петак, 29. април 2022.
петак, 8. април 2022.
„ПОМЕЃУ ЖЕЛБИТЕ И РЕАЛНОСТА“ - Литературен конкурс по повод ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО
Во чест на патрониот празник учениците од централното и
подрачното училиште учествуваа на литературен
конкурс објавен на 1.3.2022 до 1.4.2022 год. на тема: „Меѓу желбите и
реалноста“. Беа избрани подобрите творби и нив учениците ги интерпретираа на литературно
читање во холот на училиштето на 7.4.2022 год. Учениците твореа од 6-9
одделение под раководство на предметните наставници по македонски јазик:
Мишевска Љуба, Каролина Коларовска и Елена Ристевска. На учениците со најдобри
творби им беа доделени дипломи за прва, втора и трета награда. Првонаградена
Ема Кечовска 9-а, второнаградена Матеа
Николова 9-г и третонаградена Јована
Пешова 7-а одд. Од сите литературни
творби е изработена збирка која освен во печатена форма може да се види и
првземе од училишниот google drive:
https://drive.google.com/drive/folders/1fo81pHFdt5g-cUmYPJ8bJKfb24fs8eXL
Честитки за учесниците и наградените.
Одговорни наставници: Љуба Мишевска, Каролина Коларовска и Елена Ристевска
Ликовен конкурс по
повод Патрониот празник
По
повод годинешниот патронат на ООУ „Рајко Жинзифов“ учениците од шесто до
деветто одделение земаа активно учество
со нивните ликовни творби на зададената
тема : “Помеѓу
желбите и реалноста”. Сите ученици искреираа творби достојни за
настанот од кои посебно можеме да ги издвоиме ликовните творби на следните ученици
-
Луана Бачевац
-
Јована Пешова
-
Андреј
Јовановски
-
Леа Петрушевска
- Матеј Митрејчевски
Исто
така имаше активно учество Ликовниот хепенинг по повод Патрониот празник од
подрачното училиште во населбата Пинтија . Од учениците можеме да ги издвоиме
ликовните творби на:
Михаела Атанасовска 1-г, Каја
Гиразова 3-г, Софија Никчевска 3-г, Михаела Димовска 3-г и други.
„Игри без граници“ - Натпревар во спортски игри
По повод патрониот празник како дел од активностите во
подрачното училиште во Пинтија се одржаа спортски игри: „Игри без граници“ за
учениците од одделенска настава од I до V одделение.
На спортското игралиште се поставија реквизити за
полигонот натпревар. Според возраста натпреварите се одржаа во две групи помеѓу
учениците од I -г и II-г одделение и втора група натпревар меѓу учениците од III-г, IV-г и V-г. Тимовите си имаа свои препознатливи бои и симболи. Игрите од учениците
беа со задоволство прифатени и донесоа многу радост и спомени кај сите нас. Наставници кои ги подржаа и учествуваа во
реализацијата на спортските активности: Кристина Никчевска, Даниела
Костадинова, Ивана Огњановска- Илиевска, Билјана Илиева, Сузана Трајковска,
Зоран Петковски и Горан Андреевски.
Одговорен наставник за реализација на спортските игри:
Никола Соколовски.
Одговорeн наставник и организатор на спортските игри:
Кети Сталеска.
понедељак, 4. април 2022.
2 Aприл - „Светски ден на детската книгa“ (International Children Book Day)
Во чест на роденденот на холандскиот автор на детски книги Ханс Кристијан Андерсен секоја година се одбележува Светскиoт ден на детската книгa за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги
Ханс Кристијан Андерсен е
еден од најголемите писатели на бајки. Неговите приказни се читливи, разбирливи
и лесно се занесуваат во нивната содржина, као децата, така и возрасните. Тој
комуницирал со децата и создавал толку впечатливи дела затоа што пишувајќи и
самиот тој размислувал како дете. Такви се неговите приказни: „Грдото пајче“, „Царевото ново руво“, „Оловниот
војник“, „Малечката сирена“ и други.
Во
1958 година УНЕСКО формира Меѓународен Златен медал по името на Андерсен,
нарекуван уште и Мала Нобелова награда. Еднаш на две години оваа награда ја
добиваат најдобрите писатели и сликари - илустратори на детски книги.
Наградувани се Астрид Линдгрен, Селма Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и
други.
Најголемо задоволството е со читањето да се откриваат
тајните на волшебниот свет и да се патува низ просторот и времето. Тој свет ќе
го најдеме вткаен во приказните и бајките на писателите на детска литература.
Додека читаме ќе одлетаме на крилјата на фантазијата во непознати земји и ќе го
доживееме сето она што го доживеале јунаците во приказните и бајките.
Бајките ги
оплеменуваат децата. Тие во нив ги развиваат најубавите чувства: правдата,
вистината, љубовта на човекот кон човекот.
Во
Македонија попознати и позначајни дела во детската литература се: „Шеќерна
приказна“ на Славко Јаневски, „Волшебното самарче“ на Ванчо Николески, „Белото
циганче“ на Видое Подгорец, младешките теми во делата на Горјан Петрески, како
и автори кои пишувале дела за деца, а веќе биле афирмирани како писатели за
возрасни: П.М. Андреевски - „Шарам барам“, Томе Арсовски - „Дедо Мраз и
Феферона“, Михаил Ренџов - „Ангела сонува“, писателките за деца, како Бистрица
Миркуловска, Славка Арсова, Косара Гочковска, Славка Манева, Јадранка Владова,
Оливера Николова, чија лектира „Зоки Поки“ е прогласена за најпопуларна книга
за деца на македонски јазик.
Априлијада - дефиле на маски
По повод Денот на шегата во ООУ„Рајко
Жинзифов“ се одржа приредба со маски за учениците од I до IV одд. Учениците ја следеа
приредбата по одделенија и потоа дефилираа во ходникот со своите маски. Потоа
учениците со своите наставници во училница си избраа најубава маска. Приредбата
ја водеше наставничката Татјана Трпеска заедно со библиотекарот Никола Станковиќ
кој беше задолжен за озвучувањето.
Одговорен наставник: Весна Милановска