петак, 26. фебруар 2021.

ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

 


По повод меѓународниот ден на  мајчиниот јазик  21 февруари, учениците од седмо одделение изработија презентација за развојот на македонскиот јазик, додека пак учениците од шесто одделение твореа во чест на својот јазик под менторство на наставничката по македонски јазик Мишевска Љуба.

За македонцка народност, македонцка литература и литературен јазик није ке можиме да му мислиме само, кога ќе заживејеме једнаш слободен политичен живот; а до тогај нам ни требит, није да сме сојединени.


Мојот мајчин јазик

  Читајќи ги старите пожолтени книги од древните просветители се повеќе навлегував и размислував за нашиот мајчин јазик. Секакви мисли ми се вртеа низ главата. Си поставив многу прашања но само на едно не можев да најдам вистински одговор. Што всушност претставува нашиот мајчин јазик? Ова длабоко сеќавање е мостот до нашата иднина. Сонцето кое го осветлува нашиот пат, ѕвездата која постојано ќе не следи во животот.                                                                                                     

 Мајчиниот јазик е бесценета книга која постјано се надоградува,наша духовна храна, наш идентите.Тој е нашата основа, она што не држи исправени, патоказ кон животот.Библиотека, полна со стари историски книги. Додека читав се повеќе и повеќе се задлабочував во речениците. Сјајот во моите очи не згаснуваше. Неизвесноста растеше,а со тоа се зголемуваше и љубопитноста кај мене. Си помислив ова безвременско бујно дрво е коренот на нашиот живот кој треба да го негуваме и чуваме. Нашите просветители  го посветиле својот живот за да го создадат она што денес го имаме-свој  јазик,гордост,македонски збор.Тие ни го подариле ова најсилно и најскапоцено оружје. Го осветлиле времето на незнаењето,ја осветлиле нашата иднина.Тоа е најголемото богатство што еден човек може да го поседува.Столб  на кој можеме да се потпреме во секое време. „Да се откаже човек од својот мајчин јазик значи да се откаже од својот народен дух“-овие зборови на Мисирков се всушност најголемата вистина на постоењето на еден народ. Ние имаме мајчин јазик кој е наш,наша иднина,наша надеж наше постоење.

                                                               Изработила:Јована Пешова VIa 


МОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК

 

Тој како невино срнино око е чист,

ко белото лице на младата мамичка ист.

Јасен и точен како уметничка слика,

пријатен и мил како познатата мајчина лика.

 

Бистар и брз како планински извор блика,

тој, деца, мајчин јазик се вика.

Тој ти го осветлува патот, ти дава сила,

те води низ животот како птица леснокрила.

 

Во темната,  бескрајна ноќ,

тој е единствената сјајна ѕвезда, единствена моќ.

Како гласот на славејот песнопоен,

како слаткиот мирис на цветот разнобоен.

 

Петар Томановски   VIа

 


Горе-прикажаната презентација можете да ја видите или превземете на следнава адреса:
https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=sites&srcid=ZGVmYXVsdGRvbWFpbnxyYWprb3ppbnppZm92fGd4OjFmY2E5MDA2YzA2YmZkOGU

понедељак, 22. фебруар 2021.

Online училишен натпревар по англиски јазик

 

На 17.02.2021 година се одржа online училишен натпревар по англиски јазик за учениците од 5то одделение. На натпреварот учествуваа 10 ученика под менторство на наставничките Александра Колевска и Маја Димеска.

 5а – Јан Петрушевски, Леонид Темелковски, Јована Цветковиќ

 5б – Дарио Јанушевски и Елена Петровска

 5в – Томи Анчевски, Ангелина Димишковска, Максим Ѓоршевски

 5г – Лео Андовски и Стефанија Богдановска

Најголем број на поени освоија учениците Јована Цветковиќ и Јан Петрушевски кои продолжуваат со учество на општинскиот натпревар по англиски јазик.



уторак, 16. фебруар 2021.

ВО ЧЕСТ НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

        На 15 февруари оваа година се потсетивме на човекот  кој отсекогаш се вбројувал во оние литературни дејци кои многу придонеле за татковината. Тој ни е ѕвезда на небото, која како патоказ ни го осветли вистинскиот пат кон светлата иднина. Нему чест му искажаа и оваа учебна година учениците од основното и подрачното училиште „Рајко Жинзифов“ од н.Драчево и н.Пинтија. По повод денот на нивниот патрон, учениците од литературната секција, под водство на наставничката по македонски јазик Елена Ристевска, твореа во чест на Рајко Жинзифов. 




ДОНАЦИЈА - ТАБЛЕТИ

        Благодарение на донацијата од „Макпетрол“ АД, за учениците од нашето училиште се обезбедија триесетина  таблети за следење на онлајн настава.

      За таа цел на. 12. 02. 2021 г. во училиштето на учениците чии семејства не беа во можност да им ја  набават потребната компјутерска опрема, во присуство на претседателот на Советот на ОКВ Дарио Шимич и директорот  на училиштето Љубица Наумовска  на пригоден начин  им беа поделени таблетите.

    За донацијата вредна 219.849,00 денари, во име на градоначалникот Филип Темелковски, претседателот и директорот упатија  голема благодарност до „Макпетрол“ АД.

      Во перидот кој следува, учениците ќе можат непречено да ја следат наставата од далечина, а се со цел постигнување на подобри резултати во воспитно-образовниот процес.

                                                                                       Пеадгог:  Весна Рафеска



петак, 5. фебруар 2021.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО СРЕДНО СТРУЧНО УЧИЛИШТЕ

 

    Во рамките на  проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, финансиран од страна на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка, претставници од Филозофскиот факултет во Скопје, професори од Филозофскиот факултет се ангажирани како експерти во делот на вклучување ученици со попреченост од редовните, посебните основни и средни училишта од државата. На 5 февруари – петок, со почитување на сите мерки за заштита од Вирусот Ковид-19, експертите остварија посета во нашето училиште и поразговараа со учениците со попречност со цел вклучување во идни активности поврзани со процесот на образование, афирмација на средните стучни училишта. По разговорот на учениците им беше поделен промотивен материјал и беше договорена и понатамошна соработка.

                                                                Дефектолог: Адријана Кукоска