Во нашето училиште од 15. до 25. 02.
2016г. беа реализирани низа активности за одбележување на патрониот
празник под мотото:
„НЕКОИ
ЛУЃЕ САМО ГОВОРАТ...“
= од 15.02. до 19.02 2016г. - Литературен и ликовен конкурс за
учениците од II до IX одд. на тема:„Некои луѓе само говорат...“. Одговорни наставници: Љуба
Мишевска, Звонко Петрушевски, Софија Лукровска и Кети Сталеска;
ОСВОЕНО I МЕСТО
(предметна настава)
Некои луѓе постојано говорат
Зборови, зборови, зборови
Бисер од гердан наредени
Ѕвезди на небо распоредени,
Ко извор непресушен извираат
До секоја душа допираат.
Со сабја тишината ја параат,
Пркосно вистината ја бараат.
Во еден миг дела создаваат
Или зад себе урнатини оставаат.
Излегуваат од црнилата на ноќта
Во себе ја носат силата и моќта,
Ко реликвија цвета возвишуваат
Ко пустинска суша уништуваат.
Немаат ниту почеток и крај.
Со векови во низи се плетат, се ткаат
Да милуваат, радуваат и љубљт знаат.
Топлина и светлина да даруваат
Аманет од заборав да чуваат.
Или безлични и прости стануваат
Во сивилото на бездна потонуваат.
Со злоба и гнев се украсуваат
Со омраза низ времето патуваат.
Некои луѓе постојано говорат,
Со животот храбро се борат
Зборови оживуваат, дела говорат
Како чувари пред иднината стојат
За нив зборовите ни велат дека постојат.
Никола Жежовски IX-в одд.
ОСВОЕНО I МЕСТО
НЕКОИ САМО ГОВОРАТ
Секој што говори знае,
не се кае.
Говорот е нешто красно,
за сè да се слушне јасно.
Секој што говори сака,
си нема мака.
Говорот секогаш тука кружи,
и на секому му служи.
Кога говориш како да си во рај,
и си мислиш како да нема крај.
Ангелина Делова
4-г одд.
(Пинтија)
ОСВОЕНО I МЕСТО
(одделенска настава)
НЕКОИ ЛУЃЕ САМО ГОВОРАТ...
Некои луѓе само зборуваат
И секогаш само
Себе си се слушаат.
Некои луѓе само зборуваат
И никогаш другите луѓе не ги слушаат.
Но некои луѓе кога зборуваат
На другите ведра енергија им пружаат.
Празните зборови
Мрачните зборови
Никој не сака да ги слуша
Бидејќи тие не погодуваат во душа.
Веселите зборови
Среќните зборови
Секој сака да ги слуша
Бидејќи тие ја полнат секоја душа.
Александра Андонова
4-в одд.
I место: Марија Кузмановска - 3-в одд.
I место: Ивона Стојановска - 4-г одд. (Пинтија)
I место: Борјана Блажевска - 9-а одд.
= 22. 02. 2016г. - Историски час за Патронот на нашето училиште. Одговорни наставници:
Тони Петрушевски и Лена Крстевска;
РАЈКО ЖИНЗИФОВ
Живот и дејност
Рајко Жинзифов ( 15 февруари 1839 – 15 февруари 1877г.) е роден во Велес, во
познато велешко семејство. Неговиот татко работел како учител во
хеленизирани училишта и израснат под влијанието на грчкиот дух, тој му го дава на својот син
грчкото име Ксенофон (на
македонски Рајко). Основно училиште завршува во Велес, а
подоцна му помага во учителската дејност на својот татко во Прилеп. Во 1856 г.
се придружува на Димитар Миладинов во борбата за културна преродба на македонскиот
народ. Токму затоа станува
помошник-учител на Димитар Миладинов во Прилеп и Кукуш, каде што се залага за
отстранување на грчкото влијание во училиштата. Во 1858 г. ја напушта Македонија
и заминува за Русија за да студира на Московскиот универзитет. Тука ја добива
целокупната заштита од Константин Миладинов, кој реално му ја отсликува студената
руска атмосфера. Во овој период Жинзифов воспоставува врски со некои македонски
студенти и зема активна работа во партијата на учениците од словенските региони
под турска власт. Воодушевен од дејноста
на браќата Миладиновци, Жинзифов започнува да ја пишува нивната биографија.По
завршувањето на студиите, работи како професор по старогрчки јазик во една од
московските гимназии. Во тој период ја издава својата единствена стихозбирка, а
работи и на препеви од руски, украински и чешки јазик. Соработувал и со неколку
бугарски весници:
Дунавска зора,
Македонија, Слобода и др. каде што објавува дел од своите песни, а и свои
статии, во кои остро се спротивставува на елинизацијата на македонскиот народ ,
со што го навлекол гневот на многумина. Последните години од својот живот, ги
минува во бедни услови, како емигрант во Русија,каде што и згаснува неговиот
живот, во 1877 година.
Поетска
активност
Во текот на својот живот, објавил 39 песни во својата
единствена стихозбирка, од кои најзначајни се: “Глас” и “На Велигден.” Значаен
е и како автор на првиот расказ во нашата литература со наслов: “ На прошедба.” Сепак, најзначајна трага во
македонската книжевност остава со поемата “Крвава кошула,” издадена во 1870 во Романија. Во поемата се осудува турската тиранија и се
опишува неподносливиот живот на нашиот народ под турско ропство. Поемата
опишува вистински настан во кој една мајка откако Турците и го убиле
единствениот син, ја донела неговата крвава кошула во град за да ја покаже на
народот во црковниот двор.
Со сета оваа своја активност: со борбата против грчката елинизација, со својата учителска дејност, со
своите песни со патриотска и социјална тематика, со првиот расказ во
македонската книжевност, како и со поемата “Крвава кошула,” Жинзифов оставил силен печат зад себе и светла
трага во македонската книжевност од 19 век.
= 23. 02. 2016г. - Спортски ден:
ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ со учениците од одделенска настава. Одговорни
наставници: Валентина Димишковска, Маја А. Спасеска и Моника Трајковска
= 23. 02. 2016г. - Училишен натпревар по математика со учениците од IV до IX
одд.. На натпреварот учествуваа вкупно 85 ученика. Задачите
за натпреварот ги составија наставничките Марина Станоеска, Виолета Павлеска и
Јулија Бекриќ кои воедно и ги прегледаа истите.
= 24. 02. 2016г. - Презентација на ажурирана Веб-страница на училиштето. Одговорен
наставник: Маја Лошанска Тодоровска;
КЛИКНИ НА СЛИКАТА ЗА ДА ОДИШ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
= 24. 02. 2016г. - Промоција на училишниот весник „Секој нов ден“. Уредник, дизајн и
компјутерска обработка: Никола Станковиќ - училишен библиотекар;
= 24. 02. 2016г. - Генерална проба на приредбата по повод патрониот празник. Одговорни
наставници: Даме Коларовски и Комисија за приредби и прослави;
= 25. 02. 2016г. - Свечена приредба со почеток во 11,00 часот. Одговорни наставници:
Даме Коларовски и Комисија за приредби и прослави.
25.
02. 2016г. СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА
По обраќањето на директорката Елизабета Славковска кон присутните гости,
беа наградени учениците кои покажаа најдобри резултати од областа на
литературата, уметноста и спортот, како од централното, така и од подрачното
училиште во н.Пинтија:
-
ЛИКОВЕН КОНКУРС:
Централо
училиште (одделенска настава):
1.место - Марија Кузмановска
3-в одд.
2.место - Харис Беровиќ 4-а
одд.
3.место - Сара Гегиќ 5-а одд.
Централо училиште (предметна настава):
1.место - Борјана Блажевска 9-а
2.место - Самра Цуриќ 7-г одд.
3.место - Викторија Бакиќ 8-в
Пинтија:
1.место - Ивона Стојановска 4-г одд.
2.место - Вероника Анѓеловска
2-г одд.
3.место - Јована Ристиќ 1-г
одд.
-
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС:
Централо училиште (одделенска настава):
1.место - Александра Андонова
4-в одд.
2.место - Јована Николовска 5-в
одд.
3.место - Урфета Тополец 4-б
одд.
Централо училиште (предметна настава):
1.место - Жежовски
Никола IXв
2.место - Мила Златеска
VIIг
3.место - Мила
Маркоска VIб
Пинтија:
1.место - Ангелина Делова 4-г
одд.
2.место
- Иван Петрески 4-г одд.
По доделувањето на пофалниците следеше приредбата во која беа
застапени музичко-сценски и танцови точки кои беа прифатени од многубројната
публика со големо воодушевување.
Нема коментара:
Постави коментар