Секоја година општина Кисела
Вода објавува лиературен и ликовен конкурс каде учениците преку стихови и
цртежи ја искажуваат љубовта кон мајчиниот јазик.Темата на овогодинешниот
конкурс беше: “Македонскиот збор
клокоти, се лее, секој мајчин збор душа грее“. Од нашето училиште
ученичката Јована Пешова од 9а одделение под менторство на наставничка Мишевска
Љуба, освои прва награда.Свеченото доделување на наградите се одржа во домот на
културата Билјана Беличанец во 12 часот.
Македонскиот
збор клокоти, се лее,
секој мајчин збор душа грее
Ние
сме народ со најдлабок корен,
стар
јазик древен, низ векови воден.
Јазик
македонски е библиско име,
вистина,
која не може да се сокрие.
Јазикот
е наше исконско оружје свето,
кое
од дедо на внук се предава ко аманет чесно.
Аманетот
ќе го чуваме како зеница во око,
нека
грмне глас највисоко!
Јазикот
македонски е богатство наше,
секој
Македонец тоа ќе го каже.
Зборови
ко бисери тивко што се нижат,
гердани
од љубов на сечии врат висат.
Зборот
македонски како сонце грее,
пишан
или усно песна се пее.
Било
приказна, сказна или една бајка,
песна
за Македонија-нашата мајка.
Клокоти
изворот на зборот македонски,
жубори
се лее, јазикот прадедовски.
Тивка
мелодија што секој од нас ја слуша,
милозвучно,
гордо како лек за душа.
Јазикот
е наш темел, наша татковина,
огниште
вековно, наша мајковина.
Испраќам
порака, секој нека знае, каде и да е:
Се
дури сонцето грее, македонска песна ќе се пее!
9а-Јована Пешова
ООУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево
Ментор: Мишевска Љуба