понедељак, 29. јун 2020.

„Се забавуваме и учиме низ игра“



         По  иницијатива на одделенските наставнички Мануела Маркоска и Виолета Николин во месец мај започна проектот ,,Учиме и се забавуваме низ игра“. Нивниот предлог со задоволство беше прифатен  од директорката Љубица Наумовска, за што  даде морална поддршка, но и соодветни средства и материјали за негова реализација. Исто така  нивниот предлог со задоволство го прифатија колешките од одделенска настава: Ана Јаневска, Ирена Ѓоршевска, Елизабета Младеновска, Татјана Трпевска, Цветанка Гајдовска, Горица Арсовска, и предметните наставници Сандра Трпчевска и  Даниел Манасиев. По обезбедување на  соодветен материјал и средства за работа со голем ентузијазам се премина на негова реализација, а сè во интерес на учениците. Имавме размената на различни  идеи, дискутиравме да бидат опфатени повеќе наставни предмети (македонски јазик, математика, природни науки), а сè со цел овој проект да создава  стимулативна, когнитивна, едукативна средина  и средина за развивање на моторичките движења на учениците низ игри.  Се согласивме што сè ќе се слика, изработивме шаблони, го подготвивме теренот  и се премина на реализација на  проектот „Се забавуваме и учиме низ игра“. Со оглед на временските услови направивме  мала пауза. Но, проектот продолжува и во втора фаза.


петак, 12. јун 2020.

On line работилницата на тема „Лето“



... Ииииии конечно долго посакуваниот 10 јуни, конечно распуст... нема учење... нема пишување домашни... Иако поразличен од сите претходни години сепак се потрудивме да оставиме белег и овој 10 јуни да биде важен и значаен како и сите останати.
... Иии како за крај на оваа учебна година ние учениците од 3-б одд. од ООУ„Рајко Жинзифов“ од нас. Драчево, одлучивме да ја заокружиме со една креативна ликовна работилница на тема „Лето“.
Лето, море, сонце, плажа, нуркачи, лежалки, чадори се само дел од нашата богата ликовна ризница... при тоа користевме најразлични материјали  школки, камчиња, колаж, боички, ,пластелин, цевки ... ииии што ли уште не... гледајте и уживајте...
Имајте најубав летен одмор со вашите најблиски каде и да сте... не е важно дали оваа година ќе одиме на море... важно е да останеме здрави и живи и да бидеме опкружени со сите оние  што си ги сакаме!!! Се надеваме на повторна дружба од септември, а дотогаш одмарајте, уживајте, шетајте, играјте, правете го сè она што ве прави среќни...
Голема Благодарност до родителите за укажаната поддршка за сето ова време и секако до учениците кои со нетрпение го прифаќаа секој нов предизвик.
Среќно дооооолгооо топло летоооо!!!
Среќен распуст!!!

                                              Одговорни наставници: Елена Стојановска и Софија Лукровска







понедељак, 8. јун 2020.

Е Твининг проект „Healty Tradidional Recipies“


Земји учесници на проектот: Македонија (Скопје и Ресен), Турција, Шпанија, Грција, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Велика Британија и Јордан.
Проектот е  заснован на традиционална храна со која имаме намера да ги приближиме нашите ученици до здравата храна, проширувајќи го своето знаење за европската географија и знаење за нивните традиции и обичаи.
Во овој проект ги вклучивме семејствата во потрага по информации и во подготовка на видеа со традиционални рецепти за регионот на кој припагаат.
Нашето училиште зема учество во овој проект со учениците од II-а одделение, заедно со одделенскиот раководител Маја Атанасовска Спасеска со огромна поддршка од родителите.
Цели на проектот: Да се ​​промовира пренесување ставови на почит, грижа и уживање кон здравата исхрана.
• Промовирање на  позитивни ставови кон навиките на здрав начин на живот.
• Развивање на  соработка за работа, во која одговорноста е од суштинско значење за да се постигнат добри резултати.
• Промовирање на комуникација со ученици од други културни реалности, подобрување на комуникативната потреба на странски јазици.
• Подобрување на вредноста на самата култура и другите култури.
• Негување на почит, грижа и посветеност кон природата (градина / овоштарник)
• Идентификување, разбирање и репродуцирање на рецепт, следејќи ги неговите чекори усно и писмено.
• Управувајте со технологија за пребарување и презентирање на информации.
• Вклучување на семејства во активности поврзани со проектот.
Очекувани резултати : Целокупната работа беше објавена во колаборативен блог и рецептите ќе бидат собрани во книга за рецепти .
 Рецептите за кои учениците правеа видеа како ги приготвуваат се поставени на мојот you tube канал, a истите може да се погледнат на следните линкови.
Книгата со рецепти од сите учесници од проектот може да се погледне на следниот линк.

                                         Одговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска








Со завршување на проектот во целост училиштето ООУ„Рајко Жинзифов“-н. Драчево, Скопје се здоби со ознака за квалитет на проектот.

                        Одговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска