петак, 28. април 2023.
Извештај за реализирана посета на идните првачиња од градинката ЈДГ 8 ми Март
Патронен празник на училиштето
Тркало на времето Минатото е извор на искуства, сегашноста за миг станува , минато! Кој ја определува иднината? Таму далеку некаде , се спојуваат минатото и иднината, за повторно да почне да се врти ТРКАЛОТО НА ВРЕМЕТО! Драги наши, на ден 7 Април, во нашето училиште се реализираше настан Ден на нашето училиште, Патронатот на училиштето Рајко Жинзифов. Со многу љубов, ден по ден, секојдневно ги нижевме настаните еден до друг, ја живеевме оваа сегашност, гордо спомнувајќи и навраќајќи се на минатото, оставајќи во истовреме уште една трага за иднината и идните генерации! Сплотени сите, со радост, песна, оро, разиграни, распеани, во ритамот на нашата традиција, ценејќи ги вредностите на истата, на сцената блеснаа нашите ученици предводени од своите наставници.Се случи денес, а ќе се помни и утре, испреплетени емоции, топли прегратки кои ќе траат долго...Тркалото на времето, ја расплете приказната за нашите предци, тркалото на времето ги донесе на сцената младите момчиња и девојчиња, кои со гордост го презентираа нашето училиште денес, овде и тука!!! Трката на времето продолжува, нашата мисија продолжува исто така! Бидете во добро здравје, до видување догодина!!!
Одговорен наставник Татјана Трпеска заедно со тимот за Патронат на училиштето
четвртак, 27. април 2023.
СВЕТСКИ ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА
Меѓународниот ден на математиката се слави секој 14 март, бидејќи со необврзувачка одлука на Конгресот на САД овој датум се прогласува за Национален ден на бројот π . Покрај тоа што е Светски ден на бројот π, кој е еден од најупотребуваните броеви во математика, физика и инжинерството, овој ден се слави и како Светски ден на Питата, како и роденден на светскиот научник Алберт Ајштјн.
Математичката секција во која учествуваат ученици од 7а и 9в и 9б одделение го прославија овој ден со пригодна програма, пред учениците од 4б одд со својата наставничка Билјана Христовска. Учениците од 9-то одд изработија проекти, а учениците од 7а составија песни поврзани со математиката.
среда, 19. април 2023.
ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНА МИО АКТИВНОСТ
четвртак, 6. април 2023.
Извештај од реализирани спортски активности по повод патрониот празник на училиштето
На ден 6.4.2023г. на ниво на одделенска настава се реализираа спортски активности преку елементарни игри на полигон. Во активностите учествуваа сите присутни ученици, при што со задоволство ги реализираа дадените барања, развиваа спортски дух, координација, снаодливост и моторика. Исто така го негуваа другарството, тимската работа, ги почитуваа правилата на игра и развиваа позитивни чувства.
Одговорни наставници: Никола Соколовски, Виолета Николин и Мануела Маркоска.
СО СТИХОВИ ГО ОДБЕЛЕЖУВАМЕ НАШИОТ ПАТРОН
Извештај за ликовни активности по повод Патронатот
По повод патрониот празник на нашето училиште се одржа "Ликовен конкурс" во кои учениците сликаа на тема "Тркало на Времето". На учениците од 3 до 9 одд. денес им беа доделени дипломи,и се одржа изложба од сите учесници во конкурсот. Нека ни е честит и вековит патрониот празник на нашето училиште!
Одговорни наставници
Моника Цаневска, Весна Милановска, Наташа Петковска
среда, 5. април 2023.
Извештај за реализирана активност ,,Промовирање на наградени ученици по повод Патронатот“
субота, 1. април 2023.
1 Април - Денот на шегата
Учениците од продолжен престој од прво до четврто одделение, го одбележаа денот на шегата, преку своите несекојдневни и креативни маски. Сите заедно ги покажаа маските преку кратка прошетка во непосредната околина. Нека секој ден носи радост и смеа. Шегата треба да не насмее, а не да не навреди !
Одговорни наставници: Маја Атанасовска Спасеска, Ана Јаневска Костадинова, Билјана петровска, Татјана Трпеска, Билјана Христова