недеља, 31. мај 2020.

Мали, големи генијалци идни Оскаровци


Мали, големи генијалци идни Оскаровци

Учениците од 3-г одделение покажаа голема посветеност и креативност во нивната работа. Заедно со нивната одделенска наставничка Кети Сталеска овој период изработија многу интересни активности. Редовно се вклучуваа на Online наставата и си ги завршуваа домашните задачи. Но, со својата креативност под менторство на наставничката и со мала помош од најблиските изработија несекојдневни и уникатни изработки. Во зависност од нивната замисла, фантазијата, новите знаења кои ги стекнаа во текот на учебната година и талентите кои ги поседуваат изработија кратки уметнички дела, детски филмови. Учениците филмските творби ги изработија со цртање, со цртање и боење, со употреба на компјутерски програми како Power Point презентација и програми за цртање како Paint, детски играчки и  апликации од мобилен телефон. Филмските творби се кратки, но со јасна и концизна содржина. Дел од детските филмови се со реални ликови, дел се анимирани. Учениците покажаа голема инветивност и професионалност налик на големите филмски мајстори.







Учиме преку игра за сообраќајните средства


Креативноста, фантазијата и иновативноста не запира кај учениците од 3-г одделение. Користејќи ги стекнати знаења, учениците овој пат не изненадија со прекрасни изработки за сообраќајот и сообраќајните средства. Под менторство на одделенскиот наставник Кети Сталеска тие изработија фрагменти од градовите со посебен акцент на патиштата и крстосниците, океаните и небото каде ги оживеаја автомобилите, автобусите, бродовите, хеликоптерите, авионите.  Сите ќе се согласиме дека најубаво се учи кога се игра. Па драги ученици продолжете да го држите кормилото и патувајте со насмевки низ креативноста и трудот. Успехот е неминовен.  




 


среда, 27. мај 2020.

ТВ – училница


          На 12.05.2020 година (вторник), наставничката Сандра Трпчевска одржа час за седмо одделение на тема: „Согорување на фосилни горива“, во емисијата ТВ-училница. Истата недела на 14.05.2020 (четврток), часот кој го одржа беше на тема „Обновливи извори на енергија“, наменет за седмо одделение.




Учество со видео часови на Едуино, националната веб-платформа





По повикот на министерот за образование и наука  до училиштата и наставниците за организирање на е-настава за сите деца, МОН  во соработка со УНИЦЕФ подготвува национална платформа за е-настава. За таа цел учество земаа и одделенски наставници од нашето училиште кои имаат добри информатички способности и знаења. Таа платформа ќе понуди видео лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети. Видео лекциите се во траење од 15-тина минути и се  придружени со презентација и нарација/објаснување од наставничката/наставникот.

Од нашето училиште следните наставници се вклучија во втората група на подготвени  видео часови:

III oдделение Кети Сталеска, наставен предмет Природни науки, наставна содржина:Отпечатоци и допир
Линк: https://youtu.be/pV7heKVO9bg

III oдделение Ана Јаневска, наставен предмет Македонски јазик, наставна содржина: Состав по низа слики


V одделение Виолета Николин, наставен предмет Македонски јазик, наставна содржина Песна: Насекаде празник
            Линк: https://youtu.be/5RBHFoLPiJY



            Едуино, националната веб-платформа за образование можете да ја најдете на следната адреса:

http://www.eduino.gov.mk/

Училишен педагог Весна Рафеска






 

петак, 22. мај 2020.

Св. КИРИЛ и МЕТОДИЈ









Погледнете го и следново:
 Св.КИРИЛ И МЕТОДИЈ - Ивона Радеска - 6-г одд.





Извештај од реализираната активност по повод
Денот на Св. Кирил и Меродиј

Учениците од Vв одделение беа запознаени со ликот и делото на браќата Кирил и Методиј, а потоа добија насока да творат ликовно и литературно по повод 24 Мај - Денот на Словенските просветители Кирил и Методиј. Учениците своите творби ги испратија електронски.

                                 одделенски наставник: Виолета Николин




Кирил и Методиј - основоположници на словенската писменост


            Константин е роден околу 826/827 година година во Солун како најмало дете на Лав и Марија. Методиј е роден 815 година и е најстар син во фамилијата.
            Константин уште како дете покажувал интерес кон науката и се школувал во високи школи. Се вработил во Магнаурската школа како професор по филозофија и затоа го добил прекарот филозоф. Во 869 година се случуваат важни промени во словенската писменост. Римската црква го признава делото на Константин и Методиј. Тогаш Константин се замонашува и го добива името Кирил, а Методиј добива свештенички чин. по признавањето на словенската писменост Кирил се разболува и по кратко време умира, а на брат му Методиј му остава аманет, понатаму да ја шити словенската писменост. Методиј со своите ученици го продолжуваат своето дело, но набргу се наоѓаат зад решетки. Методиј исцрпен од болка умира, а неговите ученици биле протрани од Моравија и Панонија.
            За Кирил и Методиј најпознати биле Панонските легенди и Моравската мисија. Мисијата за светите браќа Кирил и Методиј била многу важна и од суштинско значење, творците на глаголицата се Партони на Европа, со признаено село од Ватикан.
ученик: Матеј Митрулов
Наставник Виолета Николин
 



Браќата  Кирил и Методиј

            Во минатото мојот народ немал своја азбука. Живеел во темнина, неписмен и слеп за убавините кои ги носи пишаниот збор. Тоа било така се додека кај  браќата Кирил и Методиј не се родила желба да го спасат својот народ од темницата и неписменоста.
            Кирил и Методиј земале многу голема одговорност пред својот народ,  тие почнале да ја создаваат глаголицата, Многу денови и месеци напорно работеле, творејќи ја азбуката. Во Цариград ја создале словенската азбука од триесет и осум букви. Тогаш почнале и да преведуваат црковни книги од грчки на словенски јазик. Додека ги преведувале книгите им помагале нивните добри ученици, со кои трегнале накај Моравија. Таму биле пречекани со многу почит и радост. Подоцна отвориле и училиште во кое би ги поучувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Но тогаш наишле на отпор од германските свештеници, кои ги обвинувале за ерес (погрешно учење). Тогаш биле приморани да одат во Рим да го докажат своето правоверие. После некое време Кирил во Рим се разболел и починал на 14 февруари 869 година. После тој трагичен настан методиј останал самсо своите ученици, кои му помагале да ги преброди лошите моменти. Но сепак омразата на германските свештеници не престанала, па по напорно и болно измачување Методиј починал во април 885 година, а бил погребан во моравската престолнина Велеград. Неговите ученици и понатаму биле измачувани, а некои дури и продавани како робови.
            Затоа сега по илјадници години треба да сме горди и среќни, пресреќни што имаме своја азбука, што сме писмени и можеме да учиме и да се надоградуваме на свој мајчин, македонски јазик.

                                                                          Ученик:  Матија Треневска V в одд.
                                                                               наставник: Виолета Николин
 



Песна за Кирил и Методиј

Моравска мисија тие имале
и за иднината на словените
убави дела смислиле.

Мисионери Кирил и Методиј биле,
основоположници на нашата глаголица се тие.

И денес ние
со вас твориме,
со вас создаваме,
со вас живееме,
со вас љубов даруваме,
делото ваше го пренесуваме.

Со вас учиме,
иднината наша ја градиме,
вашиот пат смело и цврсто го чекориме
и нови дела сздаваме.

Ви благодариме браќа наши Кирил и Методиј
што темнината од нашите умови
вие засекогаш ја тргнавте.

                                                                   ученик: Тамара Ангелеска V в одд
                                                                        наставник: Виолета Николин





Проект ТВ Училница


Учество на ТВ Училница проект кој се реализира на националната телевизија МТВ.
Министерството за образование со започнување на вонредната состојба во РСМ, во соработка со националниот сервис го реализира проектoт ТВ Училница како еден од начините за спроведување на on-line настава. За таа цел одделенскиот наставник Ирена Ѓоршевска реализираше  3 часа за V одделение со следните содржини:

Ден
Предмет
Наставна единица
Среда - 13.05.2020г
Општество
Република Северна Македонија и европската интеграција
Четврток – 14.05.2020г
Математика
Геометрија и решавање проблеми
Петок – 15.05.2020г
Македонски јазик
Лирска песна - обработка

                                                                           Ирена Ѓоршевска