петак, 25. новембар 2022.

ПОСЕТА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 

Во согласност со стандардите по Историја и општество учениците од четврто одделение под водство на нивните наставнички: Наташа Петковска, Мануела Маркоска, Весна Милановска и Даниела Костадинова ја посетија општина Кисела Вода и се стекнаа со незаборавно искуство. Беа топло пречекани од советникот во кабинетот на градоначалникот, Сашо Јовановски и советникот во Оделение за образование, Бети Јаневска. Учениците се запознаа и ги продлабочија своите знаења за работата на општината, градоначалникот, Советот на општината и општинската администрација. Поставија интересни прашања за функционирањето на Општината и за функцијата градоначалник на Општината.

                                    Актив на четврто одделение




Есенска работилница

На 25.11.2022 г. се одржа Есенска работилница во Подрачното училиште  во н. Пинтија. Учениците од V-г одд изработија прекрасни есенски изработки од различни плодови и есенски лисја. Училницата ја издекорираа во убаво есенско руво, се забавуваа и радуваа на успешните изработки.

                       Одговорен наставник:  Кристина Никчевска




четвртак, 24. новембар 2022.

Воннаставен час во II-б одделение на тема: „Животот на пчелите и важноста и значењето на пчелните производи“

 

На 23.11.2022 година родителот Иван Додевски( професионален пчелар),  беше наставник и одржа едукативен час со интерактивна презентација на тема: „Животот на пчелите и важноста и значењето на пчелните производи“. На овој час учениците на интересен начин се запознаа со живеалиштата на  пчелните семејства, како е организиран нивниот живот, како создаваат мед и други пчелни производи и зошто се значајни тие за човекот и воопшто за природата. Воедно се запознаа со предметот кошаре, видоа пчелин восок, саќе, дималка, како се вади мед од пчелните сандаци и облекоа пчеларска опрема. На крај на големо задоволство на учениците добија можност да вкусат од здравиот производ на пчелата – медот.

                       Одделенски наставник : Светлана Жежовска



Посета на Археолошки Музеј на Македонија

 

За 7-мите одделенија од ООУ „Рајко Жинзифов“ во населба Драчево и од подрачното во населба Пинтија на 23. ноември 2022г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на Археолошкиот Музеј на Македонија. Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од кустос археолог додека ги разгледуваа артефактите. На овој начин тие се запознаа со дел од богатото движно културно наследство на Македонија. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на артефактите беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја и Нашата Татковина во 7-мо одделение.

За време на посетата во музејот нашите ученици беа културни и дисциплинирани и тоа претставуваше убава слика за нашето училиште. Ако условите дозволат во текот на оваа учебна година ќе се реализираат повеќе едукативни посети од ваков тип.



понедељак, 14. новембар 2022.

Доделување на награди во НЛБ Банка по повод учество на ликовниот конкурс - Иновации во штедењето

 

На 9.11.2022г. во просториите на НЛБ Банка беше организиран настан - Свечено доделување на награди на ученици од цела Македонија кои учествуваа на ликовниот конкурс „Иновации во штедењето“.

Од пристигнати 1000 цртежи кои учествуваа на конкурсот  од стручното жири беа избрани и наградени 30 цртежи. Од нашето училиште беа наградени 5 ученика: Јана Дончева  од II-б,  Лара Ангеловска од III-a, Арета Хензлова  и Давид Илиовски од IV-б и Михаела Трпевска од IV-в одделение. Учениците беа среќни и задоволни од постигнатиот успех и со голема мотивација за учество и на следниот  ликовен конкурс. На манифестацијата беа присутни  директорката на нашето училиште, педагогот, ментор наставник и родител претставник на родителите на нашите наградени деца.

                          Ментор наставник: Светлана Жежовска



Посета на Стопанска банка

 

По повод месецот на штедење – октомври учениците од  II-a, II-б, и II-в одделение на 28.10.2022г. ја посетја установата Стопанска банка во населба Драчево  каде на интересен и креативен начин се запознаа со начинот на штедење  парични средства, како да  се штеди и различни валути кои можат да се штедат во банката. При тоа учениците покажаа интерес и големо задоволство од извршената посета на банката.

                                                                 Актив второ одделение





РАБОТИЛНИЦА ЗА ВАЈАРСТВО

 

На наше големо задоволство во Подрачното училиште,,Рајко Жинзифов'' повторно имавме чест да ни оддржи работилница мојот драг ученик, сега уметник Риџет Ферати. Во рамките на предметот Слободен изборен предмет - Цртање, сликање и вајарство моите вредни четвртооделенци обликуваа скулптура на тема ,,Мојот омилен лик во семејството". Внимателно ги следеа основите за изработка на скулптура и со нивната инвентивност и креативност изработија прекрасни фигури.

Задоволството од крајниот продукт беше взаемно.❤

             Одделенски раководител: Даниела Костадинова



уторак, 1. новембар 2022.

"Медиумска култура во образованието"

 

       Учениците од 7-а и 9-г одделение беа дел од проектот "Медиумска култура во образованието" - под покровителство на Мрежа за медиумска писменост и посетија две филмски проекции во киното Милениум на 26. и 28.10. 2022г.

         Реализатор - Елена Ристевска, наставник по македонски јазик






31 Октомври - Ден на штедењето

 

       По повод 31 Октомври - Ден на штедењето, во подрачното училиште во населба Пинтија во 4-г и во 5-г одд. од страна на вработени од Стопанска банка - експозитура од населба Драчево, имавме прекрасно предавање за значењето на штедењето.

       Дечињата имаа можност да постават интересни прашања за работата во банка. На крајот беа почестени со слатки и им беа поделени прашања колку научија за штедењето. Добија и боенки кои ќе ја красат училницата.