Почнувајќи од 3. до 7. октомври во нашето
училиште се реализираа повеќе проектни активности во рамките на одделенска
настава, како во централното така и во подрачното училиште во н. Пинтија. Сите
беа во прилог на одбележувањето на Детската недела под мотото ,,ДРУГАРСТВОТО Е
ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА СРЕЌА?“. Учениците насочени од своите наставници зедоа активно
учество и успешно ја реализираа предвидената програма и во насока на истата изработија многу интересни прилози кои се истакнати во холот на нашето училиште.
Приемот на првачињата во Детската
организација се одвиваше со мала приредба. Учениците дадоа свечена заклетва со што и официјално
влегоа во Детската организација.
Одговорни
наставници: Лукровска Софија, Ана Јаневска
„Другарството
е дел од детската среќа“
(приредба
по повод детската недела - подрачно училиште Пинтија)
Во рамките на одбележувањето на
Детската недела која оваа година се одбележа под мотото „Другарството е
дел од детската среќа!“, нашето училиште и оваа
година реализира низа активности:
3.10.2022г. (понеделник) –
Цртам и пишувам на тема- Моите другари;
4.10.2022г.
– (вторник) – Читање на одредбите од Конвенцијата за правата на детето;
5.10.2022г.
– (среда) – Изработка на плакат – „И различните можат да се дружат“;
6.10.2022г. - (четврток)
- Спортски активности – моите омилени игри – Игри без граници,
7.10.2022г. -
(петок) – Свечена приредба по повод прием на првачињата во Детската
организација и давање на свечено ветување од страна на учениците со
што станаа членови на Детската организација.
Учество земаа со
свои кореографии, драматизација, свирење на виолина и презентирање на детските
права и задолженија учениците од II
г,д,
IIIг,д, IV и
V одделение подготвени од нивните одделенски наставници.
Низ игра и музика, учениците се дружеа
и уживаа во овој посебен ден.
Одговорни
наставници: Ивана Илијевска Огњановска, Сузана Трајкоска