петак, 30. децембар 2022.

Учиме и истражуваме!

 

Во рамките на проектот ,,Заедничка грижа" на часот по Природни науки во Подрачното училиште во IV-г одделение во улога на наставник беше родителот Соња Кузмановска - професор по биологија.

Учениците со помош на интерактивна табла и со нагледни средства со моделите на животни и слики од групата 'рбетници и безрбетници стекнаа знаења за животните со овие карактеристики. Внимателно следеа и појавија интерес за истражување. Поставија многу интересни прашања за кои добија одговор.

На крајот на часот следеа квиз прашања со кои учениците потврдија дека стекнале знаења.

Благодарност до родителот кој со своето професионално искуство ни подготви интересен час.



четвртак, 29. децембар 2022.

Слободни ученички активности на учениците од II-а и II-б одд.

 

Денес, 28.12.2022г., во рамките на слободните ученички активности учениците од II-а и II-б одделение имаа предновогодишно дружење во кое си ги споделија своите желби и честитки за Новата година и меѓусебно си подарија свои изработени честитки со многу радост и насмевки на лицата .

                                  Одделенски наставник : Светлана Жежовска



среда, 28. децембар 2022.

„И ти можеш да бидеш Дедо Мраз и да измамиш насмевка“

 

Во периодот од 20.12.2022 година до 27.12.2022 година, во ООУ „Рајко Жинзифов“ – населба Драчево, Скопје беше спроведена ученичка акција – донирање подароци наменети за децата од „СОС Детско село“ со цел да им се разубават претстојните празници. Идеата беше поттикната од учениците од VIII и IX одделение, како и од членовите на Ученичкиот парламент, кои во изминатиот период работеа посветено на нејзината реализација. Акцијата беше успешно спроведена, учениците донираа голем број разновидни подароци кои беа испратени во вистинските раце. Покрај можноста да се сподели радоста и празничната еуфорија со децата од „СОС Детско село“ чии празници се надеваме дека ги направивме повесели, организирањето на оваа ученичка акција беше одлична можност и за нашите ученици да се запознаат со вистинското значење на зборот хуманост, како и да им се всадат правите вредности кои треба да ги носат со себе понатаму во животот.

Акцијата беше организирана и координирана од наставничката по граѓанско образование: Валентина Јанкоска, како и од педагогот на училиштето: Весна Рафеска.






среда, 21. децембар 2022.

Училишен парламент

 

    На 21.12. 2022 година Училишниот парламент го одржа третиот по ред состанок и на истиот присуствуваа и членовите на парламентот.

  На состанокот покрај вообичаените точки на дневниот ред се презентираше и Нацрт извештајот од интегралната евалуација од 28 до 30 септември 2022 г. По однос на истиот членовите се изјаснија дека немаат никаква забелешка.

 Учениците информираа за спроведување на иницијативите за хуманитарни акции по повод престојните новогодишни и божиќни празници.

  На крајот од средбата учениците членови на Училишниот парламент заеднички ја накитија новогодишната елка со пораки за многу здравје, успеси и среќа во Новата 2023 година.

                                                                 Стручни соработници



понедељак, 19. децембар 2022.

Остварена едукативна посета на два музеја

 

За учениците од 9-г одделение од подрачното училиште на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Пинтија на 16 декември 2022г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на два музеја:

1.Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

2. Музеј на македонската борба.

Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од водич во музејот додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Македонија и за тоа како таа е претставена во горенаведените музеи. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 7-мо, 8-мо и 9-то одделение.

За време на посетата во двата музеи нашите ученици беа културни и дисциплинирани и тоа претставуваше убава слика за нашето училиште. Ова веќе е втора организирана посета оваа година на музеи за ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“. Ако условите дозволат во текот на оваа учебна година ќе се реализираат повеќе едукативни посети од ваков тип.




петак, 16. децембар 2022.

Новогодишната претстава со Дедо Мраз

 

   На 15.12.2022 год.  учениците од I-д одд. во соработка со родител имаа можност да реализираат воннаставна активност: следење на интерактивна „Новогодишна претстава со Дедо Мраз“ во хотел „Континентал“. Учениците  се дружеа со Дедо Мраз и неговите пријатели, цртаа по некој цртеж, ја нацртаа и својата новогодишна желба и лично му ја врачија посакувајќи да им се реализира. По завршувањето на претставата следеше пријатно изненадување за секој ученик - поделба по едно новогодишно пакетче.

                    Одговорни  наставник:   Елена Стојановска



петак, 9. децембар 2022.

8 Декември-Св. Климент Охридски

 

По повод  8 Декември - Св. Климент Охридски, учениците од VIII и  IX одделение напишаа реферат посветен на Св. Климент, неговиот живот и дело како  за значењето на Охридската книжевна школа кој беше прочитан на училишната разгласна станица. Учениците исто така изработија  паноа и лични творби со прекрасни стихови посветени на нашиот просветител. Часот по македонски јазик беше посветен токму на овој деец преку прикажување на презентации изработени од самите ученици.

   Одговорни предметни наставници по македонски јазик.



среда, 7. децембар 2022.

Слободни активности на учениците во II - б одделение

 

На 6.12.2022г. родителката  Аница Муриќ во улога на наставник слатко ги изненади учениците од  второ - б одделение организирајќи работилница на тема: „Украсување на новогодишни колачиња“ во која со нејзин материјал и по нејзини насоки ја разбуди креативноста и љубопитноста на учениците , па вредните рачиња на нашите вторачиња  декорираа со големо задоволство медени колачиња.

                          Одделенски наставник : Светлана Жежовска




Посета на детскиот фестивал

“ Златно славејче “

 

          На 05.12.2022 година, понеделник, учениците од одделенска настава од I до V одделение, од централното и подрачното училиште го посетија фестивалот “ Златно славејче“. Фестивалот  се одржа во просториите на Македонска Филхармонија. За таа цел претходно беше организиран превоз до салата и назад до училиштето. Учениците со големо задоволство и интерес  ги следеа сите  настапи од учесниците во фестивалот. Се забележуваа позитивни чувства и добра забава. Доброто расположение се пренесе и во автобусите за назад во училиште. Безбедно и со позитивна енергија се вративме во училиште.

Одговорни одд.раководители: Цветанка Ѓорѓиевска и Кристина Никчевска




понедељак, 5. децембар 2022.

ОТВОРЕН ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

 

На 28.11.2022 година, учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населба Драчево, го одбележаа четвртиот по ред Отворен ден по граѓанско образование, овој пат во форма на ученичка иницијатива. Темата на Отворениот ден оваа година беше „Подигање на свеста за безбедноста во сообраќајот“, тема која е подеднакво важна за младите, но и за повозрасните учесници во сообраќајот. Во оваа ученичка иницијатива учество земаа 14 ученика од IX одделение. Настанот беше помогнат и од двајца полициски службеници од Полициската станица во населба Драчево кои ги придружуваа учениците во целата акција и допринесоа за нејзина успешна реализација. Акцијата се состоеше од подготовка на материјали во форма на летоци на тема „Безбедноста во сообраќајот“, кои потоа учениците ги делеа на сите учесници во сообраќајот во населбата. Летоците носеа моќни пораки во себе.

Во подготовката и реализацијата на настанот, учениците од IX одделение работеа под раководство на наставничката по граѓанско образование, Валентина Јанкоска, а со голема поддршка и помош од страна на педагогот Весна Рафеска и директорот на училиштето, Љубица Наумовска.

Како дел од активностите по повод Отворениот ден, учениците изработија и стрип кој е наменет за едукација и мотивација на учениците од основно образование, како и кратко видео со кое е документиран целиот настан. Стрипот и видео материјалот од Отворениот ден ќе бидат достапни на интернет страницата на нашето училиште.



петак, 25. новембар 2022.

ПОСЕТА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 

Во согласност со стандардите по Историја и општество учениците од четврто одделение под водство на нивните наставнички: Наташа Петковска, Мануела Маркоска, Весна Милановска и Даниела Костадинова ја посетија општина Кисела Вода и се стекнаа со незаборавно искуство. Беа топло пречекани од советникот во кабинетот на градоначалникот, Сашо Јовановски и советникот во Оделение за образование, Бети Јаневска. Учениците се запознаа и ги продлабочија своите знаења за работата на општината, градоначалникот, Советот на општината и општинската администрација. Поставија интересни прашања за функционирањето на Општината и за функцијата градоначалник на Општината.

                                    Актив на четврто одделение




Есенска работилница

На 25.11.2022 г. се одржа Есенска работилница во Подрачното училиште  во н. Пинтија. Учениците од V-г одд изработија прекрасни есенски изработки од различни плодови и есенски лисја. Училницата ја издекорираа во убаво есенско руво, се забавуваа и радуваа на успешните изработки.

                       Одговорен наставник:  Кристина Никчевска




четвртак, 24. новембар 2022.

Воннаставен час во II-б одделение на тема: „Животот на пчелите и важноста и значењето на пчелните производи“

 

На 23.11.2022 година родителот Иван Додевски( професионален пчелар),  беше наставник и одржа едукативен час со интерактивна презентација на тема: „Животот на пчелите и важноста и значењето на пчелните производи“. На овој час учениците на интересен начин се запознаа со живеалиштата на  пчелните семејства, како е организиран нивниот живот, како создаваат мед и други пчелни производи и зошто се значајни тие за човекот и воопшто за природата. Воедно се запознаа со предметот кошаре, видоа пчелин восок, саќе, дималка, како се вади мед од пчелните сандаци и облекоа пчеларска опрема. На крај на големо задоволство на учениците добија можност да вкусат од здравиот производ на пчелата – медот.

                       Одделенски наставник : Светлана Жежовска



Посета на Археолошки Музеј на Македонија

 

За 7-мите одделенија од ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Драчево и од подрачното во населба Пинтија на 23. ноември 2022г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на Археолошкиот Музеј на Македонија. Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од кустос археолог додека ги разгледуваа артефактите. На овој начин тие се запознаа со дел од богатото движно културно наследство на Македонија. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на артефактите беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја и Нашата Татковина во 7-мо одделение.

За време на посетата во музејот нашите ученици беа културни и дисциплинирани и тоа претставуваше убава слика за нашето училиште. Ако условите дозволат во текот на оваа учебна година ќе се реализираат повеќе едукативни посети од ваков тип.



понедељак, 14. новембар 2022.

Доделување на награди во НЛБ Банка по повод учество на ликовниот конкурс - Иновации во штедењето

 

На 9.11.2022г. во просториите на НЛБ Банка беше организиран настан - Свечено доделување на награди на ученици од цела Македонија кои учествуваа на ликовниот конкурс „Иновации во штедењето“.

Од пристигнати 1000 цртежи кои учествуваа на конкурсот  од стручното жири беа избрани и наградени 30 цртежи. Од нашето училиште беа наградени 5 ученика: Јана Дончева  од II-б,  Лара Ангеловска од III-a, Арета Хензлова  и Давид Илиовски од IV-б и Михаела Трпевска од IV-в одделение. Учениците беа среќни и задоволни од постигнатиот успех и со голема мотивација за учество и на следниот  ликовен конкурс. На манифестацијата беа присутни  директорката на нашето училиште, педагогот, ментор наставник и родител претставник на родителите на нашите наградени деца.

                          Ментор наставник: Светлана Жежовска



Посета на Стопанска банка

 

По повод месецот на штедење – октомври учениците од  II-a, II-б, и II-в одделение на 28.10.2022г. ја посетја установата Стопанска банка во населба Драчево  каде на интересен и креативен начин се запознаа со начинот на штедење  парични средства, како да  се штеди и различни валути кои можат да се штедат во банката. При тоа учениците покажаа интерес и големо задоволство од извршената посета на банката.

                                                                 Актив второ одделение





РАБОТИЛНИЦА ЗА ВАЈАРСТВО

 

На наше големо задоволство во Подрачното училиште,,Рајко Жинзифов'' повторно имавме чест да ни оддржи работилница мојот драг ученик, сега уметник Риџет Ферати. Во рамките на предметот Слободен изборен предмет - Цртање, сликање и вајарство моите вредни четвртооделенци обликуваа скулптура на тема ,,Мојот омилен лик во семејството". Внимателно ги следеа основите за изработка на скулптура и со нивната инвентивност и креативност изработија прекрасни фигури.

Задоволството од крајниот продукт беше взаемно.❤

             Одделенски раководител: Даниела Костадинова



уторак, 1. новембар 2022.

"Медиумска култура во образованието"

 

       Учениците од 7-а и 9-г одделение беа дел од проектот "Медиумска култура во образованието" - под покровителство на Мрежа за медиумска писменост и посетија две филмски проекции во киното Милениум на 26. и 28.10. 2022г.

         Реализатор - Елена Ристевска, наставник по македонски јазик






31 Октомври - Ден на штедењето

 

       По повод 31 Октомври - Ден на штедењето, во подрачното училиште во населба Пинтија во 4-г и во 5-г одд. од страна на вработени од Стопанска банка - експозитура од населба Драчево, имавме прекрасно предавање за значењето на штедењето.

       Дечињата имаа можност да постават интересни прашања за работата во банка. На крајот беа почестени со слатки и им беа поделени прашања колку научија за штедењето. Добија и боенки кои ќе ја красат училницата.





понедељак, 17. октобар 2022.

МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2022/2023 година

 

       Како и претходните така и оваа учебна година ќе биде одбележан Месецот на книгата (15.10. до 15.11. 2020г.) со претставување на животот и творештвото на македонската писателка Оливера Николова

      За таа цел изготвени се печатен материјал и соодветно пано од информативен и забавен карактер. Материјалот воедно е поставен и на интернет на училишниот google drive во папката МЕСЕЦ НА КНИГАТА:

https://drive.google.com/drive/folders/18ln5F3jB7SzRFrfGbCYoR1eZlCWq2Msj                                                                             Училишен библиотекар: Никола Станковиќ




петак, 14. октобар 2022.

Активности по повод Детската недела во нашето училиште

 

Почнувајќи од 3. до 7. октомври во нашето училиште се реализираа повеќе проектни активности во рамките на одделенска настава, како во централното така и во подрачното училиште во н. Пинтија. Сите беа во прилог на одбележувањето на Детската недела под мотото ,,ДРУГАРСТВОТО Е ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА СРЕЌА?“. Учениците насочени од своите наставници зедоа активно учество и успешно ја реализираа предвидената програма и во насока на  истата изработија многу интересни прилози кои  се истакнати во холот на нашето училиште.

Приемот на првачињата во Детската организација се одвиваше со мала приредба. Учениците дадоа свечена заклетва со што и официјално влегоа во Детската организација.

             Одговорни наставници: Лукровска Софија, Ана Јаневска


„Другарството е дел од детската среќа“

(приредба по повод детската недела - подрачно училиште Пинтија)


       Во рамките на одбележувањето на Детската недела која оваа година се одбележа под мотото „Другарството е дел од детската среќа!“
нашето училиште и оваа година реализира низа активности:

3.10.2022г. (понеделник)  – Цртам и пишувам на тема- Моите другари;

4.10.2022г. – (вторник) – Читање на одредбите од Конвенцијата за правата на детето;

5.10.2022г. – (среда) – Изработка на плакат – „И различните можат да се дружат“;

6.10.2022г. - (четврток) - Спортски активности – моите омилени игри – Игри без граници,

7.10.2022г. - (петок) – Свечена приредба по повод прием на првачињата во Детската организација и давање на свечено ветување од страна на учениците со што  станаа членови на Детската организација.

Учество земаа со свои кореографии, драматизација, свирење на виолина и презентирање на детските права и задолженија учениците од II г,д, IIIг,д, IV и  V   одделение подготвени од нивните одделенски наставници.

Низ игра и музика, учениците се дружеа и уживаа во овој посебен ден.                                      

 Одговорни наставници:  Ивана Илијевска Огњановска,  Сузана Трајкоска



среда, 5. октобар 2022.

5 Октомври - Светски ден на учителот

 

    По повод 5 Октомври - Светски ден на учителот, учениците од 8-а одделение го одбележаа со низа активности посветени на наставникот. Дел од учениците твореа лични творби, дел истражуваа податоци за познати светски учители, се читаше реферат посветен на учителот на училишната разгласна станица, беше изведена куса драматизација на истата тема, изработување на хамер со цртежи и творби, неколку ученици учествуваа со мини рецитал со познати цитати посветени на професијата наставник. Учениците на еден ваков начин укажаа почит кон сите наставници и го чествуваа овој значаен ден.

                                     Одговорен наставник: Мишевска Љуба



петак, 30. септембар 2022.

Есенска работилница

 

По повод доаѓањето на есента,   23. септември, учениците од  I-г и I-д  одд.  организираа и реализираа  работилница за испраќање на летото, но и за пречекување на новото годишно време есен.

За таа цел учениците изработија многу интересни креативни изработки при тоа користејќи најразлични материјали од природата.

Одговорни  наставници: Елена Стојановска и Валентина Димишковска