уторак, 28. септембар 2021.

Европски ден на јазиците 2021

 

Нашето училиште секоја година традиционално го одбележува Европскиот ден на јазиците. Оваа година одбележувањето беше на 24.09.2021 (петок). Учениците читаа реферат на македонски, англиски и француски јазик, а воедно се реализираа работилници за запознавање на убавините на европските градови на англиски и француски јазик како во централното така и во подрачното училиште.

Одговорни наставници за овој настан беа наставниците по англиски: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Александра Колевска, Филип Петровски, Маја Димеска, наставниците по француски јазик: Анета Ѓуровска-Арсовска и Тина Пуфкова и одделенски наставник: Маја Атанасовска-Спасеска.

За доловување на атмосферата за време на работилниците, следат неколку фотографии во продолжение.









петак, 24. септембар 2021.

Одбележување на европскиот ден на училишен спорт

 

Во чест на одбележувањето на Денот на спортот - 24.09.2021 год. со цел да ги уважиме бенифитите на истиот кој е основната клеточна единица на спортот, но и единствен училишен предмет кој се грижи за здравјето на децата и младите, превенирајќи многу деформитети кои ги носат училишните клупи, за таа цел во нашето училиште беше организиран  бадминтон натпревар со учениците од VIII одделение.

Исто така од денес започнува европската недела на спортот.

Да бидеме активни сите заедно!!!

 Одговорен наставник:  Јовица Ефтовски





четвртак, 23. септембар 2021.

Есенска работилница

 

По повод доаѓањето на есента,  22. септември,  учениците од  4 и 5 одд.  организираа и реализираа  работилница за испраќање на летото, но и за пречекување на новото годишно време - есен.

За таа цел учениците изработија многу интересни креативни изработки при тоа користејќи најразлични материјали од природата.

Одговорни  наставници:  Елена Стојановска Маја Атанасовска Спасеска








уторак, 21. септембар 2021.

Ден на таткото

 

Во изминативе години учениците од нашето училиште го одбележуваат Денот на таткото. Оваа учебна година учениците од прво одделение се вкучија со активности по повод  Денот на таткото. Со своите мали рачиња имаа можност да изработат честитка  при што ја искажаа својата голема љубов кон таткото.

                                                                Актив прво одделение



петак, 17. септембар 2021.

Одбележувањето на 16 Септември - Светскиот ден за заштита на озонот

 


По повод Светскиот ден за заштита на озонот  учениците од 5 одд. продолжен престој организираа и реализираа едукативна работилница за значењето и заштитата на озонската обвивка.

Што претставува озонската обвивка, зошто служи, кој е главен причинител за настанување на озонската дупка, но и како да ја заштитиме озонскта обвивка... беа само дел од низата прашања со кои учениците се запознаа. Имаа прилика да дебатираат и сами да донеуваат заклучоци како тоа човекот е причинител за уништување на озонската обвивка, но и како може да придонесе за нејзина заштита.

На крајот заклучивме дека сите можеме да учествуваме во заштита на озонската обвивка со мали, но значителни промени и дела, но потребно е барем малку да се потрудиме .

Мисли глобално - делувај локално!!!

                                 Одговорен наставник: Елена Стојановска




уторак, 7. септембар 2021.

Реализирана работилница по повод одбележувањето на Денот на татковината

 

Во чест на одбележувањето на Денот на татковината, ние учениците од продолжен престој од 5 одд.  на 07.09.2021 год. организиравме квиз натпревар преку спортска игра  помеѓу два тима на тема „Колку  знам  за мојата земја?“

Од учениците се очекуваше правилно да одговорат на дадените прашања поврзани со темата за Татковината, а истите се поставени во две чаши.

Секоја група застанува пред нацртаната линија и со пинг понг топче  погодува  кош во една од чашите, го чита прашањето и одговараат на истото заедно со соучениците од својот тим. До колку не го знаат прашањето, одговара другиот тим, а за точниот одговор добиваат знаменца. Победува оној тим кој ќе собере повеќе знаменца со точни одговори.

Целта на оваа работилница беше покренување на свеста за љубов кон својата татковина и да ја чуваме и негуваме уште од мали нозе.

Заедно да го направиме светот подобро и поубаво место за живеење ...!!!            

                                                                  Одговорен наставник Елена Стојановска







четвртак, 2. септембар 2021.

Првиот училишен ден во учебната 2021 / 2022 година

 


Во оваа учебна 2021 / 2022 година во прво одделение вкупно има запишано 65 ученика во три паралелки во централното и 34 ученика во две паралелки во подрачното училиште.

Свечениот прием на учениците во централното училиште започна во 8.00 часот (за секоја паралелка во времетраење од 30 минути) со поздравен говор од страна на директорката на училиштето Љубица Наумовска, додека во подрачното училиште приемот беше од 10. 00 часот. При тоа беа запазени сите протоколи за заштита од Ковид 19. Откако беа прочитани, учениците заедно со своите наставнички, влегоа  во своите  училници каде што им беа поделени учебници.

СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ 

                                             Актив на прво одделение


Добро ни дојдовте првачиња- колачиња

 

            На 1 септември оваа учебна 2021/22 година за првачињата во подрачното училиште, наставничката Кети Сталеска со своите ученици од 5г одделение подготвија свечена мини приредба која траеше 5 минути и организиран пречек од училиштето во траење од 15 минути за секое одделение одделно поради COVID протоколите.

Ученичките Руби Костовска, Михаела Тримческа и Теа Малинова преку игровна активност и драматизација на текстот „Првачиња, колачиња“ ги запознаа со позитивностите на училиштето  и ги развеселија идните првачиња. Следеше обраќање од директорката и запознавање со наставничките. Им се поделија и подароци и учебници. Убавите моменти се овековечија со фотографии. Па, нека е со среќа новиот почеток.

        Одговорен наставник за прием на првачињата во подрачно училиште: Кети Сталеска







Eстетско уредување

 

Според Годишната  програма за учебната 2021/22година, тимот за естетко уредување во состав од одделенските наставници: Мануела Маркоска, Виолета Николин и Ана Јаневска го реализираа уредувањето на главниот хол во училиштето по повод почетокот на новата учебна  2021/22година. Идејата беше  оплеменување на просторот со постери со весела и едукативна содржина, како и будење на еколошката свест и развивање на еко-навики за рециклирање. Се поставија и постери со препораки за заштита од Ковид 19.