субота, 31. децембар 2016.

новогодишна приредба

          Според Годишната програма за работат на нашето училиште на 26. 12. 2016 година во просторииите на нашето училиште се одржа новогодишна приредба. На приредбата уќрство зедоа учениците од IV и V одделение како и најмалите - првачињата. Со драматизации и кореографии на новогодишни песни, учениците се претставија пред родителите и своите другарчиња.

               Одговорни наставници:  Маја Атанасовска Спасеска и
                                                              Валентина Димишковска


четвртак, 29. децембар 2016.

проектот „Новогодишна панорама“

Новогодишна приредба  во присуство на родители од II – б одделение
 како дел од
проектот „Новогодишна панорама“
На 23.12.2016 г. во присуство на 25 родители од  II - б одделение како и педагогот, психологот и дефектологот на училиштето, беше реализирана Новогодишна приредба во која зедоа учество сите ученици од нашето одделение. Приредбата започна во 09.45 часот и траеше до 10.30 часот. На истата беа презентирани повеќе точки од учениците и тоа беше по однапред утврдено сценарио со следниот распоред :
1.      Водители: Луана и Тео
2.      Прв настап на  5 ученици со стихотворби – Андреа,Васил,Тео, Харис,Ајла
3.      Драматизација Дедо Мраз
4.      Ученици: Тамара, Леон, Андријана, Фарис, Андреа, Луана, Ајла
5.      Втор настап на 6 ученици со стихотворби- Андријана, Фарис, Тамара, Леон, Џејла, Марко
6.      Ритмичка точка на  песна ,,Журка,,-фестивал Златно Славејче 2016 г.
7.      Трет настап на 4 ученици со стихотворби – Матеј, Луана, Дамир, Денис
8.      Свирење на музички инструменти – песна ,,Gingle bells,,

Целите на приредбата беа целосно исполнети и сите ученици беа задоволни од својот настап.

НОВОГОДИШЕН БАЗАР

         На ден 23.12.2016 година со почеток во 10.30 часот во II-б одделение  во соработка со родители беше реализиран Новогодишниот базар со изработени украси  за Нова Година. Зедоа учество сите родители на учениците од паралелката и беа собрани парични средства кои беа искористени за потребите во нашето одделение.
                                                                      Одговорен наставник Татјана Трпеска


уторак, 27. децембар 2016.

Од посетата на домот за деца без родители „11 – Октомври“, Скопје

На  26.12.2016г. учениците од 5-г одделение од подрачното училиште од  Пинтија заедно со својата наставничка Кети Сталеска ги посетија децата од домот за деца без родители „11 – Октомври“, Скопје. Целта на посетата беше да се развиваат хуманоста, солидарноста, соработката, другарството кај учениците - вештини кои им помагаат на учениците за правилен социо-општествен развој како индивидуи. Другарчињата заедно со своите воспитувачки топло не пречекаа. За нашата посета се потрудиле да подготват различни ритмички точки за радосен дочек на Новата година со кои се претставија. Потоа и учениците од 5-г одделение се претставија со своја ритмичка точка на песната - Kalimba - Mr. Scruff  со која ги воодушевија присутните. Децата се запознаваа меѓусебно, другаруваа, танцуваа, се забавуваа. При крајот на посетата еден ученик кој беше маскиран како Дедо Мраз им ги подели новогодишните честитки изработени од вредните раце на учениците од 5-г одделение и подароците - училишниот прибор. На радоста и немаше крај. Насмевки и задоволство на секаде. Во знак на благодарност добивме врамена слика изработена од вредните рачиња на децата од „11 – Октомври“ и БЛАГОДАРНИЦА. Исто така со желба за подолготрајна соработка им подарив примерок од мојата книга „Учење преку игра“. 
                                                     Одговорен наставник: Кети Сталеска




ПОДАЈ РАКА ОД СРЦЕ ДА СЕ САКА

Учениците од V-г одделение од подрачното училиште во Пинтија, заедно со својата наставничка Кети Сталеска организираа хуманитарна ликовна изложба под мотото:

     

 Од почетокот на учебната година учениците вредно цртаа, сликаа, обликуваа и дизајнираа ликовни творби и истовремено со голем интерес учеа за ликовниот јазик (ликовните елементи, принципи, подрачја, техники). Стекнатиот  труд и знаења успешно ги сумиравме презентирајќи ги пред учениците од I, II, III, IV одделение и нивните одделенски наставници и останатите вработени и ученици од училиштето кои покажаа интерес за посета на изложбата.


Хуманитарната ликовна изложба се одржа (петок и понеделник) на 9. и 12.12.2016г. Секое одделение беше покането со покана и изложбата ја посети засебно, водено од 4 тима со по 6 ученици кои имаа различни задачи како презентери, организатори и водичи на ликовната тура, публицисти. Еден ученик од нашето одделение ја имаше улогата на менаџер на целокупниот проект,  а двајца ученици беа задолжени за фотографирање. Додека нашите гости ги разгледуваа цртежите и останатите изработени творби, двајца ученици играа шах, на една од творбите кои се изработени од учениците, а истовремено група од ученици моделираа од глина: Музичар со иструмент, како вистински уметници. При посетата на ликовната изложба посетителите донираа училишен прибор и заедно со приборот кој е дониран од  учениците од 5-г одделение ќе биде организирана посета на деца без родители и истиот ќе им биде подарен. Но, најважна  цел од оваа средба беше дружбата, ширењето нови познаства и искуства. Во завршниот дел на ликовната изложба, нашите посетители беа почестени со бонбончиња, пораки со мудри мисли и им беше врачена БЛАГОДАРНИЦА.
        Проектот е реализиран со подршка на директорката Елизабета  Славковска, на која исто така и се врачи БЛАГОДАРНИЦА.                                                           
                                                               



                                                                         Одговорен наставник: Кети Сталеска





  

Истражување : Присуството на страв кај учениците со различно ниво на постигнувања и различни стилови на однесување во семејството

Задачи на истражувањето:
*        1. Да се утврди видот и степенот на присутен страв кај учениците од седмо одделение (споредба во два периода 2006 и 2016 год.)
*         2. Да се утврди поврзаноста помеѓу различни видови страв  и успехот на учениците;
*        3. Да се утврди поврзаноста помеѓу  успехот и различните стилови на  родителство

Примерок : 88 ученици од седмо одделение
Применети инструменти :
*        1 . Прашалник за присуство на различни видови стравови;
*        2.Прашалник „ Однос родител-дете“
* Страв поврзан со учлиштето (при обработката е земен највисокиот интензитет-многу)
тврдење
2006
2016
Се плашам од постигнување слаб успех во училиште
53,4
59,0
Се плашам кога наставниците испитуваат
12,9
29,5
Се плашам кога правиме тестови,писмени,
контролни
35,3
32,9
Се плашам од екстерно тестирање
29,5
Се плашам од изрекување на  некоја педагошка мерка
51,7
69,3

* Страв поврзан со семејството
тврдење
2006
2016
Се плашам од примена на казни од страна на родителите (забрани)
25,0
26,1
Се плашам од примена на физичка казна од родителите
31,0
17,0
Се плашам да не се разболи некој член од семејството
66,4
65,9
Се плашам од разделби (развод,напуштање и сл.)
72,4
85,2

*Страв поврзан со други  фактори
тврдење
2006
2016
Се плашам од временски непогоди (поплави,земјотреси и сл.)
52,6
39,7
Се плашам од сообраќајни несреќи
50,0
59,1
Се плашам од сиромаштија
50,0
27,3
Се плашам од војни
64,6
55,7
* Учениците со различно ниво на постигнување манифестираат страв во висок процент со нагласен интензитет ;
*Кај двете групи ученици нагласен е стравот од разделби , од напуштање на некој член од семејството ;
*Манифестирањето на овој вид на страв говори колку учениците се чувствуваат несигурни во своето семејство, а тој страв секако се рефлектира многу пошироко и врз општата сигурност на детето во секоја средина,па и во училиштето ;
*Дел од причините за честото манифестирање на насилство кај учениците од оваа возраст можеме да ги бараме токму во оваа насока, затоа што насилството изразува револт,несигурност, независно дали причинителот е семејството или училиштето;
* Кај испитаните  ученици се забележува дека  доминантен стил  на однесување кај нивните родители е демократскиот, во помал процент е застапен авторитарниот и попустливиот стил;
*Во најголем број од семејставата  на учениците од овој примерок постојат правила на однесување, но тие не се  често  образложени  пред  нивните деца;
*Голем број од родителите им ги  исполнуваат сите желби на своите деца;
*11,3 % од учениците со послаб успех сметаат дека нивните родители се преокупирани со сопствените потреби  и не им посветуваат доволно време;
*Учениците сметаат дека нивните родители  поминуваат доволно време со нив ,
*Авторитарниот  стил на воспитување е повеќе  присутен  кај  учениците со пониско ниво на постигнувања, а демократскиот кај учениците со повисоко ниво на постигнувања. Ефектите  од  демократскиот  стил  на  однесување е јакнење на самодовербата,одговорноста,повисоко ниво на самоконтрола,повисок успех.

Заклучок и насоки :
1.Учениците од овој примерок манифестираат  страв од различен вид со висок интензитет ;
2.Најизразен е стравот од : напуштање на некој член од семејството, од изрекување на педагошки мерки,да не се разболи некој член од семејството,од сообраќајни несреќи и постигнување на слаб успех ;
3.Кај двете групи ученици (ученици со одличен успех и ученици со пониски постигнувања) најизразен е стравот од разделби, да не ги напушти некој член од семејството;
4.Најголем број од учениците се изјасниле дека во нивните семејства се практикува демократскиот стил на воспитување , но не е мал бројот на ученици кои се изјасниле дека има авторитарен стил на воспитување во нивните  семејства (повеќе кај учениците со пониски постигнувања);

*        Наведените податоци од ова истражување  укажуваат на  емоционална состојба кај учениците  која секако може значајно да влијае врз секојдневното живеење во училиштето и семејството.
*        Потребно е да се создаваат услови каде се помалку ќе се манифестираат овие видови стравови и каде ќе се има можност да се намали нивниот интензитет.
*        Секојдневното живеење со висок степен на интензивен страв од повеќе чинители значајно делува на севкупното ментално здравје на секоја личност,особено во овој развоен период во кој се учениците од испитаниот примерок.


                                                                                                         Психолог:  Јорданка Радевска