петак, 28. март 2014.

РОЗИ

        ООУ„Рајко Жинзифов“ населба Пинтија учествуваше уште во една еколошка акција достојна за почит. Ги засадивме розите кои ни ги подари нашата општина Кисела Вода.Посакуваме розите да расцветаат и  да го красат дворот на нашето училиште!
         БЛАГОДАРИМЕ!!!!!







          

понедељак, 24. март 2014.

Скопје-Град на цвеќето

    Во рамките на планираните активности, по повод 21 Март-Ден на екологија на 21.03.2014г.(петок) пред Месната заедница „Пинтија“ во 10.30ч.  се одржа Продажна изложба на изработки од учениците од Подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов, а придонес дадоа и некои ученици од одделенска настава од Централното училиште. 
Изработките од вештите детски раце беа преубави, со цветни мотиви, а цветовите беа направени од различен материјал (хартија во боја, весници, пластика , платно и друг вид материјал за рециклирање).
    Собраните средства ќе бидат  наменети за набавка на градежен материјал за правење на Соблекувална за потребите на физичко образование.
                  Одговорен наставник: Даниела Костадинова  






среда, 5. март 2014.

малку и за Денот на шегата!

1-ви Април

Кого да излажам
денес јас
и да го насмеам
на сиот глас?!

Први Април
денот на шегата е
секој има право да излаже,
но, на крај вистината да ја каже.

Вештерка, Принцеза и Кловн
па и баба која плете,
се убави маски
зад кои се крие разиграно дете!

Нена Павловска  VI-а  одд.

Ментор:  Петар Ивановски

Во пресрет на 8 Март!!!


МОЈАТА МАЈКА

Мојата мајка е добра
мајка ми е мила,
постојано насмеана
од секогаш била.

Таа ме топли
како сонце ме грее,
кога сум болна
неуморно над мене бдее.

Таа не е само мајка
туку мојот другар верен,
постојано ме брани
и со љубов ме храни.

Сара Сабатковска  II-а одд.


ПРАЗНИКОТ НА МАЈКАТА

На мојата мајка
цвеќе ќе ѝ подарам,
за нејзините добрини
јас ќе и се заблагодарам.

Јас за неа
и песничка ќе напишам,
во неколку стихови
нејзината добрина ќе ја опишам.

За празникот на мајката
ќе ја прегрнам силно,
„Среќен Осми Март мамо“
ќе и речам милно.

Нена Павловска  VI-а  одд.
Ментор:  Петар Ивановски


МИЛА МАМО

Мила мамо ти си како
сончев сјај,
Мила мамо, мила мамо
те љубам до бескрај. 

Јана Стојковска  II-а  одд.


AЈДЕ  МАМО

Ајде да трчаме по ливади боси,
сонце да не грее мамо, да ни милува коси.
Ајде да одиме каде што ветрот ќе не носи,
сонцето да не гледа, но и дождот да не нароси.
Ајде низ шумата да минеме мамо,
по некоја јаготка да скинеме,
на планина да се качиме,
а многу да не се мачиме.
На врвот да седиме, залезот да го гледаме,
а кога ќе падне ноќ, од планината да рипнеме,
во езерото да се нурнеме
и во нови авантури да се втурнеме.
Ајде со мислите некаде да заминеме мамо,
целиот свет да го поминеме,
се да видиме, ништо да не одминеме.
  Борјана Блажевска     VIIв (9)
                                                                                                                     Ментор: Мишевска Љупка


ДЕНОТ НА МАЈКИТЕ ОСМИ МАРТ

Мајката е цвет што цвета
како птица секаде лета,
дење ноќе над нас бдее,
радост, љубов срце грее.
Таа ме чува, гали и мази
и секогаш на мене пази.

Бојан Крстевски  II-а  одд.


ЗА ТЕБЕ МИЛА МОЈА

За тебе еве ќе напишам песна,
песна со зборој ко бисери сјајни.
Во неа љубов неизмерна се точи,
љубов упатена за твоите очи.

За тебе еве ќе симнам и ѕвезда,
најголема, светла, трепетлива, сјајна.
Ќе направам дури и илјада чуда,
невозможни нешта во земјава луда.

За тебе еве и простум ќе стојам,
да покажам почит, покорност и верба.
Со многу љубов и искрени желби,
да си жива мамо до илјада лета.
                                     
                                                                                                                  Ребека Цаневска  VIIa одд.
                     Ментор: Мишевска Љупка



Дел од личните творби посветени на нашиот патрон:

                                             МОЕТО УЧИЛИШТЕ

                         Радосна сум јас, дојде првиот школски час
                     Ајде сега сите да викнеме на глас!
                     Jас сум прваче весело и смело
                     Kако цвеќенце во пролет бело
                     Oдам на училиште, во клупа седам
                    Желна сум за учење и петки да редам
                    Играме, пееме и во ред стоиме
                    Нов свет ко виножито боиме
                    За учење и знаење сме жедни
                    И како мравки сме вредни
                    Фатени во оро весело
                    Oд детски игри сплетено
                        Волшебни тајни откриваме.

Ања Стојкова  III-в  одд. 
Ментор:  Светлана Жежовска

Емељ Чико 3-б одд.
Пред 50 години завесата се крена,
претставата започна

    Завесата се крена и претставата започна точно пред 50 години. Весело со џагорот на децата и првото ѕвонење на училишното ѕвонче. Со детска смеа од весели првачиња, некои замислени и по малку збунети. Сè започна тука во училишниот двор. Училиште со голем двор, со долги ходници и големи училници. Нашето училиште, нашиот втор дом. Тука сите заедно зачекоривме по нови патеки и стекнување на нови знаења. Тука ги научивме првите букви од азбуката, првото математичко собирање и одземање, првите цртежи... Колку ли само математичари, професори, сликари ги добиле првите знаења. Колку ли академски граѓани продолжиле по патот на знаењето и успехот.
Старо е нашето училиште, со долга училишна традиција, а сепак е ново и подготвено за уште многу генерациски победи и знаења!
                                                                                                         Марија Трајаноска  V-д  одд.


Давид Котески  3-б  одд.


ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАВЕСАТА СЕ КРЕНА
ПРЕТСТАВАТА ЗАПОЧНА


50 godini
na{eto u~ili{te
slavi
so mnogu
umni glavi.

Vo RAJKO petki
mnogu se redat,
a u~enicite zadovolni
vo klupite sedat.

Ve}e pomina
polovina vek
otkako nastavata
e vo tek.
Simona Dan~eva  5-a odd


Михаела Кочоска 3-б одд


ЗА МОЕТО УЧИЛИШТЕ

Училиштето во кое јас учам
ни овозможува удобност и смеа на сите
низ игри и песни, учење и другарство
брзо и лесно ни минуваат дните.

Во него се организираат многу претстави
на кои сите се радуваме и пееме,
наставниците се задоволни од нашата
работа и послушност
и секојдневно уживаме и се смееме.

Севкупната работа на учениците и нивните успеси
со пофалба и награда се здобиени,
постојат многу ученици што ќе учат во
моето училиште,
но нивните успеси засега се скриени.

50 години поминаа од неговото постоење
се уште на патрониот празник се слави
со химна и песна,
уште многу години поминати со насмевка ќе минат
повеќе дружба, без кавга за годината
да биде лесна.
Михаела П.  IIIб  одд.


Пелагија Пердевска 3-б  одд.


За Рајко Жинзифов

Во месец февруари
е патрониот ден,
нашето училиште
го слави неговиот роденден.

Неговите поеми и раскази
ги знаеме ние,
сите ќе ви ги кажеме
да ги научите и вие.

„Прошедба“ и „Глас“,
познати се дела
во далечината, туѓината,
душата не е цела.
Јована Николовска  III-в  одд. 
Ментор:  Светлана Жежовска



Светле Васковска  1-г  одд.


НАШЕТО  УЧИЛИШТЕ

На 15 февруари
голем празник се слави,
патронот наш го пречекуваме
со кренати глави.

Училиштето наше
многу нам ни значи,
од него топлина и радост
секој ден зрачи.

Во него сложно
се дружиме сите
во радост и смеа
ни минуваат дните.

Во него учам и јас
и моите другарчиња
од IV-а клас.

Колективна творба на учениците од IV-а одд.


Меланија Ивановска  5-г  одд.


„ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАВЕСАТА СЕ КРЕНА, ПРЕТСТАВАТА ЗАПОЧНА“

Училиштето мое
патронат голем слави,
50 години постои
учат детски глави.

Првачиња мали се запишуваат
учат букви и бројки,
потоа лекции се нижат
па и спортови во двојки.

Образование е важна работа
сите деца треба да учат,
културни граѓани да станат
за професии разни да се обучат.

Училиштето мое
Рајко Жинзифов се вика,
50 години образовна претстава дава
и културни навики создава.
                               Дамјан Георгиевски V Г одд.


Елдар Изберовиќ  3-б  одд.