Едукативно
интерактивно дружење со Дедо Мраз
Последниот ден од првото
полугодие во соработка со родителите во II-в одд. се одржа едукативно
интерактивно дружење со Дедо Мраз - маскираниот родител Ернест Пасалиќ. Радоста
кај децата беше огромна и со песна му посакаа топло добредојде на Дедо Мраз. Тој
одлично соработуваше со дечињата раскажувајќи им за далечното патување од
Лапонија. Низ игри и песни се одржа и лотарија при што Дедо Мраз интерактивно
едукативно соработуваше со децата, а тие непосредно учеа преку игра. На крајот
низ игра и песна децата заедно со родителите го испратија Дедо Мраз ветувајќи
дека и во идната година ќе бидат исполнителни, одгововрни и се надеваат
дека ќе имаат повеќе вакви средби.
Училишен натпревар по англиски јазик
На 6.XII 2017 година во нашето училиште
се одржа училишен натпревар по англиски јазик за учениците од V до IX одделение. Натпреварот беше
организиран од страна на предметните наставници и ментори на учениците: Анета
Макревска, Магдалена Бадарова и Маја Димеска. Земаа учество 60 ученици од кои
најдобрите двајца ученици од секоја
генерација продолжуваат на општинскиот натпревар кој ќе се одржи во март.
Натпревар по англиски јазик во Yahya
Kemal College
На 16. XII 2017 година во организација на Yahya Kemal College од Скопје, се одржа
натпревар по англиски јазик за учениците од IX одделение. Земаа учество 8 ученици под менторство на предметниот
наставник Анета Макревска.