На 29.11.2018 г., се одржа МИО активност на час по француски јазик со 7-б
одделение. Часот беше реализиран во соработка со основното училиште ТЕФЕЈЈУЗ “Tefeyyüz İptidai
Okulu” од Општина Чаир во огранизација на наставниците
по француски јазик од двете училишта: Анета Ѓуровска - Арсовска (ООУ „Рајко Жинзифов“)
и Магбуле Сезаир (ОУ„ТЕФЕЈЈУЗ“). Основното училиште Тефејуз
постои уште од далечната 1884 и наставата се одвива на турски и албански јазик. Проектната активност
беше реализирана преку конференциска врска на наставен македонски и турски
јазик, а заедничко беше изучувањето на францускиот јазик. На часот присуствуваа
и педагозите на двете училишта.
петак, 30. новембар 2018.
уторак, 20. новембар 2018.
Реализирани активности во рамки на проектот ,,Убавините на различностите“
Денес
20.11.2018 год. учениците од осмо и деветто одд. заедно со координаторот на
проектот Адријана Кукоска ја посетија столарската работилница ДООЕЛ АС - ЛЕС
ДИЗАЈН и цвеќара ЛОТУС со цел да се запознаат со различните професии, условите
за работа , добивање идеја за креативни изработки.
Учениците
во столарската работилница се запознаа со процесот на изработка на различен вид
мебел се до готов производ . Со помош на сопственикот изработија дрвена кутија
и кроеја парчиња потребни за реализирање на креативна работилница во училиште.
При
посета на цвеќарата учениците имаа можност да изработат цветни аранжмани како
мотив за нови идеи за самостојни изработки.
Координатор на проект
петак, 16. новембар 2018.
УЧЕСТВО ВО МРТВ
На 14.11.2018 год. среда нашето училиште зема
активно учество во образовно-рекреативната
програма „Ѕвон“ на МРТВ .
Оваа
емисија има за цел да овозможи креативно и забавно претставување на училиштата. Учесници беа учениците од I до IX одделение кои заедно со
своите наставници подготвија и се претставија со квиз прашања, драматизации,
музичко-ритмички точки како и сликање на тема „Сакам да бидам ѕвезда“. Изведбата
на програмата беше на англиски и француски јазик.
Носители на програмата беа наставниците по
англиски јазик Магдалена Бадарова и Анета Макревска, по француски јазик Анета Ѓуровска Арсовска и
Тина Пуфкова како и одделенските наставници Елена Стојановска, Валентина Димишковска,
Виолета Николин и Мануела Марковска.
уторак, 13. новембар 2018.
„Месец на книгата - 2018“
Во рамките на
одбележување на Месецот на книгата 2018, библиотеката се вклучи во интерниот
проект во нашето училиште „Убавините на различностите“ во делот на литературно
творење на учениците
од VIII и IX одделение на тема ,,Секоја
личност е значајна – убавините на различностите’’. По реализираниот литературен конкурс кој траеше од
08.10.2018г до 19.10.2018 г. од творбите на учениците кои твореа на различни
јазици, во библиотеката беше изработена збирка од нивните творби која потоа
беше поделена во паралелките од 5-то до 9-то одделение.
Збирката можете да ја видите/превземете на нашата веб-страница или на:
https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=sites&srcid=ZGVmYXVsdGRvbWFpbnxyYWprb3ppbnppZm92fGd4OjNiOGYyMDc1MjgyMWYxZA
петак, 9. новембар 2018.
Проект: ,,Заедничка грижа"- И родителот е наставник
Родителот Маја
Николовска, вработена во УНИ банка, по повод 31 Октомври - Ден
на штедењето на учениците од V-г одделение од
подрачното училиште во нас. Пинтија реализираше наставен час во присуство на
одделенскиот раководител. Децата покрај информациите за штедењето добија прекрасни подароци. Интересните податоци
презентирани од родителот предизвикаа низа прашања кај учениците на кои добија
одговор преку практични примери. Учениците кажуваа примери за нивно штедење и
колку е тоа корисно. На крајот на часот направивме пано со
изработки - цртежи и желби за нивното штедење.
Нашето одделение доби на подарок и каса во која ќе ги чуваме заштедените пари.
Парите од нашата заштеда ќе ги употребиме за потребите на учениците.
Ја
јакнеме соработката: УЧЕНИК - НАСТАВНИК - РОДИТЕЛ !
Одговорен наставник. Даниела Костадинова
четвртак, 1. новембар 2018.
„Штедиме и учиме за безбеден сообраќај“
Веќе неколку години нашето училиште учествува на
конкурсот за цртање во рамките на „НЛБ Месецот на штедење“ на тема „Штедиме
и учиме за безбеден сообраќај“. Овие активности се наменети за ученици на
возраст од 5 до 15 години. Целта на овие активности е да се поттикнат децата да
штедат, да ги споделат своите и да откријат нови идеи за штедење како и поттикнување
на креативноста во ликовното изразување.
По тој повод учениците од нашето училиште изработија
голем број на ликовни творби и земаа
учество на конкурсот. Ликовните творби се вреднувани од познати ликовни
уметници и оваа година од нашето училиште беа наградени двајца ученици и тоа Ена
Хајровиќ од 2-а и Дарио Стојановски од 4-а одделение.
На покана од банката нашето училиште присуствување на
изложбата на детските цртежи каде беа доделени и наградите за учениците. Двата
ученика добија скромни подароци и парична награда од банката.
За учество во
конкурсот на училиштето му беше врачена Благодарница. На свечената пригода
присуствуваа одделенските наставници Билјана Тодоровска, Горица Станковска,
директорот Елизабета Славковска, педагогот
Весна Рафеска, како и родителите на наградените ученици.
Училишен педагог Весна Рафеска.
"Училишна градина - училница на иднината"
ООУ
„Рајко Жинзифов“ потпиша Меморандум за соработка со „Слоу Фуд - Здружение за
заштита, промоција и едукација за храна“ – Скопје со цел да опфати низа
активности кои се од интерес и придобивки на двете страни од областа на
едукација врз основа на проектот „Училишни градини - училница на иднината“.
Проектот е одобрен и финансиран од Град Скопје .
Поле на соработка:
-Водење на заедничка кампања
-Обезбедување
едукативен материјал за спроведување на програмата
-Тренинг
наставници
-Координација при воспоставување на училишните
градини
Кампањата ја започнавме со презентација од
страна на претседателот на здружението
Василка Стефановска која го запозна наставниот кадар со едукативната програма и
проектот ,,Училишни градини - училница на иднината“
На 18.10.2018 г. беше спроведена првата
работилница за засадување семенски материјал за расад во рамките на проектот
"Училишна градина - училница на иднината", која се одржа во
просториите на ООУ„Рајко Жинзифов“. Работилницата беше успешно спроведена.
Учениците беа мотивирани, заинтересирани, со безброј прашања но и со доволно
знаења за нивната возраст. Малку ги буена црвчињата и нивната позитивна
улога во плодните почви. Се заинтересираа за улогата на бубамарите во заштитата
на растенијата од вошките и многу други интересни теми. Многуте љубопитни очиња
беа насочени кон Катерина, нашиот тренер на денешната работилница. Ни ветија
дека ќе ги следат промените во нивните чашки и ќе нè известат штом проникнат и
здогледаат светлост нивните растенија.
Пријавите се на:
Постови (Atom)