Во рамките на годишната програма за работа на училиштето: ООУ „Рајко Жинзифов“- н.
Драчево, беше планирана активност за одбележување на
ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ.
За таа цел, на ден: 24. 09. 2015 г. (четврток)
со почеток во 12.30 часот, во холот на училиштето, беше реализирана пригодна
програма. Во истата, учествуваа учениците од I до IX одделение
од централното и подрачното училиште во Пинтија.
Носители на програмата беа наставниците по англиски
јазик: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Маја Димеска, Александра
Колевска и наставниците по француски јазик: Наталија Делева и Анета Ѓуровска
Арсовска, во соработка со наставникот по музичко образование Даме Коларовски.
Свое обраќање до присутните имаше и директорот на
училиштето Елизабета Славковска.
На приредбата и претходеше неколкудневна подготовка.
Покрај наставниците од училиштето, помеѓу присутните беа
и наставници од другите општински училишта, родители, како и претставници на
Секторот за образование, при Општина Кисела Вода.
Дел од програмата беа изведба на рецитали, стихотворби
и драматизации на англиски и француски јазик, а дел интерпретација на англиски
песни и француски шансони со изведба во живо, поткрепени со кореографија.