среда, 23. новембар 2016.

ДОБИТНИК НА 13-то НОЕМВРИСКА НАГРАДА

Во чест на 13-Ноември градот Скопје секоја година на истакнати културни и научни работници, студенти, ученици доделува 13-то Ноемвриска награда за постигнати успеси и резултати во повеќе области. Со гордост сакаме да истакнеме дека оваа година помеѓу наградените е и нашата ученичка Ева Карамановска од VII-б одделение која со постигнатите резултати во наставните и воннаставните активности го претставуваше и презентираше нашето училиште во вистинско светло.
Директорката заедно со  стручната служба на училиштето оствари средба со ученичката Ева Карамановска и нејзините родители . На средбата  истакна дека Ева е пример како треба да вложуваш во себе , да бидеш одговорен , исполнителен и посветен на учењето а наградата треба да и претставува предизвик и одговорност за понатамошни постигнувања и успеси . ООУ,,Рајко Жинзифов“ се радува што има ученичка која треба да биде идол на другите ученици и секогаш ќе ја поддржува во нејзините резултати.

На крајот од средбата Директорката Елизабета Славковска и ја честиташе наградата на Ева и од училиштето и  подари таблет –компјутер.







Професионален развој

На 10.11.2016 год. на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа еднодневна  обука за директори и стручни соработници.

 Предавач на обуката беше проф. д-р Константин Петковски кој имаше свое излагање со презентација на тема:
- Менаџмент на знаење и
- Стандарди за компетенции на директорот на образовна организација

 За Значењето на формалното образование во создавањето на компетенции на директорите и стручните соработници во образовните институции презентираше  проф. д-р Александра Стоилковска .


На обуката присуствуваше директорката Елизабета Славковска и педагодот Весна Рафеска. На крајот беа поделени и сертификати за сите учесници.



Соработка со деловна заедница

На 18.10. 2016 год. нашето училиште оствари соработка со  МАКПЕТРОЛ АД . Имено,  на нивниот настан - отварање на бензиска станица во н. Пинтија учествуваше хорот при ПУ,,Рајко Жинзифов“ кој се претстави со корпоративната песна на Макпетрол - ,,Насмевни се“ .




На 18.11. 2016 год. Раководителот на секторот за маркетинг Мишко Тасевски при МАКПЕТРОЛ АД оствари средба со директорката Елизабета Славковска и при тоа подари музичка опрема за училиштето. Директорката искажа задоволство за заедничката соработка и се заблагодари за подарокот кој искрено се надева дека ќе најде голема примена на часовите по музичко образование, а во исто време ќе придонесе и за зголемена нагледност во наставата.








понедељак, 21. новембар 2016.

Од посетата на детскиот фестивал „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ“

         На 17.11.2016 година – четврток, учениците од нашето училиште од  I до  V одделение, организирано го проследија детскиот фестивал „Златно славејче“ во Вип-арената - „Борис Трајковски“. За таа цел претходно беше обезбеден организиран превоз до салата и назад до училиштето. Фестивалот беше добро организиран и со големо задоволство беа проследени сите настапи од учесниците во фестивалот. Кај учениците се забележуваа позитивни  чувства и добра забава, односно тие играа и пееја во рамките на својата група. Доброто расположение се пренесе и во автобусите за назад, па така со песна, безбедно и со позитивна енергија се вративме во своето училиште.

“ГОЛЕМ ОДМОР“

На 2.11.2016 година – среда, учениците од II-в одд., заедно со неколку ученици од  II-а одд., зедоа учество во детската емисија “Голем одмор“ на МТВ. Тие учествуваа со изведба на ритмичка кореографија според композицијата „Есен“ од Вивалди. Кореографијата беше подготвена во рамките на слободните ученички активности во месец октомври и за неа се изработија соодветни костими како подарок од родителката Наташа Ангелеска.
                              Одговорен наставник:  Виолета Николин

среда, 16. новембар 2016.

Есенска приредба


Согласно  Годишната програма за работа на нашето училиште, од  Јавна и културна дејност за месец ноември беше планирана  Есенска приредба  од  јавен карактер. За истата, како  носители  беа назначени наставниците  од  активот на  третто одделение  заедно со нивните ученици.  Беа планирани , организирани и реализирани следните активности:
Ø    Креативни  работиници на тема Есен - изработките послужија за декорација на сцената;
Ø    Изработка на маски соодветно улогата на учениците во претставата;
Ø    Ликовен  и литературен конкурс на тема „Есен“ за кои беа доделени Пофалници за наградените творби;
Ø    Во рамките на драмско-рецитаторската  секција беа подготвени драматизации во корелација со другите наставни предмети;
Ø    Балетско-ритмичката секција подготви соодветни кореографии на песнички.
Во активноста се вклучи и  родителот  Игор Шоклевски кој ги
придружуваше учениците со гитара на англиската песна ,,Rain, rain, go awey“;
Приредбата беше реализирана на 15.11.2016 год.  во холот на нашето училиште со претходно подготвена сцена и ја проследија сите ученици од прво до трето одделение заедно со нивните наставници.
                                                                                                         Одговорни наставници:
                                                                                                             Мануела Маркоска
                                                                                                             Билјана Христовска
                                                                                                             Весна Милановска
                                                                                                             Цветанка Гајдовска









Исто така по повод деновите на есента и учениците од III-г одд. од  подрачното училиште во населба Пинтија реализираа две работилници и повеќе активности со кои ја разубавија училницата:
1 Работилница каде учениците со моделирање на глина, со отисок на лист направија вистински есенски лисја на кои со темперни бои ги нанесоа боите на есента.
2. Работилница во која со моделирање овошје и зеленчук, учениците направија одлични фигури. Своите изработки им ги покажаа на своите другарчиња од другите одделенија.

                                           Одговорен наставник: Даниела Костадинова



петак, 4. новембар 2016.

МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2016

УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА

МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2016
(15.10. до 15.11.2016г.)

           Во рамките на одбележување на Месецот на книгата 2016, како и минатата учебна година, така и во оваа, во библиотеката беше изготвен печатен материјал кој беше поделен во секоја паралелка од 5-то до 9-то одделение.
    Оваа година темата на материјалот беше БИБЛИОТЕКА И БИБЛИОТЕКАРСТВО. Од него учениците имаа можност да се запознаат со појавата на писмото од праисторијата па до денес, со појавата на книгата, видовите книги, со појавата на првите библиотеки и видовите библиотеки, со позначајните библиотеки во Македонија и во светот, како и со поимот библиотекарство.


кликни за да го видиш материјалот во целост

                                           Материјалот го изготви: Никола Станковиќ - училишен библиотекар

четвртак, 3. новембар 2016.

ОБУКИ И СЕМИНАРИ

Од 14. до 16. октомври 2016 година дел од наставниците од одделенска и предметна настава, стручни соработници и раководниот орган присуствуваа на Oбука за огранизација на слободни ученички активности и креирање на воннаставни активности реализирана во соработка со „ОТВОРЕНИ ЗАБАВНИ ФУДБАЛСКИ ШКОЛИ“.
Целта на обуката беше: Сензибилизација на различни образовни профили за потребата и придобивките на концептот за интегрирано образование како глобален тренд, тенденција и потреба.

Обуката се реализираше преку неколку креативни работилници и практични презентации на терен.



ПРОМОЦИЈА НА ПРИРАЧНИК

„40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“
Во учебната 2015/16 година на нашите спортски терени и со учество на наши ученици од четврто и петто одделение, а во соработка со УСАИД и Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието се работеше на изработка на прирачник  „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Истиот е подржан од: МЦГО, МОН, БРО, ДПИ и шест невладини организации.


За таа цел на спортските терени неколку дена учениците практично ги изведуваа спортските активности и забавни игри  предводени од стручни лица од „Отворени Забавни Фудбалски Школи“ кои воедно ги обезбедија и потребните реквизити.
Учениците непосредно имаа можност да играат, да се забавуваат, другаруваат, да учат едни за други и да стекнуваат позитивни вредности и искуства кои влијаат врз намалувањето на етничките и родовите стереотипи и предрасуди.
Овој прирачник е наменет за наставниците од основните училишта и истиот е отпечатен на четири наставни јазика: македонски, српски , албански  и турски јазик.



На 06.10.2016 г. тимот на УСАИД организираше промоција на прирчникот на која почесен гостин беше нашето училиште, односно децата учесници, нивните родители и дел од вработените на училиштето. Настанот се случи во попладневните часови во објектот „Централ Парк“ – Градски парк.
Презентација одеше на видео-бим, а на нашите ученици им беа поделени Сертификати како  и скромни подароци маица и капче. Секој ученик доби и по еден примерок од прирачникот.


На 08.10.2016 г. тимот на УСАИД и „Отворени Забани Фудбалски Школи“ во Градскиот парк организираа настан каде практично беа презентирани игрите од прирачникот „40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Учениците од нашето училиште имаа можност да се дружат, играат и забавуваат со 250 деца од повеќе места во Македонија.



                                                                    Училишен педагог:

                                                                       Весна Рафеска

ОБУКА НА УЧЕНИЦИ „ УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО “

Секоја  учебна година во нашето училиште , од страна на училишниот психолог Јорданка Радевска , се реализира обука  на ученици од  VI одд. Целта на обуката е учениците да се стекнат со вештини за  ненасилно однесување и решавање на конфликти .

*  Што   всушност  научивме?
-Научивме колку  се значајни  пораките кои ги добиваме од  нашите родители, наставници, врсници, но и колку е важно какви пораки ние упатуваме кон другите;
-Научивме  дека  секој има различно мислење  за конфликтот и секој може да реагира  на различен начин, но многу е важно да се умее да се сослуша другата страна;
-Важно е да ги почитуваме сопствените потреби, но исто така е особено важно да умееме да ги почитуваме и туѓите потреби и интереси;
-Исто така од особена важност е развивањето  на чувството на толеранција кон различностите;
-Научивме дека проблемот, всушност, не е решен ако едниот се чувствува победник, а другиот поразен. Конфликтот е решен само ако двете  страни се чувствуваат како победници.

При решавањето на конфликтите важно е да се почитуваат  неколку правила:
1.Наместо непријатни пораки да се обидуваме да испраќаме пријатни пораки кои ќе предизвикаат чувство на задоволство, разбирање и ќе го отворат патот кон соработка;
2.Најважно е да се обидеме да ги решаваме конфликтите, а не да ги оставаме да тлеат и да ги потиснуваме, затоа што тогаш тие стануваат уште посилни;
3.Затоа, секогаш разговарајте  со оној со кого сте скарани, со оној со кого имате проблем, но притоа секогаш внимавајте  не само на вашите потреби и интереси, туку и на потребите и интересите на другиот.

Секако дека тоа не е така едноставно, но ако се почитуваат  вештините како што се:
                   - активно сослушување,
                   - избегнување на лутината и бесот,
                   - мирољубиво однесување,
                   - и да се има подготвеност да се признае  вината,
навистина  ќе се почувствувате  многу посигурни во решавањето на сите проблеми. 
Затоа и оваа обука наm ни помага во градење на подобра клима во училиштето, но и во  постигнување  на  нашата  цел:  Создавање на  УЧИЛИШТЕ  БЕЗ  НАСИЛСТВО  каде секој ќе се чувствува задоволен  и безбеден .

                                                                                                  Кировски Петар – ученик од  VI б

                                                                                                    Психолог:  Јорданка Радевска