петак, 25. септембар 2020.

,,Национална платформа за далечинско учење“

 

        Во периодот од 21.09 до 23.09.2020г. беше изведена дисеминација за обука на наставници од нашето училиште за Националната платформа за далечинско учење на државно ниво. Активностите се спроведуваа во просториите на училиштето согласно протоколите за работа - во две простории и во две смени. Дисеминацијата ја спроведоа училишните обучувачи :

-          Виолета Павлеска

-          Маја Атанасовска  Спасеска

-          Магдалена Бадарова

-          Ирена Ѓоршевска

-          Маја Димеска

       Дисеминацијата се спроведе по одредена агенда предложена од националните обучувачи. За извршената дисеминација известени се националните обучувачи со доставување на список за присутнуст на наставниците.

ПЛАН ЗА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА

21.09.2020 - понеделник

Дел 1

         Базични структури на платформата

         Вовед во НПУД -  ПРЕЗЕНТАЦИЈА

         ДИДАКТИЧКИ НАСОКИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НАСТАВА НА ДАЛЕЧИНА  ПРЕЗЕНТАЦИЈА

         Најaва на НПУД    ПРЕЗЕНТАЦИЈА live - дирекно во платформ

         Инсталацина на Microsoft Teams I Office 365

Дел 2

         Работа со календарот -  ПРЕЗЕНТАЦИЈА live - дирекно во платформа

         Генерирање на распоред  - ПРЕЗЕНТАЦИЈА live - дирекно во платформa

         Outlook

Дел 3

         Microsoft Office Tools One Drive -  ПРЕЗЕНТАЦИЈА live - дирекно во платформа

         Microsoft Office Tools Teams -  ПРЕЗЕНТАЦИЈА live - дирекно во платформа

Дел 4

         OneNote

         Ресурс-URL

         Одделенски час 

Дел 5

         Ресурс - Датотека

         Ресурс - Етикета

         Ресурс - Книга

         Ресурс - Страница 

22.09.2020 Вторник  

Презентации од наставниците, прашања , дискусии и вежби.

23.09.2020 Среда

Презентации од наставниците, прашања , дискусии и вежби.




понедељак, 21. септембар 2020.

ПОДГОТОВКИ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

 

               Во текот на август и септември 2020 година, согласно препораките на МОН и Министерството за здравје, нашето училиште спроведе низа активности за подготовка за почетокот на учебната 2020/2021 година. За таа цел беа изготвени соодветни протоколи за изведување на наставата (он-лајн настава и настава со физичко присуство), соопштенија за учениците и нивните родители, информативно-едукативни паноа и постери за начините на однесување во училиштето и начините за заштита од вирусот Ковид 19.

 

ООУ „Рајко Жинзифов“ - Кисела Вода - Скопје
Симбол на пријателството на Кина и Северна Македонија
Ул. Иван Хаџиниколов  бр.2    тел.(02)2791 025
rajko_zinzifov@yahoo.com

 Согласно Планот и Протоколот за одржување настава во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година,

ООУ „Рајко Жинзифов“, Кисела Вода го дава следново:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

v  Наставниот процес во училиштето се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот.

v  Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда по изготвен распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение;

v  За влез/излез учениците ги користат : Влез: I, II и III;

v  За влез/излез на вработени и останати се користи: Влез IV;

v  Вработените, учениците и сите останати  при влезот во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.

v  На сите вработени и останати им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

v  На учениците пред влезот на училиштето, им се мери  телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

v  Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот во училиште и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице

v  Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето им се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.

v  Испораките за потребите на училиштето ја преземаат вработени од технички персонал  во училиштето од службениот влез на училиштето (Влез IV), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за  потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.

v  Да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

Директор: Љубица Наумовска






           Исто така беше извршена и подготовка на приодите во училиштето, училишниот двор, ходниците, тоалетите и училниците.