понедељак, 27. фебруар 2017.

ФК ВАРДАР ВО ПОСЕТА НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Дел од вардаровите првотимци на 9 март 2017 година беа во посета на ООУ Рајко Жинзифов во  населба Драчево, Кисела Вода со што ја продолжија кампањата „Црвено-црни училишта“ по повод 70 годишнината од постоењето на клубот. 

Учениците од нашето училиште покажаа голем интерес да се дружат, фотографираат и земаат автограми од вардаровите фудбалери, а и подготовени ги дочекаа играчите пеејќи песна. 

Најпрво вардаровите фудбалери имаа дружба со учениците од одделенска настава, каде учениците од 4-а одделение им приредија изненадување пеејќи ја химната на ФК Вардар, а за спомен им подарија хамер со фотографии од клубот кој вредно го изработија со помош на нивните наставнички. Сите ученици од оваа одделение добија маица со логото на ФК Вардар, а задоволството и среќата од добиениот подарок се читаше од нивните лица.


„Навистина сме пријатно изненадени од дечињата кои што се подготвиле и со песна не дочекаа при оваа посета. Нема подобро чувство од тоа кога ќе се види искрена детска насмевка, и ние сме горди што денеска успеавме да ги израдуваме децата, но и тие нас со оваа песна“, велеа Вардарци. 
Потоа дружбата продолжи на училишните спортски терени каде учениците од седмо, осмо и девето одделение имаа можност да остварат познанства, да се фотографираат со вардаровите фудбалери и земаа нивни автограми.




 ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА


Во рамките на додатната настава во просториите на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ на 4. март 2017 г. (сабота) се одржа општински натпревар по биологија и природни науки.На натпреварот учествуваа осумте општински училишта на територијата на општина Кисела Вода .
   Од нашето училиште на натпреварот по биологија учествуваа вкупно 41 ученик од кои: 31 ученик  од централното и 10 ученика од подрачното училиште во н.Пинтија . Честитки за постигнатите солидни резултати со кои 33 ученика одат на регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 8 април 2017г.. Се надеваме дека добрите резултати ќе се повторат.
VII одделение   паралелка    бодови     награда              ментор
1.Ели Петреска                б                         44                    II                 Љубица Наумовска
2.Зерина Чолиќ               а                         41                    II                 Љубица Наумовска
3.Горазд Гигов                г                          41                   II                  Билјана Милутиноска
4.Мила Маркоска           б                        40                     III                 Љубица Наумовска
5.Ева Карамановска       б                        38                     III                Љубица Наумовска
6.Кристина  Наумовска  в                        38                    III                 Љубица Наумовска
7.Лука Тодевски             б                        38                     III                 Љубица Наумовска
8.Ангел Блажевски         г                        38                    III                  Билјана Милутиноска
9.Марко Георгиев           г                        38                    III                  Билјана Милутиноска
10.Амина Бихорац          в                       35            пофалница          Љубица Наумовска
11.Рабела Љокановци     в                       32            пофалница          Љубица Наумовска
12.Тајла Беровиќ             а                        27            пофалница          Љубица Наумовска

VIII одделение    паралелка     бодови      награда           ментор
1. Стефанија Радеска            д                     76                      II             Билјана Милутиноска
2. Теодора Анчевска             а                     69                      III            Љубица Наумовска
3. Давид Ѓорѓиевски            б                     63              пофалница      Љубица Наумовска
4.  Дамјан Георгиевски         г                     63              пофалница      Љубица Наумовска
5. Самра Цуриќ                      г                     61              пофалница      Љубица Наумовска
6. Ана Кузмановска               б                    59              пофалница      Љубица Наумовска
7. Борјана Ѓорѓиевска           а                     59              пофалница      Љубица наумовска
8. Јана Кузмановска             б                      57             пофалница       Љубица Наумовска
9. Викторија Атанасовска    д                      56             пофалница      Билјана Милутиноска
10.Теодора Стојчевска         д                      50              учество           Билјана Милутиноска
11.Јана Андреска                   а                     48              учество            Љубица Наумовска
12. Калина Груевска              а                     41             учество             Љубица Наумовска
13.Кристина Стефановска   а                      41             учество              Љубица Наумовска 
14.Миа Здравковиќ               а                      41             учество             Љубица Наумовска
15.Мила Мишовска               б                     37              учество             Љубица Наумовска

 IX  одделение    паралелка    бодови       награда             ментор
1.Глорија Атанасова               г                 89                       II                Билјана Милутиноска
2.Ана Марија Тенџеревска    а                  86                      II                   Љубица Наумовска
3.Амар Дрпљанин                  в                  81                      II                Љубица Наумовска
4.Анастасија Донева              а                 79.5                    III                  Љубица Наумовска
5.Анастасија Велковска          в                78.5                    III                 Љубица Наумовска
6.Ана Марија Трајковска        в                 78                      III                 Љубица Наумовска
7.Нена Павловска                    а                 78                      III                 Љубица Наумовска 
8.Михаил Блажески                б                73.5                    III                  Љубица Наумовска
9.Филип Георгиев                   г                72                       III               Билјана Милутиноска
10.Исмар Дрпљанин               в                69.5            пофалница        Љубица Наумовска 
11.Јована Петровска                г                68               пофалница        Љубица Наумовска
12.Моника Давчевска             а                 68               пофалница       Љубица Наумовска
13.Стефани Арџелиева            г                65              пофалница        Билјана Милутиноска
14.Магдалена Петрушевска   а                  57              пофалница        Љубица Наумовска

                                                     Одговорни наставници:
                                                    Проф. Љубица Наумовска
                                                     Проф. Билјана Милутиновска




МАРТИНКИ И ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД
1 МАРТ- „СРЕЌНА БАБА МАРТА“



На 01.03.2017 година, во 11.00 часот, учениците од II-б одделение заедно со одделенскиот наставник Татјана Трпеска, го посетија Паркот  на бранители во населба Драчево, каде што претходно изработените честитки и мартинки, беа доделени на присутни посетители.


На оваа активност во организација на општина Кисела Вода, заедно со нашите ученициод II-б одделение од нашето училиште беа присутни ученици и наставници и од училиштето ,„Кузман Шапкарев“,  дечиња со нивните воспитувачи од градинката „8 Март“ од н. Драчево, како и многу родители на нашите ученици и случајни минувачи. Во посета на оваа активност дојде и директорката на нашето училиште Елизабета Славковска на која учениците исто така и дадоа изработена честитка во знак на внимание и сеќавање за овој ден, со желба за многу здравје, љубов и среќа.

 
По убавата дружба на сите присутни и поделбата на мартинките,   во 12.00 учениците си заминаа со своите наставници.

                                                                    Одговорен наставник Татјана Трпеска


ПОСЕТА НА СОБРАНИЕ НА РМ


НА 24.02.2017 БЕШЕ ИЗВЕДЕНА ПОСЕТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ПОСЕТАТА БЕШЕ ИЗВЕДЕНА ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЧЕТВРТИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ПРЕДВОДЕНИ ОД ОДДЕЛЕНСКИТЕ РАКОВОДИТЕЛИ : МАЈА АТАНАСОВСКА СПАСЕСКА, МИРА ЈОВЕСКА, БОГДАНКА ПАНОВСКА И КРИСТИНА НИКЧЕСКА. ЦЕЛТА НА ПОСЕТАТА БЕШЕ ЗАПОЗНАВАЊЕ СО РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО НА РМ КАКО ИНСТИТУЦИЈА, НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА СОБРАНИЕТО, ОДНОСОТ НА СОБРАНИЕТО СО ДРУГИТЕ НОСИТЕЛИ НА ВЛАСТА, РАКОВОДЕЊЕ НА СОБРАНИЕТО.  ВО ТЕКОТ НА ПОСЕТАТА УЧЕНИЦИТЕ БЕА ВОДЕНИ ОД СТРАНА НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ВРАБОТЕНО ВО СОБРАНИЕТО КОЕ ГИ ЗАПОЗНА УЧЕНИЦИТЕ СО РАБОТАТА И ПРОСТОРИИТЕ ВО СОБРАНИЕТО. УЧЕНИЦИТЕ ИМАА МОЖНОСТ ДА ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА ЗА КОИ ДОБИЈА КОНКРЕТНИ ОДГОВОРИ. НА КРАЈОТ ОД ПОСЕТАТА УЧЕНИЦИТЕ ДОБИЈА ЛЕТОЦИ – ИНФОРМАТОРИ ЗА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.




21 Февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во организација на Секторот за образование, наука, култура и спорт при општина Кисела Вода,
21 Февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
се одбележа во ООУ„Невена Горгиева - Дуња“, каде наши ученици освоија две први и едно второ место на литературниот и ликовниот конкурс:
-Ева Карамановска: 7-б одд. - прво место за литературна творба (проза),
-Ели Петреска: 7-б одд. - прво место за ликовна творба и

-Мила Маркоска: 7-б одд. - второ место за ликовна творба.









Нашето училиште, воедно доби и Благодарница за учество на конкурсот.



Најдобар начин да ја предвидиш својата иднина е да ја создаваш

              Секој од нас си ја живее својата животна приказна. Само од нас зависи каква е таа и дали ќе се раскажува во иднина. Ако приказната се раскажува значи дека убаво си го живеел животот, си успеал и си останал запаметен. Така е и со оваа приказна. Приказна за мојата иднина и тоа како јас замислувам да ја создадам. Иднината сам ја создаваш и затоа треба да го изнајдеш вистинскиот пат  по кој ќе зачекориш. Создавањето е уметност. Создавањето секогаш  прво е замисла  во главата, во душата. Ги сакам прошетките низ мојата душа. Сакам кога во главата ми навираат илјадници мисли, убави зборови, реченици и секоја од нив ми вели:
     -  Раскажи ме мене, не раскажи ме мене...
Постојано се обидувам да напишам поубав состав од претходниот, да исткаам поубави и почуствителни зборови. Сите мои чувства ги искажувам преку зборовите напишани со моливот кој во мојата рака станува моќно оружје. Во мојата рака се наоѓа универзалниот клуч  со кој можам да ги отворам сите врати.  Овие денеска, и оние од минатото. Создавањето на убави литературни дела е создавање на љубов. А, за да создаваш потребно е да имаш свој мајчин јазик, свое писмо. Мајчиниот јазик прави пат да чекорат сите оние кои знаат каде чекорат низ животот. Животот е еден краток пат низ времето. Делата што ќе ги оставиме зад нас не врзуваат како светлина која ја носиме во нашите срца. Јас создавам убави мисли. Еднаш ... наставничката ми рече:
   -“Ева, сè додека се обидуваш да создадеш убаво дело, никогаш    не можеш да изгубиш. Ако се обидеш ќе видиш кој е твојот пат. Ќе видиш која е твојата цел, и каде е твојата иднина. Тие што се осмелуваат никогаш не губат! Светот им прави пат само на оние кои знаат каде чекорат. Светот ти ги отвара портите до сите твои желби и мечти.
            Горда сум! Јас сум најскапоцениот дијамант оставен од претците! Јас сум тагата, среќата, достоинството, истрајноста, љубовта... јас сум сé она што ќе го напишам и оставам за да допре до вашите срца!
           Јас сум иднината на пишаниот збор!

Ева Карамановска 7б одд.
Рајко Жинзифов н. Драчево
Ментор: Љуба Мишевска


НАТПРЕВАРИ ПО МАТЕМАТИКА

На 14. 02. 2017год. во просториите на нашето училиште во организација на предметните наставници по математика се одржа училишен натпревар по математика на кој учествуваа учениците од IV  до  IX  одд. Задачите ги соствија и прегледаа наставничките Ленче Танушевска, Виолета Павлеска и Марина Станоеска.

Од  18 ученика од IV-а,б,в,г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се четири први места, пет втори места, едно трето место и четири пофалници:
1.Мила Атанасова  IV-а - I место
2.Дамјан Стефковски  IV-в - I место
3.Алек Тренески  IV-а - I место
4.Јован Танев  IV-в   - I место
5. Матеј Петрушевски  IV-а  - II место
6. Мила Тасевска  IV-а - II место
7. Јован Јанковски IV-а   - II место
8. Софија Богдановска IV-г - II место
9. Инес Стојческа  IV-а - II место
10. Моника Стојанова    IV-г  - III место
11. Адам Памплиета Ѓ.  IV-в - пофалница
12. Атила Зеќири  IV-в - пофалница
13. Јасмина Лазаревиќ IV-в - пофалница
14. Марија Костадиновска IV-б - пофалница

Од  19 ученика од V-а,б,в,г одд кои учествуваа на натпреварот  освоени се едно прво место, едно второ место, пет трети места и две пофалници:
1.   Матеј Тевдовски  V-б  - I место
2.   Никола Десковски V-б  - II место
3.   Андреј Ангелески  V-а - III место
4.   Иво Кајмаками  V-а - III место
5.   Андреј Митев V  - III место
6.   Бојан Петровски  V - III место
7.   Урфета Тополец  V - III место
8.   Александра Андонова V-в - пофалница
9.   Ива Нумановиќ V-г  - пофалница
Од  23 ученика од VI-а,б,в,г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се едно прво место, три втори места, осум трети места и една пофалници:
1. Емељ Чико  VI-б  - I место
2. Петар Кировски  VI-б  - II место
3. Едис Пепиќ  VI-б  - II место
4. Ангела Здравеска  VI-г  - II место
5. Христијан Таневски   VI-г  - II место
6. Ања Стојкова  VI-в  - III место
7. Дамјан Коларовски  VI-в  - III место
8. Јована Николовска  VI-в  - III место
9. Катерина Павловска   VI-в  - III место
10. Лука Бакиќ  VI-в  - III место
11 .Филип Трпевски  VI-б  - III место
12.Јана Велковска  VI-а  - III место
13. Симона Јовановска  VI-г  - пофалница

Од  23 ученика од VII-а,б,в,г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се двe први места, едно второ место, две трети места и седум пофалници:
1.   Ели Петреска    VII-б  -  I место
2.   Ева Карамановска VII-б -  I место
3.   Драган Јовановски VII-б  - II место
4.   Ненад Јовановиќ VII  - III место
5.   Мила Маркоска VII-б  - пофалница
6.   Софија Тодоровска VII  - пофалница
7.   Ема Андреска VII-а  - пофалница
8.   Нејра Суљовиќ VII - пофалница
9.   Ангел Блажевски VII - пофалница
10.Марија Петрова VII - пофалница
11.Даниел Јанков VII - пофалница

Од 9 ученика од VIII-а,б,в,г,д одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се двe први места, три  втори места, две трети места и две пофалници:
1.Давид  Ѓорѓиевски VIII - I место
2.Дамјан Георгиевски VIII - II место
3.Симона Данчева  VIII - II место
4.Марија Трајаноска  VIII - II место
5.Теодора Вељаноска  VIII - III место
6. Давид Георгиевски  VIII - III место
7. Теодора  Анчевска   VIII - пофалница
8. Ирена Танушевска   VIII -  пофалница

Од  7 ученика од IX- а,б,в,г одд. кои учествуваа на натпреварот  освоени се: две втори места, три трети места и две пофалници:
1. Тамара Цветковска  IX- г  - II место
2. Филип Ѓорѓиев  IX- г   - II место
3. Исидора Јаковлевска  X- г   - III место
4. Михаела Костовска   IX- г   - III место
5. Глорија Атанасова   IX- г   - III место
6. Ангела Трајковска   IX- г   - пофалница
7. Јована Петровска IX- г  - пофалница         





  Учениците кои имаа освоено најдобри резултатаи учествуваа и на Општинскиот натпревар по математика одржан на 25.02.2017 год.

Резултати од општинскиот натпревар по математика

Име и презиме на ученикот
одделение
Освоени поени
Освоено награда

 Никола  Десковски
5
100
I Награда
Мила Анастосова
4
80
II Награда
Марко Стефковски 
6
80
II Награда
Петар Кировски
6
80
II Награда
Филип Трпески
6
80
II Награда
Емељ Чико
6
78
II Награда
Алек Тренески
4
77
II Награда
Матеј Тевдовски
5
60
III Награда
Давид Ѓорѓиевски
8
52
Пофалница
Дамјан Стефковски
4
45
Пофалница
Тамара Цветковска
9
41
Пофалница
Симона Данчева
8
40
Пофалница