среда, 27. април 2016.

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Одбележување на Денот на планетата Земја
22. април 2016 година
Цели на активноста: запознавање и непосредно учење едни за други, градење на групна кохезија и кооперативност, почитување на различностите, меѓусебна соработка и комуникација.
Во активноста учествуваа вкупно 30 ученика (по 15 ученика од двете училишта), изедначени по етничка припадност. На самиот почеток со цел запознавање и создавање пријатна атмосфера учениците добија по едно зелено капче како симбол за чиста и зелена планета и се поздравија на двата наставни јазика.


Првиот дел од активноста се реализираше на спортскиот терен во училишниот двор каде со помош на спортски реквизити беа поставени две станици за спортски игри. Се формираа две групи по 15 ученика во мешан состав. Игрите беа така осмислени со цел да се поттикне соработка и меѓусебна комуникација. Учениците соработуваа меѓусебно, се забавуваа и заеднички се радуваа на постигнатиот успех.






Вториот дел од активноста се реализираше во кабинетот по ликовно образование. Учениците сега беа поделени во 5 групи со мешан состав. Секоја група изработи по еден континент, а потоа сите зедно ја создадоа планетата Земја. На крај сите се радуваа на зедничкиот продукт кој се постави во холот на училиштето.


Претходно на 13.04.2016г. во рамките на меѓуетничката интеграција во образованието во нашето училиште беше реализиран и квиз натпревар: „Заедно учиме“
Од оваа учебна година се започна со активности за унапредување на интегрирано образование предвидени со стратешкиот документ „Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем во Република Македонија“ За таа цел беа планирани две активности:
·         Квиз „Заедно учиме“ (за сите деца од II до VII одд);
·         Дебата на тема „Образованието-врата кон успехот“ (за учениците од VIII и IX одд).
ЦЕЛИ: учениците да ги продлабочат своите компетенции кои им се потребни за живот во интегрирано мултиетничко општество во духот на меѓусебно разбирање, мир, почитување на другите, прифаќање на разликите и право на еднаквост на сите.
РЕАЛИЗАТОРИ: одделенски раководители, членови на СИТ, стручна служба и директор.
За успешна реализација  тимот за МИО изготви акциски план со задолжителни активности кои ќе треба да се реализираат во текот на учебната 2015/2016 г.
По извршените подготовки на  13.04.2016г. (среда) се реализираше квизот „Заедно учиме“ со ученици од II,III,IV и V одд. од нашето училиште, како и ученици ос II,III,IV и V одд. од партнер-училиштето „Алија Авдовиќ“ од с. Батинци.
По пат на влечење беа поделени учениците во  групи во мешан етнички состав. Секој учесник од групата влечеше прашање, а во одговорот можеше да помага групата. Прашањата беа од темите предвидени со акцискиот план. Учениците во групите соработуваа и заеднички се радувааа на постигнатиот успех.
Квизот беше збогатен и разубавен и со неколку точки подготвени  од учениците од II -б,в и V-б,в одделение.







понедељак, 25. април 2016.

ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

На 22.04.2016г. учениците од прво I одд. заедно со одговорниот наставник Татјана Трпеска и во соработка со родители на учениците по повод Денот на планетата Земја 2016,  го посетија Институтот за јавно здравје на РМ (Лабораторија за испитување на квалитетот на водата за пиење).
Учениците ја посетија лабораторијата за безбедност на вода каде им беше презентирано дел од анализите со кои се одредува квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Пројавувајќи интерес, под контрола на Инг. техн. Светлана Тошевска изведоа анализа, воодушевувајќи се на добиените резултати од нивната прва истражувачка активност. Беше одржано и кратко предавање за значењето на безбедноста на водата и останатите медиуми на животната средина воопшто.
На крајот на посетата, Институтот за јавно здравје доби вреден подарок изработен од вредните рачиња на дечињата – цртежи на тема “Ден на планетата Земја 2016”.
Инаку, Денот на планетата Земја – 22 aприл се одбележува за првпат во 1970-та година во САД, а од 1992 година во целиот свет. Денес го одбележуваат 175 држави во светот, вклучително и Република Македонија. Целта е подигнување на нивото на свест и знаења за зачувување и унапредување на животната средина, и да се укаже на последиците од загадувањето на водата, воздухот, почвата како и исцрпувањето на енергенсите на планетата Земја.
Реализираната посета можете да ја видите и на следнава веб-страница:









четвртак, 21. април 2016.

„Ракатки“

На 15.04.2016 год. во Скопје се одржа дванаесетиот републички литературен фестивал „Ракатки“ кој го прогласи за отворен писателката Славка Арсова- преседател на фестивалскиот  одбор. На фестивалот зема учество ученичката Ева Карамановска од 6-б одд. бидејќи доби прва награда за прозна литературна творба на тема „Детето е дете во целиот свет“, под менторство на наставничката Љупка Мишевска. На свечената манифестација покрај наградените ученици од различни градови од државата,  земаа активно учество и повеќе писатели за деца и млади со интерпретација на свои лични творби.




„ГОЛЕМ ОДМОР“

На  06.IV 2016 (среда), на покана на училишната редакција на МТВ, учениците од нашето училиште беа гости во емисијата  „ГОЛЕМ ОДМОР“, со почеток во 10.30 часот. Во истата зедоа учество околу 50 ученика од II - IX одделение.



Полчасовната програма, се движеше по единственото мото „Некои луѓе само говорат . . . “
Сценариото содржеше изведба на:
-      Воведен говор од директорот на училишетот Елизабета Славковска за функционирањето и активностите на училиштето;
-      Познати помали литературни форми од свтски писатели;
-      Говорни дијалози поврзани со мотото;
-      Три песни изведено во живо: „Уморен сум да бидам мал“,  „Некои луѓе....“ и „100 деца маршираат“ со учество на солисти и училишениот хор поткрепени со драматизација;
-      Говор на лицето (гримаси, мимики);
-      Скеч поврзан со „модерните појави“ на телефонско комуницирање или дружење „Што има ново генерацијо“
-      Извадок од проектот „Седмото дете“, поврзано со животот Моцарт (драматизација).






Сценарио: наставник по музичко образование Даме Коларовски; соработници Магдалена Бадарова наставник по англиски јазик и Наталија Делева наставник по француски јазик.

уторак, 19. април 2016.

приредба во градинката „8 Март“ - населба Драчево

На 15.04.2016 година ( петок ) учениците од петтите оделенија од централното училиште  под раководство на нивните одделенски наставници Марија Илиева, Богданка Пановска, Весна Стевановска и Светлана Жежовска со дел од планираните слободни активности организираа пригодна програма и се претставија пред дечињата од соседната градинка, идните првачиња.


На оваа приредба од страна на учениците беа изведени неколку драматизации и ритмички игри. За време на приредбата преовладуваше весело расположение, а задоволството беше почувствувано од двете страни.

На крајот од приредбата на дечињата им беа поделени брошури во кои се наведени рокот кога ќе започне запишувањето во прво одделение, како и кои документи се потребни за истото.




актив V одделение

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА

Согласно  годишното планирање и оваа учебна година беа реализирани повеќе активности за професионална ориентација со учениците  од  девето одделение.
Уште во текот на месец февруари 2016г. од страна на психологот во училиштето Јорданка Радевска беа применети тестови за утврдување на општи и специфични  интелектуални способности на учениците, како и утврдување на професионалните интереси .  

По објавувањето на Конкусот за упис во средните државни училишта се изготви презентација за Мрежата на средни државни училишта  на град Скопје. Презентацијата ја реализираше педагогот на училиштето Весна Рафеска каде учениците се запознаа со видовите средни училишта и струките во поедини училишта. Детално беа појаснети критериумите за избор на ученици, предмети кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот, како и потребните документи за запишување.



Во текот на првата половина од месец април психологот јорданка Радевска водеше индивидуални разговори и консултации со учениците во врска со изборот на училиште за понатамошно школување и даваше писмена препорака на секој ученик за избор на средно училиште.

четвртак, 14. април 2016.

ПРОЕКТ: „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

ПРОЕКТ:  „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
ЦЕЛ: Зајакнување на врската,  родител-ученик-наставник“, преку која ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно образовниот процес во основното образование.
АКТИВНОСТ „Родителот е наставник“ - организација на ден на „родители-предавачи“, односно предавања од страна на родители стручни во одредена област на пр: Злоупотреба на дрога,  компјутерски криминал, превентивна дентална заштита, едукација за здрава храна  или некоја друга стручна област).


Во рамките на горенаведената активност на 08.04.2016 година (петок) на  втори час во второ одделение се реализираше наставен час од страна на родителот Бети С Трајковска дипломиран географ. Наставната единица носеше наслов Земјина орбита и родителот успееа со многу нагледности и примена на ИКТ да ја пренесе содржината, а воедно да бидат и реализирани целите на часот. На почетокот на часот учениците имаа можност да гледаат видео клип за вртењето на Земјата околу Сонцето, а потоа со помош на изработени манипулативи да демонстрираат вретњето на Земјата околу Сонцето. На крајот од часот учениците доста успешно го илустрираа  и можеа да објаснат како се врти Земјата колу Сонцето.

За време на часот се применуваа повеќе наставни методи, форми и техники и беше постигната интеракција помеѓу учениците и „родителот-наставник“







ФРАНКОФОНИЈА

АКТИВНОСТИ ВО РАМКИ НА МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА 2016
Во рамки на месецот на франкофонијата, секоја година се одржуваат бројни активности ширум целиот свет. Оваа година, ученици од нашето училиште учествуваа на натпреварот во писмен состав кој се одржува во повеќе од 80 држави, насловен како “Dis-moi dix mots…” („Кажи ми десет збора…“). Учениците својата креативност ја покажаа пишувајќи состав со примена на минимум три од понудени десет збора. Десетте збора беа исти за сите држави учесници, предложени од Интернационалната Организација на Франкофонијата.
Натпреварот се одржа на училишно, регионално (25.02.2016г.) и државно ниво (09.03.2016г.) при што за регион Скопје второто место и припадна на ученичката Марија Трајаноска од 7-д одделение од подрачното училиште во населба Пинтија и третото место на ученичката Борјана Блажеска од  9-а одделение од Централното училиште под менторство на наставник по француски јазик, Анета Ѓуровска-Арсовска.



Освен тоа, на 01.03.2016 се одржа училишен натпревар во диктат на француски јазик на кој што учествуваа  ученици од осмо и деветто одделение при што најдобрите од осмо и од деветто одделение продолжија на натпреварот на регионално ниво (11.03.2016) од кој што ученичката Кони Маркова од 8-г одделение од подрачното училиште во населба Пинтија  го продолжи натпреварот со учество на државниот натпревар (26.03.2016).

Одговорни наставници: Наталија Делева и Анета Ѓуровска-Арсовска