уторак, 31. октобар 2023.

Извештај за одржан отворен час по англиски јазик

 

       На ден 26.10.2023 година (четврток) беше одржан отворен час по англиски јазик во 5 б одделение, од страна на наставничката Александра Колевска.

        Содржината на часот беше - Прашални зборови (Whose, Which, How) , а стандардите за оценување - Прави разлика и правилно ги користи (усно и писмено) прашалните зборови  Whose, Which, How и одговара на прашања кои ги вклучуваат овие прашални зборови. На часот беа применети современи методи техники и стратегии за учење.

          Учениците најпрвин преку техника грозд се запознаа со прашалните зборови и нивната употреба во реченици. Потоа преку работа во парови поставуваа прашања со прашален збор и одговараа на истите. Следување работа во групи - учениците пишуваа прашања со прашален збор според даден одговор.

            На крајот од часот учениците се натпреваруваа - одговараа со соодветен прашален збор на квиз од  апликацијата wordwall.

Часот го следеше педагогот Весна Рафеска.

Во прилог следуваат слики од реализираните активности со учениците на отворениот час.



Одговорни:

Наставник по англиски јазик – Александра Колевска


понедељак, 30. октобар 2023.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 15 ОКТОМВРИ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП


Со  учениците од VIII-а одделение го одбележавме 15 октомври Меѓународниот ден на белиот стап. Белиот стап е помагало кое им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат со увереност, независност и еднакви можности. Со работилницата им пративме порака на овие лица дека им даваме поддршка ги прифаќаме,   горди сме што ги познаваме и што се дел од нашето општество кое е еднакво за сите.



 

Одговорни

Дефектолог Адријана Кукоска


ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 6 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

 

На 6 октомври светскиот ден на лицата со церебрална парализа, на денот за подигнување на свеста за овие лица, реализивавме работилници со учениците од IX-г и V-г и нивните класни раководители, преку кои им дадовме поддршка и им покажавме дека сите ние сме едно и сите ние сме различни но имаме исти права и должности.

РАЗЛИЧНОСТИТЕ ГО ПРАВАТ СВЕТОТ ПОБОГАТ И ПОУБАВ!




Одговорни:

Дефектолог Адријана Кукоска

Предметен наставник Ленче Танушевска

Одделенски наставник Наташа Петковска

петак, 20. октобар 2023.

ПРЕД ПРАГОТ НА „МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА“

 

На ден 12 и 19.10 2023 год. учениците од IV - д одделение со библиотекарот Александра Милчева  и одделенскиот наставник Сузана Трајкоска го одбележаа почетокот на „МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА“преку работилница со презентација на омилени книги, автори, разговор за содржината на прочитаното и поттик за поставување креативни прашања, критичко размислување, но и отворено разговарање за чувствата што се предизвикани од прочитаниот или слушнатиот текст.

ЕДНА МИСЛА МОЖЕ ДА ГО ПРОМЕНИ ДЕНОТ,А ЕДНА КНИГА ЖИВОТОТ.


 


 

Одговорни:

Библиотекар Александра Милчева

Одд. наставник СузанаТрајкоска

Донација од компанијата „Геопром“

 

На ден 20.10.2023 година компанијата „Геопром“ изврши кратка презентација и донација на производите од норвешкиот бренд Möller's. На сите првачиња им беа поделени неколку Möller's производи.