уторак, 5. новембар 2024.

Извештај - Конференција за Наука за деца

На 19.10.2024 во училиштето "Нова" се одржа Конференција за Наука за деца во рамки на која беа прогласени и изложени најдобрите дигитални плакати на тема : "Parlez-vous fran-sci?" во соработка со Францускиот институт во Скопје. На конкурсот за најдобар дигитален плакат учествуваа 5 ученици од нашето училиште. Плакатот на ученикот Александар Муриќ од 9в одделение беше изложен како еден од 15-те најдобри и беше дел од седумдневната изложба во просториите на Францускиот Институт во Скопје. Александар Муриќ беше дел од манифестацијата при што имаше можност пред присутната публика да ја образложи инспирацијата  како техниките и дигиталните алатки користени при изработка на неговиот плакат. Во рамки на Конференцијата се одржа и работилница за Роботика со примена на македонски и француски јазик. 

Одговорен наставник: Анета Ѓуровска-Арсовска






субота, 2. новембар 2024.

Недела на кодирање 14-27.10.2024

 Учениците од 2 а одделение - продолжен престој ја одбележаа неделата на кодирање преку активноста со парни и непарни броеви во склоп со планираните содржини по математика каде што требаше пчелката да ја однесат во нејзината кошница покажувајќи го патот преку парни или непарни броеви. За своите активност учениците се здобија со сертификати.

Одговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска











Еднодневен есенски излет со учениците од 1во до 3то одделение



Според годишната програма на ден 31.10.2024 се одржа еднодневен есенски излет од забавно рекреативен карактер за учениците од 1во до 3то одделение во “Парк шума Гази Баба” со цел запознавање на убавините на природата во непосредна околина, развивање интерес за спортски активности и фер-плеј однесување, другарство, комуникација, споделување. Учениците развија љубов и грижа кон природата па на крајот пред да го напуштиме местото заедно со своите наставници се погрижија и секој си го собра својот отпад.
Одговорни наставници:

Одделенските наставници
Образовните асистенти
Наставниците по Ф.З.О. Никола Соколовски и Кирил Атанасовски







среда, 23. октобар 2024.

There Is A Life in School - Етвининг проект IIa продолжен престој

 Учениците од второ а одделение - продолжен престој активно се приклучија во Етвининг проектот ,,There Is A Life in School,, во соработка со други земји учеснички : Турција, Грција,Романија, Латвија, Литванија,Естонија, Бугарија и Азерјбеџан.Проектот е подготвен за деца од училишна возраст. Ова е возраста кога децата акумулираат сензорни мерки и претстави за светот околу нив и ја формираат својата сетилна култура. Преку игри, набљудувања и експерименти, децата разиграно ќе го истражуваат светот околу себе и ќе го надоградат знаењето што веќе го стекнале. Тие ќе бидат ставени во проблематични ситуации и сами ќе ги најдат своите решенија. Ќе ја развијат својата имагинација, креативност и логично размислување. Проектот трае од октомври до мај 2025.

Цели:

1. Да се ​​обезбеди забавна и интересна средина за учење за децата.

2. Во форма на игри и практични задачи, децата го перцепираат светот.

3. Да се ​​развие логично размислување, креативност и способности за набљудување.







уторак, 15. октобар 2024.

ПРЕДМЕТ: ОПШТЕСТВО НАСТАВНА СОДРЖИНА: "Образованието и идната професија"

Учениците од 3б одделение беа во посета на модното ателје "Бабулова-Ангелеска". Наташа Бабулова Ангелеска е родител во 3б одделени, таа не покани во своето ателје за да не запознае со професијата конфекциски инженер. 

Изборот на професија е една од најважните одлуки во животот на една личност. Со знаења и вештини што ги стекнуваме во различните степени на образование се оспособуваме за вршење на различни професии. Најчесто професијата ја избираме според нашите интереси и способности.











четвртак, 10. октобар 2024.

Активности на Ученичкиот парламент по повод Детската недела

Ученичкиот парламент се вклучи во одбележувањето на Детската недела. Членовите на Ученичкиот парламент твореа на следните теми: „ Правата на детето-Безбеден чекор кон слободно детство“, „ Ученички иницијативи“, „Средината во која децата учат и се развиваат“, „Средината во која децата слободно можат да го поминуваат слободното време“.









Извештај за одржана приредба за одбележување на Детската недела и прием на првачиња во Детска Организација

На ден 09.10.2024 год. во нашето училиште се одржа свечена приредба на тема “ Правата на детето - безбеден чекор кон среќно детство “за прием на првачињата во Детската организација. Сценариото и драматизацијата беа подготвени од учениците од второ одделение и нивните наставници: Горица Станковска, Билјана Шоклевска и Моника Цаневска. На крајот од приредбата првачињата дадоа свечена заклетва.











недеља, 6. октобар 2024.

5 OКТОМВРИ- СВЕТСКИ ДЕН НА НАСТАВНИКОТ

По повод денот на наставникот беше распишан литературен конкурс на тема „Твориме во ваша чест“. Конкурсот беше наменет за учениците од 6-9 одделение, како од централното така и од подрачното училиште во Пинтија. Учествуваа голем број на ученици но од подобрите избрани творби, беше организирано литературно читање во просториите на училишната библиотека. Од литературните творби се изработи збирка како мотив на учениците за понатамошно учество и творење. Беше изразена голема благодарност до сите учесници од присутните. Исто така на училишната разгласна станица се прочита реферат посветен на наставникот. Овие активности беа реализирани од страна на предметните наставници по македонски јазик: Љупка Мишевска, Каролина Коларовска,Елена Ристевска во соработка на училишниот библиотекар Александра Милчева.