По повод
новогодишните празници на 28.12.2018 година со почеток во 15 часот во холот на
нашето училиште се реализираше новогодишен хепениг во кој учество земаа
учениците од прво до девето одделение. Хепенигот изобилуваше со многу креативни
новогодишни изработки што произлегоа од работилници во кои активно учество
земаа учениците, наставниците и родителите. Секоја паралелка имаше свој штанд
на кој ги претставија своите изработки.
Хепенигот имаше продажен карактер, а собраните парични средства
ќе се искористат за потребите на учениците.
петак, 28. децембар 2018.
РАБОТИЛНИЦА 2 и АНКЕТА 2 во рамки на проектот „Убавините на различностите“
Во рамки на интерниот училишен проект „Убавините на
различностите“ на 26. и 27.12.2018 г. дефектологот
Адријана Кукоска реализираше работилница за меѓусебно почитување и придовки од
прифаќањето на разликите помеѓу луѓето, со ученици од осмо и деветто одделение
кои го сочинуваат центарот за почитување на различности. По работилницита се
реализираше и анкета 2 (колку се прифаќаат различностите меѓу учениците).
Дефектолог: Адријана Кукоска
среда, 26. децембар 2018.
Интерактивна работиница „Скршеното срце“
Во текот на првото полугодие од учебната 2018/2019
година училишниот педагог во сите петти
одделенија реализираше интерактивна
работиница „Скршеното срце“.
Цели на рботилницата:
·
Да се развива емпатија кај учениците;
·
Да им се јакне самодовербата;
·
Да се согледа значењето на упатување на позитивни пораки.
Учениците активно учествуваа во работилницата, а на
крајот преку рефлексија од работата на работилницата се извлекоа корисни
постапки кои треба да ги применуваат во секојдневниот живот.
Р А Б О Т И Л Н И Ц
А „Јоно Око и Хаи“
Сите луѓе имаат тенденција и навика да генерализираат,
воопштуваат и да изведуваат заклучоци за особини, карактеристики на одредени
групи врз основа на искуството со еден
или неколку припадници на групите. Таквите генерализации најчесто се базираат
врз делумни и непроверени информации за групата, а се однесуваат на сите
припадници на групата.
Со цел учениците да воочат како ограничувањата водат кон
создавање предрасуди и стереотипи училишниот
педагог со учениците од осмите одделенија реализираше работилницата „Јоно Око и Хаи“.
Работиницата има интерактивен карактер и
групна форма на работа.
На крајот од работилницата преку дискусија со учениците
се извлече заклучок дека НЕОПХОДНО Е ДА СЕ ПОЗНАВА
КОНТЕКСОТ ВО КОЈ ЛУЃЕТО ДЕЛУВААТ ЗА ДА ГИ ФОРМИРАМЕ СУДОВИТЕ.
Педагог Весна Рафеска
Согласно годишното планирање на училишниот педагог во текот на месец
октомври 2018 во шестите одделенија во централното и подрачното училиште беа реализирани по две
работилници со презентација на тема „Техники за успешно учење“. Работилниците
имаат интерактивен карактер, а крајот од работиницата секој ученик добива флаер
со содржина од презентацијата.
Цел на работилницата: кај учениците да
се развијат вештини за самостојно учење, да умеат да го препознаат сопствениот
начин/стил на учење и „да научат како да учат“.
Училишен педагог: Весна Рафеска
Во рамките на планираните активности на Стручните
активи во училиштето беше реализирана
презентација од страна на училишниот педагог на тема „Иновативни и
креативни техники на учење“. Презентацијата ги содржеше следните техники:
Инстант креатива, 5 Зошто, Киплинг прашања, Ако-тогаш, Шест шешири на
Боно, Дневник во две колони.
ЦЕЛИ:
· Да им помогнеме на учениците да бидат активни
во наставата;
· Му даваат повратна информација на наставникот
за разбирањата на ученикот и усвојувањето на наставните содржини;
· Го
поттикнуваат истражувањето, ставовите и вредностите на учениците во
усвојувањето на новите наставни содржини.
·
Учениците да научат ефикасно да учат и
критички да размислуваат;
·
Учениците самостојно и од различни аспекти ги
разгледуваат информациите и оформуваат свое мислење.
·
Со овие техники на учење кој се дел од
современата настава, учениците се активни субјекти, а наставникот потикнувач и
насочувач.
Со Активот на јазичната група и природно математичката група се реализираше
на 27.03.2017 г., а со Активот на
одделенска настава на 30.03.2017 г. Присуствуваа поголем број на наставници и
се произнесоа дека техниките можат да се применуваат при процесот на поучување
на учениците.
Училишен педагог: Весна Рафеска
Интерен проект „Училиште без
насилство“
Секоја учебна година во нашето училиште се реализира интерен
проект насловен како „Училиште без насилство“. Проектот се реализира со ученици
од шесто одделение. Целта на проектот е учениците да умеаат да го препознаат
насилничкото однесување, да се стекнат со вештини за ненасилно однесување и
решавање на конфликти.
Проектот се реализира низ повеќе работилници. Во првото
полугодие се реализираа работилници со презентација за врсничкото насилство „Булиг“,
и беа обработени следните теми: Што е насилничко однесување, Видови насилничко
однесување, Знаци на оној кој е подлежен на насилничко однесување и Стратегии
против насилничко однесување.Во текот на второто полугодие ќе се реализираат
работилници каде низ практични вежби ќе се стекнуваат вештини и знаења за
разрешување на конфликти. Проктот го реализира педагогот на училиштето Весна Рафеска.
ПРОЕКТНАТА АКТИВНОСТ НА ТЕМА: ,,СРЕЌНА НОВА 2019 ГОДИНА“
Според програмата за слободни ученички активности и предвидените цели: поголема мотивираност на учениците, поттикнување креативноста кај
учениците, негување другарство,
меѓусебна соработка, помош како и негување на талентот на учениците за одредена област, во IV-в и V-б одд, во целост се
реализираа сите планирани
активности за првото полугодие.
За месец декември на 24. и 25. 12.
2018 г. реализирана е и проектната активност на тема: ,,Среќна Нова 2019 година“. За реализација на овој проект беа вклучени сите ученици според
нивните способности и афинитети кон одредени секции и вештини. Во склоп на
проектот се реализираа две драматизации:,,Новогодишна
бајка“ и ,,Среќна Нова година“, се рецитираа стихотворби, се читаа занимливи
текстови за Еленчето Рудолф и првите
почетоци за китењето на новогодишната
елка, група ученици на флејти ја свиреа песната ,,Ѕвончиња“ и сите заеднички
ја пееја песната ,,Генијалци“.
Но, исто така, во
склоп на проектот имавме и креативна работилница на која учениците изработуваа новогодишни
честитки и новогодишни рамки за сопствена
фотографија. а со истите да учествуваат на продажниот хепенинг по повод
Новата година.
Одд. наставници: Виолета Николин и Мануела Маркоска
Новогодишна приредба на учениците од 2-б одделение
На
26.12.2018 година, среда, учениците од 2-б
одделение во пресрет на Новогодишните празници подготвија и реализираа новогодишна
приредба пред своите родители. Приредбата започна во 17 ч. Учениците се
претставија со рецитали, музичко - ритмички точки и драматизација. Сето тоа
беше со новогодишни мотиви.
Родителите пресреќни и задоволни што нивните деца се
ангажирани со голем интерес ја проследија истата. На крај секој ученик си доби
подарок-пакетче.
уторак, 25. децембар 2018.
Посета на Собранието на Република Македонија
Соогласно
Годишната програма за организирање посети во петто одделение, со учениците од V-а, V-б и V-г беше
реализирана посета на Собранието на Република Македонија. Учениците во придружба на нивните наставнички: Весна
Милановска, Мануела Маркоска и Даниела Костадинова со организиран превоз го
посетија Законодавниот дом. Таму под водство на нивниот водич, г-ѓа Соња
Стаменковска имаа можност да ги разгледаат просториите за прием на гости - делегации
од други држави, прес салата на Собранието, спомен собата на АСНОМ, како и
салата во која се оддржуваат состаноци, дебати и комисии. При посетата кај учениците се
поттикна љубопитноста и во секоја просторија поставуваа интересни прашања
поврзани со содржините кои ги учеа на часот по општество. Учениците имаа
можност да му постават прашања на пратеникот
Далибор Богдановски кој трпеливо
и целосно им одговори на сите заинтересирани ученици. Со желба за успешна Нова
година и професионални успеси на сите пратеници и вработените во Собранието ја
завршивме посетата. Најинтересно на оваа посета беше тоа што кај многу ученици се
јави желбата во иднина да станат пратеници.
понедељак, 24. децембар 2018.
Набавка на наставно-нагледни средства во првото полугодие од учебната 2018/2019 год.
Согласно
спроведената Самоевалуација и Планот за Развој на училиштето еден од утврдените
приоритети е :
За
таа цел според акциониот план во Годишната програма планирана е активноста
набавка на нагледно-наставни средства.
Училиштето
во месец декември изврши набавка на енциклопедии
и уметничка литература, нагледни помагала и наставни средства за одделенска и
предметна настава:
-Енциклопедија од 7 до 77 год.
-Илустриран
Атлас на истражување
-Историја
- Сеопфатен визуелен водич
-Бајките
на Ханс Кристијан Андерсен
-Електрични
кола
-Лењиари,
агломер и шестар
-Модели
на танграм
-Топки
за одделенска настава
петак, 21. децембар 2018.
Посета на детскиот дом „11 Октомври“
Во рамки на училишниот проект „Убавините на
различностите“ во нашето училиште од страна на дефектологот Адријана Кукоска и
предметниот наставник Горан Петковиќ се реализираше хуманитарна акција која
траеше од 10.12.2018 г. до 19.12.2018 г. за собирање на средства од кои се
купија новогодишни пакетчиња за штитениците од детскиот дом „11 Октомври“.
На 20.12.2018 година учениците од 8 и 9 одделение со
училишниот дефектолог го посетија домот, се дружеа со децата и подарија новогодишна
слика, збирка „Убавините на различностите“ и новогодишни пакетчиња за секој штитеник од домот.
Како
благодарност за хуманиот гест и донација нашето училиште доби Благодарница од директорот на детскиот дом.
Дефектолог -
Адријана Кукоска
четвртак, 20. децембар 2018.
ЕДУКАТИВНИ ПРЕДАВАЊА
На 18.12.2018г. во соработка со Црвениот крст на РМ при општина Кисела
Вода со учениците од VII, VIII и IX одделение во подрачното училиште во Пинтија се реализираа интерактивни предавања за „Болестите на зависност“. Целта на
предавањето беше да се подигне свеста кај учениците за пороците на модерното
време: тутунот, алкохолот и наркотичните сретства.
СОРАБОТКА СО ДРЖАВНОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“
На 19.12.2018 г. на покана
од средното училиште група ученици од дветто одделение заедно со предметниот
наставник по ликовно образование Даниел Манасиев и училишниот педагог Весна
Рафеска, присуствуваа на креативна работилница во ДСУ „Браќа Миладиновци“. Во
првиот дел од работилницата учениците проследија видео презентација преку која
имаа можност да се запознаат со насоките и работата во училиштето, со цел помош
во професионалната ориентација на учениците од деветто одделение. Во вториот
дел заедно со професорите од училиштето, како и ученици од насоката „Хортикултура
и цвеќарство“ имаа можност да изработуваат новогодишни икебани и украси од
природен материјал. Учениците искажаа големо задоволство и креативност, а
изработените украси беа подарени на нашите ученици.
среда, 12. децембар 2018.
Промоција на збирката „Убавините на различностите“ во локалната библиотека
Со учениците од VIII и IX одделение денес, 12.12.2018 година, ја посетивме локалната
библиотека „Јордан Хаџи Константин Џинот“ придружница на библиотека „Браќа
Миладинивци“ во која ја промовиравме збирката „Убавините на различностите“ во
блиската локална средина.
По литературното читање на творбите од учениците, како благодарност за соработката подаривме збирка и новогодишна слика изработена од учениците. Библиотекарката ги запозна учениците со библиотеката и можноста за нејзиното користење.
По литературното читање на творбите од учениците, како благодарност за соработката подаривме збирка и новогодишна слика изработена од учениците. Библиотекарката ги запозна учениците со библиотеката и можноста за нејзиното користење.
понедељак, 10. децембар 2018.
ПРИРЕДБА НА ТЕМА: „ ЕСЕН“
На 22.11.2018 година учениците од III-a одделение според
годишната програма за јавен настап се
претставија со приредба на тема „Есен“ пред
учениците од II-a и II-б одделение.
Учениците од III-a одделение во своите слободни активности заедно со
наставничката Светлана Жежовска ги подготвија следниве точки:
Монолог: „Јас сум Есен“, рецитал
со наслов „Есента е насекаде“, драматизација: „ Ајвар или измачување на
пиперките“ и ритмичка точка „Песна за есента“. Како гости на приредбата
учествуваа и учениците од IV-a одделение со точка „Овошна караница“. Приредбата ја
следеа и директорката на нашето училиште, психологот и педагогот.
Учениците од вторите одделенија со голем интерес и
внимание ја следеа приредбата, а учесниците беа наградени со аплаузи и пофалби
како мотивација за во иднина со задоволство да се вклучуваат во вакви
активности и да се претставуваат пред
своите другарчиња.
Одговорен наставник:
Светлана Жежовска
среда, 5. децембар 2018.
Уметници од Австрија во посета на нашето училиште
Група
уметници од Австрија и претставници од Австриската амбасада денес гостуваа во
нашето училиште. Тие реализираа интерактивна претстава посветена на Волфганг
Амадеус Моцарт во која со големо задоволство и огромен интерес зедоа активно
учество присутните ученици. На крајот од претставата учениците добија пригодни
подароци од уметниците и претставниците на Австриската амбасада.
понедељак, 3. децембар 2018.
3 Декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби
За
одбележување на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби училишниот
дефектолог имаше работилници со учениците од второ, трето и четврто одделение
за прифаќање и почитување на различностите.
Воедно денес во
чест на 3 декември во нашето училиште се прочита пригоден реферат и имаше промоција
на креативните изработки и збирката литературни творби од интерниот училишен проект „Убавините на различностите“.
Одговорен:
Адријана Кукоска -Училишен дефектолог
Пријавите се на:
Постови (Atom)