Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Одбележување на Денот на Општина Кисела Вода „6 Мај –Ѓурѓовден“
На 06.05.2016г. учениците од двете партнер училишта: ООУ„Рајко Жинзифов“-н.Драчево и ЦОУ„Алија
Авдовиќ“-с.Батинци, со цел за запознавање и непосредно учење едни за други,
градење групна кохезија и кооперативност, почитување на различностите и
меѓусебната соработка и кохезија, зедоа учество во одбележувањето на патрониот
ден на општина Кисела Вода „6 Мај – Гурговден“.
За таа цел преку неколку заеднички средби 12 ученички (по 6 од двете
училишта) заедно со нивните наставници заеднички приготвија кореографија на
одбрана композиција. Преку содржината на песната и чекорите од кореографијата
децата пренесоа порака дека секое дете сака да живее во чиста и здрава средина.
Учениците
изработија и заеднички пано на двата наставни јазика со што ѝ го честиттаа празникот на општината. Сите ученички на
главите носеа венец со цветови како симбол за празникот „Ѓурѓовден“ и имаа исти
маички во неколку бои.
За цело време на активностите напоредно се користеа двата наставни јазика,
а најавата на точката на приредбата исто така беше искажана на двата јазика.
Ученичките искажаа големо задоволство за ваквата активност и посакаа
повторно да се реализира слична активност со учениците од двете училишта.