петак, 4. децембар 2015.

ЕСЕНСКИ КРЕАЦИИ



Во текот на месец ноември се организира работилница во одделенска настава во централното и во подрачното училиште во н.Пинтија со наслов „ЕСЕНСКИ КРЕАЦИИ“.
Своите креации учениците заедно со своите наставници ги поставија на училишните паноа.
Еве некои од нив:








Одговорен наставник: Билјана Илиева

среда, 2. децембар 2015.

Ден на дрвото - засади ја својата иднина

       По повод есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина” на 30.11.2015г. во ООУ,,РајкоЖинзифов“-н. Драчево  беше изведена акција на  засадување на дрвца.
    Во акцијата беа  засадени  дваесетина  млади борови садници како и  4   листопадни  дрва. Садниците беа засадени   во училишниот двор на слободни површини како и на местата од исушените  борчиња.
     Во засадување на подарените садници од Општината Кисела Вода учествуваа ученици од  VIIIoдд. , а грижата за садниците ќе биде  одговорност на сите со цел издигање на повисоко ниво на еколошката свест кај учениците  која во иднина ќе биде секојдневие за поквалитетно живеење.
        На 02.12.2015г. беа изведени активности според добиените насоки: учениците од одделенска настава (I-VIодд.) работеа на уредување на училниците и на различни активности на тема екологија, а останатите ученици работеа на уредување на училишниот двор, а исто така дел од нив беа вклучени во планираните активности на општинско ниво во блиската околина на населбата.




На истата дата и во подрачното училиште на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Пинтија се одржа работна акција во рамките на денот на дрвото.

Учениците од шесто до деветто одделение заедно со одделенските раководители како и неколку предметни наставници учествуваа во групно чистење на училишниот двор . Акцијата започна во 8.00 и траеше до 10.00 часот. Расположение и пријатна атмосфера беа дел од овој настан како и желба да се направи нешто убаво што ќе биде општо корисно.

петак, 25. септембар 2015.

ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ


Во рамките на годишната програма за работа  на училиштето: ООУ „Рајко Жинзифов“- н. Драчево, беше планирана активност за одбележување на 
ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ.
За таа цел, на ден: 24. 09. 2015 г. (четврток) со почеток во 12.30 часот, во холот на училиштето, беше реализирана пригодна програма. Во истата, учествуваа учениците од I до IX одделение од централното  и  подрачното училиште во Пинтија.
Носители на програмата беа наставниците по англиски јазик: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Маја Димеска, Александра Колевска и наставниците по француски јазик: Наталија Делева и Анета Ѓуровска Арсовска, во соработка со наставникот по музичко образование Даме Коларовски.

Свое обраќање до присутните имаше и директорот на училиштето Елизабета Славковска. 
На приредбата и претходеше неколкудневна подготовка.
Покрај наставниците од училиштето, помеѓу присутните беа и наставници од другите општински училишта, родители, како и претставници на Секторот за образование, при Општина Кисела Вода. 
Дел од програмата беа изведба на рецитали, стихотворби и драматизации на англиски и француски јазик, а дел интерпретација на англиски песни и француски шансони со изведба во живо, поткрепени со кореографија.



уторак, 15. септембар 2015.

Од посетата на манифестацијата „ПАТУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКАТА КНИГА“



На 10.09.2015 членовите во секцијата по француски јазик при  ООУ „Рајко Жинзифов“ од подрачното училиште во населба Пинтија со наставничката по француски јазик Анета Ѓуровска-Арсовска  ја посетија манифестацијата „ПАТУВАЊЕ НА ФРАНЦУСКАТА КНИГА“ во рамки на регионалната турнеја на францускиот театар „Ларденоа“ со „ Камион со приказни“. Настанот беше организиран од страна на Францускиот Институт, а се одржа во Националната Универзитетска Библиотека „Климент Охридски“.
Настанот беше отворен со говор од страна на директорот на Библиотеката  г-н Иван Заров,  директорката на Францускиот Институт во Скопје, г-ѓа Изабел Марки-Барбо како и Амбасадорката на Франција во Р. Македонија г-ѓа Лоранс Оер.
Учениците учествуваа во забавните и едукативни активности како и во книжевните работилници и литературни катчиња. Оваа манифетација беше пренесувана од  француската телевизија ТВ5 Monde како и од локалната телевизија Сител.

уторак, 1. септембар 2015.

недеља, 17. мај 2015.

ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА

                Учениците од деветтите одделенија имаа задача да изработат геометриски тела по избор, како дел од изучувањето на наставните единици: Призма, Пирамида, Цилиндар, Конус и Топка по предметот математика.
      Геометриските тела се изработени од жица, хамер, картон, стакло и други материјали.







                                                                                         Предметен наставник:

                                                                                             Марина Станоеска

четвртак, 14. мај 2015.

ДА СЕ ЗАБАВУВАМЕ, ДА СЕ РАДУВАМЕ, ДА СПОРТУВАМЕ И ЗАЕДНО ДА ДРУГАРУВАМЕ

                     На 13. 05. 2015г. во 11,00 часот се одржа МЕЃУОДДЕЛЕНСКИ НАТПРЕВАР по физичко и здравствено образование помеѓу учениците од прво одделение.
          Мотото на натпреварот гласеше: ДА СЕ ЗАБАВУВАМЕ, ДА СЕ РАДУВАМЕ, ДА СПОРТУВАМЕ И ЗАЕДНО ДА ДРУГАРУВАМЕ. Учениците се натпреваруваа по групи изведувајќи различни игри со топка, јаже и обрачи.
               Секоја паралелка беше облечена во маички со соодветна боја: жолти, црвени и бели.




                 Радоста кај децата беше огромна и преовладуваше натпреварувачкиот дух.





                   Настанот го проследија и дел од родителите на учениците кои го изразија своето задоволство од организацијата.
                                                                                                                        Носител на активноста:
                                                                                                                      Валентина Димишковска