четвртак, 31. октобар 2019.

Месец на штедење со НЛБ



По повод „Месецот на штедењето на НЛБ“ и овва година учениците од нашето училиште земаа учество во ликовниот конкурс на тема „Ја истражуваме вселената со Тиби и Штуки.
Овие активности се наменети за ученици на возраст од 5 до 15 години. Целта на овие активности е да се поттикнат децата да штедат, да ги споделат своите и да откријат нови идеи за штедење како и поттикнување на креативноста во ликовното  изразување.
По тој повод учениците од нашето училиште изработија голем број на  ликовни творби и земаа учество на конкурсот. Учениците беа посебно испирирани да изработуваат цртежи бидејќи НЛБ за секој испратен цртеж донира по 200 денари кои ќе бидат подарени на Детската клиника. Оваа година до банката пристигнале 3500 цртежи. Ликовните творби се вреднувани од познати ликовни уметници и оваа година од нашето училиште беа наградени две ученички и тоа Јована Пешова од 5-а и Андреа Спасовска од 5-а одделение.
На покана од банката нашето училиште присуствување на изложбата на детските цртежи каде беа доделени и наградите за учениците. Двете ученички добија скромни подароци и парична награда од банката, а за учество во конкурсот на училиштето му беше врачена Благодарница. На свечената пригода присуствуваа одделенските наставници Елизабета Младеновска, Маја Атанасовска Спасеска, директорот Љубица Наумовска, педагогот  Весна Рафеска, како и родителите на наградените ученици.
                                                                  Училишен педагог Весна Рафеска

уторак, 29. октобар 2019.

= МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2019 =



           Месецот на книгата оваа учебна година беше одбележан со изработка на презентација (пано) на дел од најчитаните детски книги во 2018 и 2019 година, книги кои нѐ однесоа на волшебни патувања“ во светот на најмладите, разоткривме нови светови и мистерии и нурнавме во тајните на креативниот ум.

         Дел од нив се: Исидора Мун“ – Хариет Мункастер, Ѕвездено дете“ – Ване Костуранов,  Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, ТКЦП: Канџа во мракот“ – Билјана Црвенковска и Здравко Гиров и други.

 

понедељак, 28. октобар 2019.

Отворен ден по граѓанско образование



На 25.10.2019 година, во нашето училиште за првпат оваа година се одржа Отворениот ден по граѓанско образование кој беше посветен на ораторството како вештина на убаво говорење.
Во проектот беа вклучени учениците од деветто одделение кои во нивните говори опфатија теми од актуелниот општествен и социјален живот. Преку нивните излагања имавме можност да се потсетиме на некои основни вредности како детските права, еднаквоста, правото на слободна мисла, инклузијата но и да се замислиме околу некои горливи проблеми како насилството во училиштата односно булингот, дискриминацијата и бездржавјанството.
Како говорници на настанот настапија: Емељ Чико, Адела Елесковиќ, Горјана Јаковлеска, Јована Николовска, Михаела Петрова, Милена Илијевска, Јана Костадиновска, Ива Тасевска, Ајла Беровиќ, Јана Велкоска и Амра Ќосовиќ под раководство на наставничката по граѓанско образование Валентина Јанкоска.
На настанот присуствуваа гости од Бирото за развој на образованието, претставници од општина Кисела Вода, родители, наставници и ученици од нашето училиште.
Успешноста на овој настан само уште еднаш докажа дека нашето училиште е богато со ученици кои воодушевуваат со својот талент и за кои се надеваме дека овој настан ќе биде само поттик да го развиваат својот талент и да прераснат во млади интелектуалци, одлични говорници и носители на прогресивна мисла со кои училиштето ќе се гордее.
На крајот на Отворениот ден беа доделени благодарници на учениците што земаа учество од страна на уличишниот педагог Весна Рафеска и истиот се заокружи со коктел каде гостите имаа можност да разменат мислења за самиот настан.


петак, 18. октобар 2019.

ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ




ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА УЧИЛИШНИОТ ДВОР

        Денеска 18. 10. 2019 г., учениците од 7-а и 7-б одделение, заедно со своите наставници во рамките на планираните воннаставни активности реализираа холтикултурно уредување на училишниот двор. За таа цел во претходно подготвени жардињери од отпадни гуми за засадија цвеќиња и други растенија со што дадоа свој придонес во разубавувањето на нашиот училишен двор.


уторак, 15. октобар 2019.

ДЕТСКА НЕДЕЛА „Имаме право на среќно детство!“



Во рамките на одбележувањето на Детската недела која оваа година се одбележа под мотото „Имаме право на среќно детство!“, нашето училиште и оваа година реализира низа активности:
7.10.2019г. (понеделник)  – Запознавање на учениците со програмата за работа на Детската организација при нашето училиште и читање на одредбите од Конвенцијата за правата на детето;
8.10.2019г – (вторник) – „Моите права, моите  обврски“ - Изработка на апликации „рачиња“ - пишување мои права, мои обврски;
9.10.2019г – (среда) - Ликовна работилница – Печатење „Отпечаток од рака“;
10.10.2019г – Свечена приредба по повод прием на првачињата во Детската организација и давање на свечено ветување од страна на учениците со што  станаа членови на Детската организација.
Нивното зачленување беше свечено организирано со пригодна приредба, а оваа година сите ученици добија и азбуки кои беа донација од аптеките „Зегин“.    
Низ игра и музика, учениците се дружеа и уживаа во овој посебен ден.
                                                               
                                              Одговорен наставник:  Билјана Христовска




Деца, генијалци
(приредба по повод детската недела - подрачно училиште Пинтија)

  Децата се нашето најголемо богатство, наша гордост и иднина. Светлина во очите и радост во душата. Скокотка нивниот џагор и љубопитност. И како што и самите велат, додека возрасните дисциплина и учење бараат, нив очињата за игра, лево и десно им шараат.
Неделата на детето е потсетување за нивните права и можности. По тој повод од 07.10.29019г. понеделник до 10.10.2019г. четврток се одржаа различни активности посветени на детските права и задолженија под мотото „Имаме право на среќно детство“. Последниот ден, четвртокот, беше организирана свечена приредба на тема – Деца генијалци, за прием на првачињата во детската организација. Сценариото и драматизацијата беа подготвени од учениците од III-г одд. и нивниот одделенски наставник Кети Сталеска, а учество земаа со свои кореографии, свирење на флејта и презентирање на детските права и задолженија учениците од II, III, IV, V и VI  одделение подготвени од нивните одделенски наставници. На крајот од приредбата првачињата дадоа свечена заклетва и им беа поделени подароци.
      Одговорен наставник во подрачното училиште во Пинтија: Кети Сталеска