понедељак, 14. јун 2021.

Промоција на најдобрите од генерација 2012-2021 год.

     Како и секоја година така и оваа, но на малку поинаков начин се промовираа најдобрите ученици од генерација 2012-2021 год. со што се збогати ризницата на постигнувањата на нашето училиште.

 Онлајн промоцијата беше закажана на 11.6.2021 год. во 18ч. на Teams. Беа поканети ученици, родители, наставници, стручна служба. Најнапред беа промовирани постигнувањата на ученикот на генерација Никола Десковски од 9-б одд. кој беше закитен со диплома и подарок.


 

    Потоа беа промовирани и постигнувањата на учениците со континуиран одличен успех: Кајмаками Иво и Изев Бојана од 9-а одд, Урфета Тополец и Матеј Тевдовски 9-б, Александра Андонова, Баже Павловски, Методиј Јанкуловски, Михаела Илиоска 9-в, Леонтина Костовска, Ангелина Делова, Јован Мирчески, Сара Петровска, Лука Јанкулоски, Ива Нумановиќ, Мартина Петровска 9-г одделение.

   Промоцијата заврши со прекрасни стихови како порака за понатамошни успеси на учениците во нивното идно образование.Честитки и понатамошни успеси им  посакаа  директорката и педагогот на училиштето. Одговорен наставник за реализација на овој проект беше Мишевска Љуба, наставник по македонски јазик.





четвртак, 10. јун 2021.

Зелена порака

 

На последниот ден од учебната 2020/21 година, ние учениците од 4-г одделение и наставникот Кети Сталеска организиравме заеднички час со 5-1 одделение и нивната наставничка Лиле Велјановска од соседното училиште „Кузман Шапкарев“- н. Драчево. Тема на часот беше да ја пренесеме „Зелената порака“ до нашите другарчиња со цел сите заедно да ја чуваме и негуваме природата и околината. За таа пригода учениците подготвија видео во кое глумеа во две видео драми насловени како „Разговор“ и „Дилема“, напишани од ученичката Руби Костовска. Исто така прикажаа цртежи и говорни видеа со еко-пораки и еден стрип. Нашите соговорници, имаа подготвено креативни и поучни пораки со еко-содржина кои ги споделија со нас.  Учениците беа многу задоволни и возбудени од двете одделенија. Заеднички заклучивме дека повеќе ќе ја чуваме природата и насекаде ќе ја пренесуваме „Зелената порака“. Во прилог линк од видоето и неколку слики од заедничкиот час.

Одделенски наставници:

Сталеска Кети при основно училиште „Рајко Жинзифов“ и

Велјановска Лиле при основно училиште „Кузман Шапкарев“

 https://www.youtube.com/watch?v=Iqz7wM1CAx8




 

Меѓународно тестирање - ПИРЛС, читање со разбирање

 

         Како што беше најавено на 20.05.2021г. (четврток) се спроведе Меѓународното тестирање –ПИРЛС, (читање со разбирање). Учениците од 4-г од подрачното училиште во Пинтија беа избрани да учествуваат. Учениците имаа стекнато искуство со пробното тестирање и со задоволство учествуваа во ова тестирање. Се надеваме на добри резултати.

Одделенски наставник на IV-г одд.: Кети Сталеска.

Училишен кординатор - педагог: Весна Рафеска.

Тестатори:  Кристина Никчевска и Богданка Пановска.

Заменици тестатори: Ивана Илиевска- Огњановска и Даниела Костадинова.

Во текот на тестирањето присуствуваше набљудувач, лице преставник од БРО.