понедељак, 26. јун 2023.

Одбележан Отворениот ден по граѓанско образование

Отворениот ден по граѓанско образование во оваа учебна година беше наменет за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот. Учениците од IX одделение организираа акција во која делеа летоци и флаери на учесниците во сообраќајот во нашата населба. Акцијата беше помогната и од двајцата полициски службеници од Полициската станица Драчево. Како резултат од акцијата, учениците, под менторство на наставничката по граѓанско образование, Валентина Јанкоска, овој настан го документираа во форма на краток видео филм и стрип. 

одговорен наставник : Валентина Јанкоска







среда, 21. јун 2023.

Етвининг проект ,, Take Action With Steam,,

Во периодот од февруари до мај училиштето е учествуваше во Етвининг проект,, Take Action With Steam,, во соработка со 12 земји од Европа(Романија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Полска, Шпанија, Либан, Словачка, Франција , Литванија и Македонија) во кој учество земаат учениците од прво а, в - продолжен престој и учениците од 2 г подрачното училиште во Пинтија. Во 2015 година, светските лидери се согласија на 17 глобални цели за постигнување 3 клучни работи до 2030 година. Запирање на екстремната сиромаштија. Борба против нееднаквоста и неправдата. Поправање на климатските промени. Глобалните цели за одржлив развој можат да ги исполнат овие обврски. во сите земји. За сите луѓе. За да се реализираат, сите треба да ги знаат овие цели. Со овој проект ќе се обидеме да најдеме решенија за овие проблеми со STEM за да ги постигнеме целите #Takeaction, преку реализација на активности, примена на ИКТ алатки, развој на логичко размислување на учениците преку користење на СТЕМ активности (наука, технологија, едукација и математика).

Проектот е реализиран и поставен на европската платформа и е во фаза на одобрување за ознака за европски квалитет.
Одговорни наставници : Маја Атанасовска Спасеска , Ирена Ѓоршевска







ПРОМОЦИЈА НА ПОСТИГАЊАТА НА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2014-2023

Како и секоја година така и оваа се реализираше промотивниот прием на постигањата на најдобрите ученици како и постигањата на ученикот на генерацијата 2014-2023 год.

Промоцијата се одржа во просториите на училиштето во присуство на поканетите ученици, родители , наставници, педагошка служба и директорот. Беа подготвени подароци и дипломи кои беа врачени од страна на директорот на улилиштето.Приемот течеше според однапред подготвено сценарио од страна на наставникот по македонски јазик Мишевска Љуба, со водителска улога на ученичките Ристовска Каја и Крстевска Милена.Постигањата се однесуваа на следните ученици:

Ученик на генерација Ивона Радеска

Димитар Жајковски, Лука Ивановски, Дарис Мекиќ, Борјан Петров, Марко Стефковски од 9а одделение

Јаневска Миа, Колигов Матеј, Маркоски Марко, Нумановиќ Тарик, Стаменкоска Лина, Шоклевски Константин и Перковска Дарија од 9б одделение

Марио Додевски и Ема Павловска од 9в одделение

Мила Станковска, Ивана Петреска, Марко Николовски, Јана Стамкова, Ева Арсова од 9г одделение








ЧИТАЊЕТО Е СУПЕР МОЌ

Неодамна беше објавен литературен конкурс во организација на издавачката куќа АРС ЛАМИНА на тема „Читањето е супер моќ“. Од испратените литературни творби од нашето училиште на ученичката Миа Јаневска од 9б одделение и беше доделена пофалница. Свеченото доделување се одвиваше на 17.06 2023 год во градскиот трговски центар  „Ист гејт мол“ во 11 часот. 

Ментор, Мишевска Љуба- предметен наставник по македонски јазик.







уторак, 20. јун 2023.

Извештај за реализирани Етвининг проекти

Е Твининг проект “Little Happiness with Handmade“-
“Малку среќа рачно изработена“                                                          
Земји учесници на проектот: Македонија, Турција, Португалија, Азербеџан и Романија.
    Нашиот проект е за ученици на возраст од 6-13 години. Целта е да се извлечете од стресот предизвикан од долгогодишната пандемија со изработка на културни и уметнички дела и да ги претворите производите во среќа со подарување или меѓусебно помагање. Во нашиот проект, кој ќе се реализира на начин што ќе ги опфати и загрозените ученици, планирано е учениците да откријат начини да се изразат преку културно-уметнички активности, а во исто време да се добијат со општествени вредности како одговорност, емпатија. и почитување преку активно учење преку активности за социјална помош. Целта е да се реализираат активностите со Web 2.0 алатки, интердисциплинарен пристап и иновативни методи.
    Проектот во нашето училиште беше реализиран од страна на одделенскиот наставник Маја Атанасовска-Спасеска и предметниот наставник по англиски јазик Магдалена Бадарова.
    Со завршување на проектот во целост училиштето ООУ,,Рајко Жинзифов,, н. Драчево, Скопје се здоби со  Европска ознака за квалитет на проектот.

Е Твининг проект “The Little European Tortoise That Will Change Our Lives“
Земји учесници на проектот: Македонија, Турција, Хрватска, Грузија, Италија, Литванија, Полска, Португалија и Шпанија. 
    Секое училиште ќе ја истражува желката Caretta Caretta, нејзините карактеристики и живеалиште. Училиштата ќе заклучат дека иако се на далечни и различни места во Европа, нивните карактеристики се многу слични и се корисни за да може нашата желка да ги насели сите овие средини. Затоа имаме заедничка задача, да се грижиме за оваа средина за да може нашата желка да живее во неа. Ќе работиме на различни типови текстови: описи, презентации, информативни и експозитивни текстови, и усно и писмено. Со оглед на карактеристиките на учениците, по можност тие ќе бидат орални. Учениците ќе ја именуваат оваа желка и ќе „патуваат“ со неа, знаејќи ги различните земји каде што ќе застане. На овие постојки ќе научиме за нивните плажи, како тие ги штитат и зачувуваат и ќе кондензираме кодекс на однесување меѓу момчињата и девојчињата за тоа како да се однесуваме кога одиме на една од нашите плажи.
 
    Проектот во нашето училиште беше реализиран од страна на одделенскиот наставник Маја Атанасовска-Спасеска и предметниот наставник по англиски јазик Магдалена Бадарова.
    Со завршување на проектот во целост училиштето ООУ,,Рајко Жинзифов,, н. Драчево, Скопје се здоби со  Европска ознака за квалитет на проектот.
Е Твининг проект “Very digital movements “

                                                                       Земји учесници на проектот: Македонија, Турција, Романија и Португалија. 
    Децата кои се обидуваат да се прилагодат на технолошкиот развој во дигиталната ера се наоѓаат во брзање. Тие се заморуваат додека се обидуваат да се прилагодат на овие случувања со кои се среќаваат за прв пат. Замислете ја фабриката за чоколади на Чарли! Четиринеделна авантура каде ќе наидеме на профили на деца кои се неактивни со користење на технологија, деца кои се зависни од технологија, деца кои имаат амбиција да победат поради дигиталната ера ги принудила да се натпреваруваат и деца кои се навикнати да добијат што сакаат поради семејната рамнодушност. Децата кои се неактивни во дигиталната ера ќе се најдат себеси како произведуваат дигитални движења среде фабрика додека ја подготвуваат својата танцова кореографија, ќе ги интегрираат технологиите на веб 2.0 во образованието, ќе сфатат дека победата е всушност само-развој и ќе уживаат поминуваат квалитетно време со своите семејства.
    Проектот во нашето училиште беше реализиран од страна на одделенскиот наставник Маја Атанасовска-Спасеска и предметниот наставник по англиски јазик Магдалена Бадарова.
    Со завршување на проектот во целост училиштето ООУ,,Рајко Жинзифов,, н. Драчево, Скопје се здоби со  Европска ознака за квалитет на проектот.









Институционална посета на Собранието на РСМ

На ден 25 април 2023 година, учениците од  IX одделение заедно со наставничката по граѓанско образование, Валентина Јанкоска, реализираа институционална посета на Собранието на Република Северна Македонија. Учениците имаа можност да се запознаат со работата и активностите на Собранието, како и да ги посетат просториите во кои се одвива законодавниот процес. 

Одговорен наставник : Валентина Јанкоска






Извештај за освоени награди на ниво на IV одделение природни науки и математика

Извештај за освоени награди на ниво на IV-а одделение

Стела Шоклевска
II награда на Општински натпревар по природни науки
II награда на Регионален натпревар по природни науки
Учество на Државен натпревар по природни науки

Ангела Шутковска
 III награда на Општински натпревар по природни науки
 III награда на Регионален натпревар по природни науки
 III награда на Општински натпревар по математика 
Учество на Регионален натпревар по математика

Анастасија Славковска
II награда на Општински натпревар по природни науки
III награда на Регионален натпревар по природни науки

Миа Нејкоска
III награда на Општински натпревар по природни науки
 III награда на Регионален натпревар по природни науки
Учество на Општински натпревар по математика
Учество на Регионален натпревар по математика

понедељак, 19. јун 2023.

Извештај од креативна работилница ,, Еко ревија,,

Во склоп на слободниот изборен предмет во IV-б одд  и ликовно образование во III –б, учениците дизајнираа облека од рециклиран материјал и ја изразија својата креативност и оригиналност. Изработија најразлични парчиња на облека од најлонски ќеси, најлонски вреќи, различен отпаден материјал употребија за модни додатоци како: чанти, шноли, очила, венчиња и сл. Потоа со своите креации се претставија со модна ревија пред своите соученици. 

Реализатори :Мануела Маркоска
Виолета Николин






Извештај за реализирани активности од наставата по француски јазик

Во рамки на наставата по француски јазик, во текот на второто полугодие се реализираа повеќе активности:

1. Регионален натпревар „Олимпијади“ за осмо и деветто одделение одржан во месец април на кој учествуваа ученици од нашето училиште при што ученичките Јована Пешова од 8а и Лина Стаменкоска од 9б се стекнаа со второ место и учествуваа на државниот натпревар кој се одржа во месец мај. 

2. Натпревар во изразно читање во организација на Француски Институт се одржа во месец мај каде што учествуваа три ученички од 9-б: Милена Крстевска, Амина Омеровиќ и Лина Стаменкоска. Францускиот Институт им додели бесплатно едногодишно членство во библиотеката и медиотеката, маици и повеќе списанија.

3. Со цел запознавање на училишните предмети и наставници кои предаваат во предметна настава, на 15.05.2023 учениците од 5-а, б и в го посетија кабинетот по француски јазик и имаа можност да ги видат презентациите на учениците од 9-б и 7-в и подобро да се запознаат со француската култура.

4. На 17.05.2023 учениците од 7-в го посетија Францускиот Институт во Скопје при што разгледуваа енциклопедии, сликовници и романи, следеа видео презентација за Франција и уживаа во виртуелна прошетка низ Париз. 

Одговорен наставник:

Анета Ѓуровска-Арсовска (наставник по француски јазик)






Извештај за уредување на подрачното училиште во Пинтија

Во подрачното училиште во Пинтија изминатите месеци март,април и мај учениците од IX и VIII заедно со настаниците по математика и ликовно од подрачното училиште земаа учество во акција за покривање на ишкртаните ѕидови на училиштето. Ги употребија старите гуми и палети и направија нови клупи за своите соученици и посетители на училиштето.
Одговорни наставници : Ленче Танушевска, Даниел Манасиев






Извештај од реализираната работилница по повод Одбележувањето на 10 јуни-Светскиот ден на сладоледот

Ако изминатитите години на 10 јуни го одбележувавме крајот на училишната година оваа 2023 година 10 јуни во нашата  училница го одбележувавме Светскиот ден на сладоледот. Се верува дека на тој ден во далечната 1786 година почнала првата продажба  на сладоледот во САД. 

Сладоледот е популарен замрзнат десерт што се прави од мраз, најчесто од млечни производи во комбинација со овошје или други состојки и вкусови. 
Во Денот на одбележувањето на овој популарен десерт и нашата паралелка  I-д одделение  активно се вклучи при што : заедно со учениците истражувавме каде започнува приказната за сладоледот, кој е најголемиот сладолед на светот според Гинисовата книга на рекорди, колку чини најскапиот сладолед, Игра-поврзи ја сенката на сладоледот  потоа изработувавме од хартија различни видови сладолед (на стаче,корнет) , гледавме рецепти на ТВ како се прави сладолед и на крај дегустираме  сладолед . 
Бидејќи повеќето видови сладолед содржат шеќер и други засладувачи заклучивме дека 
„Не е препорачливо често и прекумерено јадење сладолед.“
Нека е Честит Денот на сладоледот!
                                       
Одговорен наставник: Елена Стојановска







петак, 16. јун 2023.

Извештај за одржан натпревар по македонски јазик и литература

Оваа година во организација на општина Кисела Вода на 1.06.2023 година се одржа натпревар по македонски јазик и литература. На овој општински натпревар учествуваа по тројца ученици од сите четири генерации 6,7,8,и 9 одделение од сите основни училишта кои припаѓаат под оваа општина. Натпреварот се одржа во просториите на општината во соработка со сите наставници по македонски јазик кои предаваат во овие основни училишта.По објавувањето на бодовната листа од нашето училиште наградени се учениците:

 Стефан Стефковски 6а-прва награда

Калина Коларовска 6а-втора награда

Димитар Жајковски 9а-втора награда

Александар Муриќ 7в-трета награда

Милена Крстевска 9б-трета награда

Никола Арсовски 7б-трета награда

Честитки до наградените ученици и нивните ментори Каролина Коларовска и Љуба Мишевска, предметни наставници по македонски јазик.








среда, 14. јун 2023.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗИРАНАТА НАСТАВА ВО ПРИРОДА СО УЧЕНИЦИТЕ ОД V ОДДЕЛЕНИЕ

Во периодот од 6 до 9 јуни 2023 година, беше реализирана Настава во природа со учениците од V-то одделение. Наставата во природа беше спроведена според предходно изработена програма од страна на одделенските наставници на петите одделенија.

       Целта на оваа настава во природа беше преку четири дневен престој надвор од местото на живеење, низ едукација, другарување, рекреација, прошетки, забава и спортување, со примена и користење на современи педагошки форми и методи на работа, да се утврдат и прошират знаењата на учениците, како и да се стекнат нови знаења. Учениците да се запознаат со дел од својата татковина, со нејзиниот релјеф, со нејзините убавини и природни богатства.

    Наставата во природа беше реализирана во соработка со туристичката агенција „Дема Травел„ и во неа учествуваа вкупно 49 ученици од централното и подрачното училиште во Пинтија. Учениците беа сместени  во детското одморалиште ,,Михајлово,, со прекрасен поглед кон Кожув планина, опколено со стара борова шума, лоцирано на 40 километри од градот Кавадарци.

     Првата планирана посета беше античкиот локалитет Стоби. Овде учениците имаа можност да ја слушнат историјата на античкиот град Стоби и одблиску да се запознаат со неговиот изглед, како и со начинот на живот, културата и традицијата на неговите жители. Учениците ја слушнаа приказната за бањите, за античкиот театар (арената) и се воодушевуваа на прекрасните мозаици.

    По посета на локалитетот Стоби, патувањето продолжи понатаму.  Се упативме кон селото Ваташа каде ја посетивме спомен куќата на Страшо Пинџур, која е меморијален спомен музеј. Учениците беа топло пречекани и  запознаени со животот и револуционерната дејност на овој народен херој.                                                              

    Патувањето продолжи понатаму во посета на Спомен обележјето за дванаесетте младинци стрелани за време на НОБ. Тука учениците имаа краток одмор, ужина и во попладневните часови следеше пристигнување во одморалиштето.

     Во наредните денови следеа секојдневно организирани активности од страна на одделенските наставници, со постојано присуство на медицинска сестра. Утрата започнуваа со утринска гимнастика, потоа со задолженија за учениците: пополнување на наставни ливчиња, цртање, читање, активности околу прибирање и работа со податоци и други сл. Активности, а во попладневните часови беа организирани спортски активности и натпревари.

     Посета на  Експерименталната шума во близина на одморалиштето каде учениците  собира разни видови растенија со сите делови ( корен, стебло, лист, цвет) и изработија хербариум.

Во вечерните часови се организираа активности од културно-забавен карактер,кои поминуваа во ведро расположение и пријатна атмосфера.

      Четвртиот ден на враќање кон Скопје,  попатно ја  посетивме фабриката Кожувчанка во с.Мрежичко, каде учениците се запознаа со производството на минерална и обична изворска вода од изворите на Кожуф планина.  Попатно следеше посета на рибникот и винарската визба ,,Тиквеш,, каде стручно лице од винаријата ги запозна учениците со процесот на производство, зрење и складирање  на виното. Во попладневните часови  пристигнавме во Скопје.

    Учениците поминаа четири незаборавни дена со што ја покажаа својата дружељубивост, чувство за грижа и соработка, одговорност и сериозност кон поставените цели и активности, што беше олеснување да се реализираат сите предвидени содржини. Сите земаа активно учество во работата (едукативните содржини) и уживаа во прошетките, набљудувањата, спортските и слободните активности, а посебно во културно-забавната вечерна програма.

      Од ова заедничко патување  во сеќавањето на учениците ќе останат многу слики, многу убави спомени и нови другарства.  

Одговорни наставници: Кристина Никчевска, Маја А. Спасеска, Билјана Шоклевска, Цветанка Ѓорѓиевска