Во рамките на одбележување
на ДЕНОВИ НА УЧИЛИШТЕТО како завршна активност на 22.03.2019 година, во
просториите на училишната библиотека се одржа литературно читање, на кое
учениците се претставија со своите поетски и прозни текстови. Учество земаа
ученици од второ до деветто одделение, како од централното, така и од
подрачното основно училиште. Тие твореа и пишуваа под мотото „Секогаш од
почеток.“ Ова беше убава можност да слушнеме прекрасни творби од нашите
ученици, кои ја покажаа својата дарба и креативност. Директорката на
училиштето, Елизабета Славковска, им додели пофалници на најдобрите творби, кои
се надеваме ќе послужат како поттик за нивното понатамошно творење.
Училишниот библиотекар од
наградените творби на учениците изработи соодветна збирка.
Истата можете да ја превземете тука: https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=sites&srcid=ZGVmYXVsdGRvbWFpbnxyYWprb3ppbnppZm92fGd4OjVkNDA1ZjM3OTY5YjRhM2M
Наградени ученици:
Одделенска настава
-прозни творби-
-Димишковска Ангелина 3-в
одд. - 1.место
-Ѓоршевски Максим 3-в одд. -
2.место
-Стефан Стефковски 2-а одд.
- 3.место
-поетски творби-
-Анѓела Костоска 5-а одд. -
1.место
-Лана Лазаревска 5-а одд. -
1.место
-Андреа Јанкова 4-б одд. -
2.место
-Јана Илиева 5-в одд. - 3.
место
Предметна настава
-прозни творби-
-Ева Карамановска 9-б одд. -
1.место
-Никола Десковски 7-б одд. -
2.место
-Ивана Гацева 6-а одд.
3.место
-поетски творби-
-Тамара Милошевска 9-а одд.
- 1.место
-Теона Арсовска 6-в одд. -
2.место
-Урфета Тополец 7-б одд. -
2.место
-Мила Маркоска 9-б одд. -
2.место
-Ема Кечовска 6-а одд. - 3.место
-Марија Костадиновска 6-б
одд. - 3.место
Подрачно училиште
Одделенска настава
-Јордана Кузмановска 4-г
одд. - 1.место
-Јана Стамкова 5-г одд. -
2.место
-Лина Здравеска 4-г одд. -
3.место
Предметна настава
-Горјана Јаковлеска 8-г одд.
- 1.место
-Сара Петровска 7-г одд. -
2.место
-Мартина Петровска 7-г одд.
- 2.место
-Леонтина Костовска 7-г одд.
- 2.место
-Ангелина Делова 7-г одд. -
3.место
Одгворни наставници: Каролина Коларовска, Весна Миланова, Даниела
Костадинова, Елена Неделковска
МЕЃУОДДЕЛЕНСКИ ТУРНИР ВО ФУДБАЛ
Во рамките
на ДЕНОВИ НА УЧИЛИШТЕТО на 22.03.2019 година на спортските терени во нашето
училиште се одржа меѓуодделенски турнир во фудбал.
Во турнирот
генерациски се натпреваруваа учениците од 6 и 8 одделение и беа постигнати
следниве резултати: 6-а - 6-б (1:1), 6-б - 6-в (0:3) и 6-а - 6-в (0:3) со што
освоија: 6-а 1 бод, 6-б 1 бод и 6-в 6 бода со што беа победници во генерацијата
за 6 одделение. Од 8 одделение беа постигнати следниве резултати: 8-а - 8-б
(0:0), 8-б - 8-в (0:3) и 8-а - 8-в (0:0) со што освоија: 8-а 0 бодови, 8-б 0
бодови и 8-в 3 бода со што беа победници во генерацијата за 8 одделение.
Одговорни наставници: Јовица Ефтовски, Горан Андреевски и Маја
Грнчиштанова
Во рамките на неделата на училиштето,
петок како ден на спорт беше обележан со спортски игри. Учествуваа учениците од
прво до петто одделение во организирани спортски игри - Игри без граници.
Се одржаа меѓуодделенски натпревари во тимски игри како фудбал и полигон - игри
каде секој ученик индивидуално даде спортски придонес за победа на своето
одделение. Учениците поминуваа под пречка - Лимба, трчаа спринт, скокаа на јаже
и со топка имаа задача да погодат во одредена цел. Кај учениците се развија
позитивни чувства, радост, задоволство, натпреварувачки дух и солидарност.
Но се открија и спортски таленти.
Одговорен наставник, Кети Сталеска.