извештај од новогодишна работилница

     Учениците од IV-б и  V-б одделение во рамките на слободните ученички активности реализираа креативна новогодишна работилница, во која изработуваа декоративни новогодишни подароци – венчиња за на глава, за сите ученици од прво одделение.

    Активностите се реализираа во позитивна работна атмосфера, учениците работеа во групи и парови. Меѓусебно си помагаа и соработуваа, а резултат беа прекрасните креации од учениците од двете одделенија, кои ќе ги красат главчињата на малите првачиња за време на новогодишната приредба.


Одговорни наставници:

Мануела Маркоска и

Виолета Николин

Сподели честитка, сподели радост

 

Учениците од II -а, II-б и II-в во организација на нивните наставнички- Кети Сталеска, Софија Лукровска и Билјана Стефковска од нашето училиште со задоволство и голема еуфорија направија честитки со најубави желби за непознатите другарчињата од  II-1, II-2, и II-3 од соседното училиште ,,Кузман Шапкарев", кои го прифатија предизвикот и тие заедно со нивните наставнички - Сања Ѓорѓиевска, Стојчевска Розета Тумбевска, Марјана Дамјановска, Сузана Шишковска и Зорица Михајловска, кои исто така вложија труд и креативност и ни подарија новогодишни честитки. Размената беше реализирана со радост. Заедно создадовме прекрасна соработка која може и би сакале  да прерасне во традиција помеѓу двете наши училишта.


Одговорен наставник:

Кети Сталеска