уторак, 28. март 2023.

ИЗВЕШТАЈ ОД СЛОБОДНИТЕ АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД 21 МАРТ- ДЕН НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА

     Учениците од IIа, IIб, и IIв одделение на 21 Март во рамките на слободните ученички активности го закитија доаѓањето на пролетта со креативни изработки од најразлични цветови и напишаа пораки за подигање на еколошката свест кај сите нас за да можеме да уживаме во убавините и благодетите  што ни ги подарува природата. 

Одговорни наставници:Вилма Влаховиќ, Светлана Жежовска, Марија Илиева











понедељак, 27. март 2023.

Реализирана прва ЛЕГО ТУРНЕЈА во соработка со Eco - Logic

 Во периодот од 15.03 до 24.03.2023 се реализираше првата лего турнеја во нашето училиште со учениците од прво а, в одделение - продолжен престој во соработка со Eco - Logic здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина ,,Eco - Logic,,. Учениците беа мотивирани за работа со лего коцки при што се реализираа активности во согласност со наставната програма
- наставен предмет македонски јазик - Голема и мала печатна буква Лл
- наставен предмет општество - простории во домот и лична хигиена
- наставен предмет математика - Споредување на броеви до 30
- одбележување на денот на пролетта - грижа за животната средина
Одговорен настаник : Маја Атанасовска Спасеска






Остварена едукативна посета на Музеј на македонската борба

    За учениците од 8-те одделенија од ООУ „Рајко Жинзифов“ на 24 март 2023г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на музејот на македонската борба.Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од водич во музејот додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Македонија и за тоа како таа е претставена во горенаведениот музеј. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 8-мо и 9-то одделение.

Одговорен наставник : Димитар Чоковски




четвртак, 16. март 2023.

Комплетирана серијата посети на (9а, 9б, 9в и 9г) на: “Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија”

За учениците од 9а одделение денес беше организирана посета на меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Со тоа беше комплетирана серијата посети на музејот организирани за 9-те одделенија од нашето училиште оваа година. 

Повторно за време на посетата во музејот нашите ученици беа културни и дисциплинирани и тоа претставуваше убава слика за нашето училиште.
Исто како и на претходните посети учениците слушаа објаснување од водич во меморијалниот центар додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Евреите од Македонија. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 9-то одделение.

Одговорен наставник: Димитар Чоковски