На 19.10.2017 година во нашето училиште по иницијатаива
на НЛБ Банка се реализираше посета по
повод месецот на штедење.
Посетата
се реализираше во четвртите одделенија со едукативен говор од страна на
вработениот од банката на тема „Штедиме и истражуваме“ и при тоа сите ученици добија скромни подароци.
Учениците имаа можност да научат нешто повеќе за штедењето и истражувањето, а потоа
цртаа цртеж на истата тема, при што можеше да се забележи голема креативност.
Цртежите од учениците ќе учествуваат во големата изложба на крајот од месецот
што ја организира НЛБ Банка, а најдобрите цртежи ќе бидат наградени.
Целта на
посетата е децата да се едуцираат за добрите навики, штедење и откривање на
нови нешта преку правење на научни експерименти, набљудувања и учење.
На
крајот од посетата учениците искажаа задоволство и упатија голема благодарност до вработениот на НЛБ Банка.
Училишен педагог
Весна Рафеска
ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ
На 18.10.2017г.(среда) се одржа еднодневен излет близу областа Дељадровци
од спортско рекреативен карактер. Излетот започна со собир на одделенијата и
нивните класни раководители во дворот на училиштето во 08.30 часот. Во
еднодневниот излет учествуваа 380 ученика и 25 настаника. Откако се направи
контрола на пристуните ученици, сите заедно се упатија кон автобусите кои беа
сместени близу училиштето. Во 09.00 часот сите автобуси се упатија кон областа
во која што беше предвидено да се извши еднодневниот излет. Во 09.30 сите
автобуси пристигнаа во областа Дељадровци и започна реализирањето на
еднодневниот излет. Местото во кое што се изврши еднодневниот излет се карактеризира
со голема пространа пољана и два верски објекти во непосредна близина.
Еднодневниот излет завшри во 13.00 часот кога учениците
почнаа ги пакуваат своите работи и да го собираат отпадот кој што го направиле
во текот на денот. Во 13.30 сите автобуси се упатија кон училиштето, а со тоа
завшри и еднодневниот излет. Во 14.00 автобусите пристигнаа во училиштетот.
Еднодневниот излет се одвиваше по план, а во текот на денот не беа регистрирани
никакви недоразбирање или инциденти. Излетот се одвиваше во најдобар ред и
дисциплина.
Раководител
на екскурзијата : Томислав Гиевски
Семинар: „Пристап до генерација Z и генерација ALPHA“
Дефектологот на училиштето - Адријана Кукоска учествуваше на едукативен
семинар „Пристап до генерација Z и генерација ALPHA“ кој се одржа на 14.10.2017 година со почеток во 10 часот во просториите
на Филозофски факултет – Скопје. Семинарот беше организиран од страна на
Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје во соработка со
Здружението за умствен развој на деца Brain Genius од Куманово.
На овој едукативен семинар беа претставени применливи алатки кои можат да
се применуваат во секојдневната пракса.
Свои предавања на семинарот имаа истакнати имиња од повеќе области и тоа:
-Д-р. Виолета Несторов, доктор по
дефектолошки науки–Белград, Р.Србија
• Тема: Непрепознаена дислексија и дисграфија како можни причини за слаб успех во училиште.
-Д-р. Стеван Несторов доктор по дефектолошки науки – Белград, Р.Србија
• Тема: Поддршка на децата со аутизам во образовниот систем - искуства од Шведска и Финска.
-Проф. Д-р. Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
• Тема: Како да ја зголемите мотивацијата за учење кај учениците .
-Наде Молеровиќ, мотивациски говорник и професор по историја, директор на ООУ „Гоце Делчев“- Скопје
• Тема: Образованието е моќ да се вреднува животот.
-Проф. Д-р. Виолета Арнаудова – Институт за психологија при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
• Тема: Како да ја зголемите креативноста кај учениците.
На крајот на семинарот беа доделени Сертификати за учество на сите присутни учесници.

Дефектолог: Адријана Кукоска