уторак, 28. јануар 2020.

Присуство на настан за промоција на резултатите на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето воМакедонија“



На покана на Коалицијата на младински организации СЕГА на 28.01.2020 година претставници од нашето училиште присуствуваа на Завршниот настан за промоција на резултатите на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“. Настанот се одржа во хотелот Холидеј Ин каде пред бројните присутни се презентираа резултатите на постигнувањата од проектот, како промоција на новиот „Водич за ученичко учество, ученичко организирање и заштита на детските права во основните училишта“, во насока на полесна имплементација на одредбите од Законот за основно образование кои се однесуваат на ученичко учество и организирање. Учесници: Љубица Наумовска - директор, Весна Рафеска - педагог и Виолета Павлеска - предметен наставник.
                                                                                     Педагог:  Весна Рафеска



ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ



На 25.01.2020 година (сабота) група вработени од нашето училиште присуствуваа на еднодневна обука на тема: „Вовед во Еразмус + и процесот на аплицирање“. Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со  можностите за аплицирање за грантови за училишта (КА1 и КА 2) преку „Еразмус +“ програмата.  На крајот од обуката учесниците се здобија со Сертификат. Обуката ја следеа: Љубица Наумовска - директор, Весна Рафеска - педагог, Тина Пуфкова - предметен наставник, Елена Ристевска - предметен наставник, Магдалена Бадарова - предметен наставник, Маја А. Спасеска - одделенски наставник, Светлана Жежовска - одделенски наставник и Кети Сталеска - одделенски наставник.
                                                                                 Педагог Весна: Рафеска


среда, 22. јануар 2020.

Проект „Заедничка грижа“ - И родителот е наставник



Од планираните активности за I-д одд. од проектот„Заедничка грижа“ беше предвиден еден час во кој родителот Лавинија Перуновска која работи како професионален грумер реализираше наставен час по природни науки со содржина: Локални животни. Најпрво на учениците им презентираше филм за локални животни и животни што не живеат кај нас, а потоа им донесе едно локално животно - куче пудличкаа и со својата професионалност им кажуваше за негата и грижата за локалните животни.   
Интересните податоци презентирани со висока стручност  од родителот предизвикаа низа прашања кај учениците на кои добија одговор преку практични примери. За кратко време ни беа претставени и други миленичиња – морски прасиња кои беа посочени како пример на животни што не живеат кај нас, но се прилагодени и многубројни семејства се грижат за нив како домашни миленичиња. Поголем дел од децата изразија желба во присуство на родителот и наставникот да ги погалат животните и во завршниот дел на часот ги нацртаа во своите тетратки. Јакнејќи ја соработката ученик - наставник - родител кај нас се појави желба за повторна средба со родителот и запознавање со нови домашни миленичиња.

                                             Одговорен наставник: Даниела Костадинова