И оваа учебна година, како и претходните, ќе биде одбележан Месецот на книгата (15.10. до 15.11. 2020г.) на тема „Книгата е мојот најдобар другар“.
Одбележувањето ќе биде прилагодено на протоколите за
работа во услови на пандемија на вирусот КОВИД 19. За таа цел изготвениот материја
од едукативен, информативен и забавен карактер ќе им биде поделен во печатена
форма на учениците кои посетуваат настава со физичко присуство (III одд.), на одделенските раководители од IV и V одд.,
а за останатите материјалот ќе им биде поделен на наставниците по македонски
јазик и воедно ќе биде поставен на интернет на училишниот google drive.
https://drive.google.com/drive/folders/1pOjlluMu3G2xJgQMOzWUkIpcGdGxu_Q8
Училишен библиотекар: Никола Станковиќ
ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ - Обука „Образование за социјална правда“
Стручните соработници на ООУ „Рајко Жинзифов“ во текот на
септември - октомври учествуваа во обуката „Образование за социјална правда“,
во организација на Фондацијата на Европската Унија „ЕУ со тебе“, Фондацијата
„Отворено општество“ и НВО „Редовно на часови“.
Во обуката беа вклучени педагогот Весна Рафеска,
психологот Јасмина Пакашки и дефектологот Адриана Куковска. Три сесии од
обуката се одржаа онлајн (на 24. и 25. септември и 19. октомври), додека
последната, на 20 октомври, беше со физичко присуство во хотелот Холидеј ин.
Во текот на обуката се обработуваа теми од областа на
социјалната правда, идентитетот, предрасудите, стереотипите, дискриминацијата, етикетирањето,
круговите на насилство, сојузништвото, социјалното маргинализирање, стратегиите
на обвинување на жртвата, а обуката беше заклучена со темата за позитивна
акција.
Сите теми беа проследени со примери, вообичаени приказни,
со групни работилници, извлекување заклучоци и конструктивни стратегии како да
се избегнат ситуациите на социјална неправда во училиштата, а да се внесе дух
на соработка, инклузија и рамноправност на сите учесници во образовниот процес.
Иако дел од темите беа веќе добро познати, беше корисно
да се дознаат некои нови идеи и стратегии за справување со социјалните
неправди, предрасуди, стереотипи и дискриминацијата.