четвртак, 30. мај 2019.

Мултимедијален хепенинг за децата од Општина Кисела Вода



На 28.05.2019 год. во Паркот на бранителите во Општина Кисела Вода се одржа осмиот Мултимедијален  хепенинг на отворено небо.
Општина Кисела Вода  беше организатор на оваа манифестација која има за цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу учениците од општината. Како и секоја година, учество зедоа учениците од сите основни училишта од овој дел на Скопје. Тие, на слободна тема сликаа, твореа, се забавуваа и се дружеа. Дел од талентираните ученици настапија со музички и музичко-ритмички точки.
Нашето училиште како и секоја година, така и оваа, зеде активно учество на оваа манифестација со настап на учениците од II-б одд. со две музичко- ритмички точки на песната„Сонувач“ од Петар Ѓуревски и песната „Lets dance“, а ги подготви одд.наставник Елена Стојановска. Исто така и неколкумина од учениците ликовно твореа на слободна тема.
                                                                    Оддленски наставник Елена Стојановска







Инклузивни работилници „Сите заедно се дружиме“

      Во текот на месец мај училишниот дефектолог имаше инклузивни работилници ,,Сите зедно се дружиме“ со учениците од второ, трето и четврто одделение од централното и подрачното училиште. Целта на овие работилници беше учениците да ги прифаќаат, почитуваат сличностите и разликите помеѓу нив, како и позитивната придобивка од прифаќањето на разликите, потребите и интересите на другите кои се еднакво важни на  сопствените.
Дефектолог Адријана Кукоска


среда, 29. мај 2019.

ЧИТАЊЕТО Е СУПЕРМОЌ




                 На 27. и 28. мај 2019 година Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет при УКИМ и издавачката куќа „Арс Ламина“ организираа бесплатна обука на тема „ЧИТАЊЕТО Е СУПЕРМОЌ - Развивање на читачките способности и вештини кај учениците“.
         Обуката ја реализираа: проф. д-р Јасмина Делчева - Диздаревиќ, д-р Анета Баркоска, проф. д-р. Елизабета Томовска - Илиевска, претставници од издавачката куќа „Арс Ламина“ и група практичари, кои говореа за значењето на читањето воопшто и за неговото влијание во образувањето и пред сè воспитувањето на децата од најмала возраст па сè до подоцнежните години. Се говореше и за мотивирањето на децата за читање преку различни форми и методи, а како еден од тие фактори беше истакнат и изборот на книгите и нивната содржинска но и визуелна привчечност и сл. На крајот беше поведена и дискусија помеѓу посетителите на обуката и предавачите.
     На обуката од нашето училиште присуствуваа одделенските и предметните наставници по македонски јазик, педагогот, библиотекарот и директорот за што, као и останатите посетители, добија соодветен сертификат за посетената обука.


четвртак, 23. мај 2019.

Св. Кирил и Методиј





Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун во IX век, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, поминал десет години меѓу македонските Словени, а  потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф).
Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи, станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по филозофија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор со цел да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт.
На повик од царот Ростислав отишле во Моравија и таму ја распространиле и ја утврдиле  православната вера, па ги умножиле  книгите и им ги дале на свештениците за да ја подучуваат младината. Подоцна на повик од папата заминале за Рим, каде што Кирил се разболел и умрел на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се вратил во Моравија и до смртта се потрудил на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминале Дунав и пристигнаа во Белград. Началникот на Белград, ги испратил при царот Борис I. Свети Наум останал во главниот град на Бугарија и ги поставил основите на Преславската книжевна школа, а Климент е испратен во областа Кутмичевица, на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжил да работи меѓу Словените на истото дело што го започнале Методиј и Кирил на север.
Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.
                                Подготвил : Никола Станковиќ - училишен библиотекар




        Во чест на големите Кирил и Методиј,  а во склоп на училишните активности, денес 23.05.2019 г. во четвртите одделенија  беше реализирана активност на тема: ,,Твориме во чест на браќата Кирил и Методиј“. Учениците предводени од одделенскиот наставник Татјана Трпеска со свои трудови помогнаа за реализирање на активноста, како на пример: исечоци од дневни списанија, обработени текстови, пишани литературни творби, слики од интернет, извадоци од википедија и сл. Истите беа претходно селектирани и презентирани пред останатите ученици и одговорниот наставник. Така подготвените собрани материјали беа изложени на училишното пано во холот на нашето училиште. На овој начин учениците дадоа свој придонес за одбележувањето на овој светол, мајски, празничен ден.
Одделенски наставник Татјана Трпеска