уторак, 17. јануар 2017.
НАБАВКА НА НАГЛЕДНИ СРЕДСТВА
Според Планот за развој на училиштето
2016/2017-2018/2019 од развојната цел: Постигнување повисоко ниво на мотивација
кај учениците и подобрување на редовноста во училиштето, една од активностите е набавка на нагледни
средства.
Во текот на учебната 2016/2017 год. во месец декември училиштето направи набавка на нагледни
средства за потребите во одделенска настава и тоа дидактички материјали за математика
од прво до шесто одд., постери : азбука и правилна исхрана, лупи и географски
карти на Р.Македонија.
Се изврши и набавка на 221 лектирно издание
за потребите на учениците од второ до деветто одд. при што се зголеми
библиотечниот фонд на библиотеката во нашето училиште.
ТРАДИЦИОНАЛНА МАКЕДОНСКА ПОСНА ТРПЕЗА
Проектот “Традиционална
македонска посна трпеза”, со поддршка од
општина Кисела Вода, се реализира веќе четврта година и има за цел зачувување
на традиционалните вредности преку приготвувaње на храна по рецепт
на нашите баби кои пак користеле свежи продукти од природата, без конзерванси,
што е особено важно за здравјето на децата.
На настанот на кој присуствуваа бројни
гости, беа истакнати заложбите на општина Кисела Вода за здрава исхрана на
учениците. Посните
македонски традиционални специјалитети и годинава беа подготвени од родителите
со учениците, наставниците
и соработниците од сите општински училишта од овој дел на градот.
Нашето
училиште зема учество во реализација на проектот и се претстави со своја богата
традиционална трпеза и за тоа доби Благодарница од организаторот.
Пријавите се на:
Постови (Atom)