четвртак, 26. март 2015.

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

         Согласно годишното планирање  на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието со партнерското училиште ЦОУ„Алија Авдовиќ“-с. Батинци се започна со реализација на заедничка долготрајна активност под наслов „Убавините на различностите“  која ќе се реализира во повеќе работилници во текот на оваа полугодие.

          Првата работилница  под мотото „Заедничко пролетно цртање“ се одржа на договорената дата 24.03.2015г. (четврток) во просториите на ООУ„Рајко Жинзифов“. Во договорениот термин пристигнаа учениците од ЦОУ „Алија Авдовиќ“ заедно со нивните наставници и членови од тимот за МИО. Од нашето училиште наставници кои се реализатори на оваа активност се Маја А. Спасеска и Моника Трајковска, како и училишниот психолог и педагог.
       Во работилницата беа вклучени по 12 ученика или вкупно 24 од вторите одделенија изедначени и по етничка и по полова еднаквост. По случаен избор се формираа групите за работа. За цело време на активноста напоредно се користеа двата јазика т.е. се зборуваше на македонски и албански јазик. 
     Активностите на учениците беа грижливо одбрани за да можат да се запознат, соработуваат, дружат и да учат едни за други.

      Ликовните творби заеднички ги залепија на едно заедничко пано.
       Покрај заедничко ликовно творење учениците имаа можност да ги именуваат цртежите на двата јазика.
        На крајот од работилницата учениците  добија по една вкусна ужинка.

                                                                                         Училишен педагог
                                                                                           Весна   Рафеска

уторак, 24. март 2015.

ПОСЕТА НА ПАРКОВИТЕ ЧИИ ИНВЕСТИТОР Е ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА


НА ДЕН 17.03.2015 ГОДИНА БЕШЕ ИЗВЕДЕНА АКТИВНОСТ СО УЧЕНИЦИТЕ ОД VIб и VIв ОДДЕЛЕНИЕ. АКТИВНОСТА БЕШЕ ИЗВЕДЕНА ВО ПАРКОТ НА БРАНИТЕЛИТЕ ЧИИ ИНВЕСТИТОР Е ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА. ПРИ ПОСЕТАТА НА ПАРКОТ УЧЕНИЦИТЕ ИМАА АКТИВНОСТИ ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, КАКО И ПО ПРЕДМЕТОТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК, СО ШТО УЧЕНИЦИТЕ ГО НАЈАВИЈА И КАЛЕНДАРСКОТО ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ПРОЛЕТТА. 






НАСТАВНИЦИ:
ГОРАН АНДРЕЕВСКИ
АНЕТА МАКРЕВСКА

понедељак, 23. март 2015.

21 Март - Ден на пролетта

Согласно Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2014/2015 година на 20 март (петок) во нашето училиште се реализираа активности за одбележување на Денот на пролетта.

Учениците од предметна настава заедно со класните раководители беа вклучени во расчистување и уредување на училишниот двор.



Свој придонес дадоа и вработените од техничката служба.


Особено внимание се посвети на уредување на зелените површини во училишниот двор.


Наставниците од одделенска настава заедно со своите ученици се потрудија и ги уредија своите училници  и училишни холови во пролетен амбиент.








 Учениците на тој ден твореа и на тема ЕКОЛОГИЈА.



Родителот е наставник

ПРОЕКТ:  „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

ЦЕЛ: Зајакнување на врската,  родител-ученик-наставник“, преку која ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно образовниот процес во основното образование.

АКТИВНОСТ „Родителот е наставник“ - организација на ден на „родители-предавачи“, односно предавања од страна на родители стручни во одредена област на пр: Злоупотреба на дрога,  компјутерски криминал, превентивна дентална заштита, едукација за здрава храна  или некоја друга стручна област).



Во рамките на горенаведената активност на 12.03.2015 година (четврток) во петтите одделенија се реализираше предавање од страна родителот д-р Ѓорги Караманов. Предавњето носеше наслов „Цигарите, алкохолот и дрогата - најчесто користени наркотици“ и соодвествуваше и по возрасната група на ученици и според програмските содржини на учениците од петто одделение.


Родителот-предавач се обиде содржините да ги приагоди според возраста на уечениците и предавњето се реализираше со интеракции со учениците. За цело време на предавањето следеа и видео презентации. Беа опфатени сите ученици од петто одделение во две групи по еден училишен час од 40 минути.